Прејди на содржината

Патишта во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на патната мрежа на Македонија
Автопатот „Пријателство“ (А1).

Патишта во Македонија — патната сообраќајна мрежа на државни патишта во Македонија од национален, регионален и месен (локален) карактер. За патиштата е одговорно Јавното претпријатие за државни патишта, задолжено за управување, изградба, реконструкција, одржување и заштита на патиштата.[1]

Патниот сообраќај има најголем удел во вкупниот превоз на стока и патници во земјата, а внатрешниот сообраќај е позастапен од меѓународниот и транзитниот. Македонија има добро развиена и квалитетна патна мрежа во вкупна должина од 14.182 км. Тука влегуваат автопатишта, магистрални патишта, регионални и локални патишта. Главни оски на патната мрежа се паневропските коридори VIII (исток - запад) и X (север - југ).[1]

Регионалните патишта водат од поединечни места до главните коридори и магистралната мрежа и заедно со локалните патишта играат значајна улога во развојот на месните стопанства, вложувањата, малите претпријатија и земјоделството во Македонија.

Според податоците од 2019 г. сета државна патна мрежа има вкупна должина од 14.182 км, од кои 242 км се автопатишта, 911 км се магистрални патишта, 3.771 км се регионални, а 9.258 км се локални.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во повоениот период од 1945-1957 година, патиштата во Македонија се наоѓале во катастрофална состојба. Првите чекори во процесот на обновување на патиштата биле направени од новоформираните секции за патишта со седишта во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип, Битола и Охрид.

Координирањето на работата на секциите во тој период ја врши Републичката дирекција за патишта, која покрај другото се грижела и за проодноста и одржувањето на основната патна мрежа. Нивна примарна задача била обновата и реконструкцијата на дел од патиштата, а како резултат на тоа биле модернизирани повеќе од 200 км патишта.

Карактеристично за следниот период од 1958-1965 година, е тоа што работите заземаат сè посилен замав. Во 1966 година е донесена првата програма за изградба на патишта, а тоа значи дека веќе почнува да се работи плански и долгорочно. Главната заслуга за тоа ја имаат тогашното Министерство за сообраќај и Републичката дирекција за патишта. Во овој период е формирана и Дирекцијата за изградба на автопатот „Братство-единство“, кој поминува низ Македонија во должина од 162 км. Во април 1965 година е формиран Републичкиот фонд за патишта, а дотогаш во Македонија се изградени, реконструирани и модернизирани патишта во должина од 611 км.

Во 1966 година за првпат претпријатијата за патишта се интегрираат во едно претпријатие, наречено „Македонија пат“. Во истиот период е изработена и петгодишната програма за реконструкција на патната мрежа до 1970 година. Инвеститорските функции за реализирање на оваа програма до 1969 година биле под ингеренции на Македонија Пат, додека веќе во 1970 година, истите ги презема Републичкиот фонд за патишта. Според програмата со која се предвидувало да се реализираат 425,4 км до 1970 година биле изградени и реконструирани вкупно 372,4 км додека останатите 52 км биле реализирани во 1972 година.

Работата за обнова на патната мрежа не запира тука. Во периодот до 1975 година се работи интензивно, а доказ за тоа се новоизградените 11 патни правци во должина од 537 км. Во овој период, за извршување на финансиската програма е формиран Совет за изградба, одржување и реконструкција на патиштата, во чии рамки била организирана и функционирала стручна служба.

Примарна задача на Советот во периодот што следува е изградбата на автопатот „Братство-единство“. Овој значаен проект е реализиран до 1980 година благодарение на распишаниот заем за патишта, како и на учеството на жителите од целата Република. Покрај овој крупен зафат изградени се 431 км патишта и рекордни 1.537 км локални патишта.

Реализацијата на проектите предвидени во среднорочната програма за периодот од 1981 до 1986 година, ги презема новоформираниот Републички СИЗ за патишта. Во овој период СИЗ-от ја презема целокупната координација на работите околу изградбата, реконструкцијата и модернизацијата на патиштата. Во ова среднорочие изградени се преку 630 км. патишта до селата, а на критичните места се поставени нови пунктови за одржување на патиштата.

Изминатиот период, дел од патните правци се изградени преку странски заеми, додека за периодот до 1988 година карактеристично е тоа што изградбата на патиштата се реализира преку сопствени средства. За првпат како приходи се користат собраните средства од патарина од наплатната станица на автопатот Куманово - Велес. Истовремено е завршена и изградбата на наплатните станици Куманово, Сопот и Отовица.

Иако со застарена технологија и минимални средства, сепак успешно се направени првите чекори во инвестирањето и изградбата на патната мрежа во Македонија. Генерално развојот на патната мрежа во повоениот период е успешно реализирана благодарение на големата упорност на СИЗ-от за патишта.

Со донесувањето на Закон за јавни патишта од 1996 година, до 2008 година функционира Фондот за магистрални и регионални патишта на Република Македонија.

Со донесување на Законот за јавни патишта од 11 јули 2008 година се основа Агенција за државни патишта како правен следбеник на Фондот за магистрални и регионални патишта на Република Македонија.

Со измените на Законот за јавни патишта од 27 декември 2012 година, основано е Јавното претпријатие за државни патишта коешто ги презема правата и обврските, вработените, имотот, средствата и архивата на Агенција за државни патишта.

Регионален пат дел од Националниот парк „Маврово“

Категоризација

[уреди | уреди извор]

Категоризација до 1994 г.

[уреди | уреди извор]

Категоризација 1994-2011

[уреди | уреди извор]

Старата категоризација на патиштата ги вклучува магистралните и регионалните патишта.[2]

Ознака за магистрален пат била буквата „М“ и едноцифрен број од 1 до 7.

Ознака за регионален пат била буквата „Р“ и трицифрен број од кој првиот број мора да е од 1-7 т.е. регионалниот пат мора да произлегува од еден од 7 магистрални патишта.

Пример за регионален пат:

Категоризација од 2011 г.

[уреди | уреди извор]

Според одлуката на Владата на РМ од 2011 г.[3] патиштата во државава се делат на:

  1. А патишта - автопат / експресен пат / магистрален пат (ознака АХ, каде Х е број од 1 до 4)
  2. Р патишта - регионален пат
    1. Р1 патишта - регионален пат од прва категорија (формат: Р1Х01-Р1Х31, каде Х е број од 1 до 4 во зависност од кој А-пат произлегува регионалниот пат).
    2. Р2 патишта - регионален пат од втора категорија (формат: Р2Х31-Р2Х70, каде Х е број од 1 до 4 во зависност од кој А-пат произлегува регионалниот пат).
    3. Р29 патишта - регионален пат кој не ги задоволува критериумите за регионален пат, но поврзува места од културно-историска вредност (Р29Х71-Р29Х99, каде Х е број од 1 до 4 во зависност од кој А-пат произлегува регионалниот пат)
  3. Л патишта - локален пат, кој ги поврзува селата со општинските центри или регионалните патишта (формат ЛББ01-ЛББ99, каде ББ е реден број на општината).

Список на патишта во Македонија

[уреди | уреди извор]

Следи список на сите патишта во Македонија, групирани според нивните класи. Покрај нивната должина и број на делници (или излези кај автопатиштата), дадени се главните места низ кои минуваат патиштата, како и другите патишта со кои се поврзува секој од нив. За сите места низ кои минуваат поединечните патишта, погледајте ги соодветните статии каде се нудат подробни информации, бидејќи патиштата минуваат низ или крај повеќе места отколку што е наведено во главните одредници.

Автопатишта (класа А)

[уреди | уреди извор]
Автопатишта (класа А)
ОзнакаДолжина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
А1173 87  Србија ( ГП Табановце“) - Куманово - Миладиновци - Велес - Неготино - Демир Капија - Гевгелија -  Грција ( ГП Богородица“) и делница Градско - Прилеп (врска со )
А273 92  Бугарија ( ГП Деве Баир“) - Крива Паланка - Страцин - Романовце (Куманово) - Миладиновци - Скопска обиколница - Тетово - Гостивар - Кичево - Требеништа - Струга -  Албанија ( ГП Ќафасан“)
А3? 59 Крстосница Требеништа (врска со ) - крстосница Подмоље - Охрид - Косел - Ресен - Битола - Прилеп - Велес - Штип - Кочани - Делчево -  Бугарија ( ГП Рамна Нива“) и делница Битола (крстосница Кукуречани) -  Грција ( ГП Меџитлија“)
А4? 44  Косово ( ГП Блаце“) - крстосница Стенковец - Скопска обиколница - Петровец - Миладиновци - Свети Николе - Штип - Радовиш - Струмица -  Бугарија ( ГП Ново Село“)

Регионални (класа Р1)

[уреди | уреди извор]
Регионални патишта од класата Р1
ОзнакаДолжина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
Р110165,5 13 Прилеп (врска со , ) - Битола - Макази - Царев Двор (врска со )
Р110275,9 25 Скопје (врска со - Скопска обиколница) - Катланово - Велес - Неготино - Демир Капија - Гевгелија - (врска со )
Р110351,9 7 Лакавица (врска со ) - Неготино (врска со ) - Кавадарци - Дреново (врска со )
Р110435,7 5 Скопје (врска со - Скопска обиколница) - Арачиново - Куманово (врска со ) -  Србија ( ГП Сопот“)
Р110550,7 9 Врска со - Миравци - Давидово - Удово (врска со ) - Валандово - Раброво - Нов Дојран -  Грција ( ГП Сретеново“) и делница Стар Дојран -  Грција ( ГП Николиќ“)
Р1106106,7 8 Врска со - Драчево - Варвара - Нова Брезница - Кула - Коломот - Мост кај Близанско - Калуѓерец - Суводол (врска со )
Р1107127,6 10 Градско (врска со ) - Росоман - Кавадарци - Мушов Гроб - Витолиште - Ново Лагово (врска со )
Р110843,8 1 Гевгелија (врска со ) - Моин - Конско - Смрдлива Вода - СЦ „Кожуф“
Р110918,5 2 Гевгелија (врска со ) - Богданци - Фурка (врска со )
Р120152,4 7 Струга (врска со ) - Дебар (врска со ) и делница Џепиште -  Албанија ( ГП Џепиште“)
Р120261,7 10 Врска со - Маврови Анови - Дебар -  Албанија ( ГП Блато“) и делница за Бигорскиот манастир
Р120327,7 4 Тетово (врска со ) - Вратница -  Косово ( ГП Јажинце“)
Р120499,1 11 Куманово (врска со ) - Свети Николе - ЖС „Овче Поле“ (врска со ) - Кадрифаково - Штип - Софилари (врска со )
Р120554,4 7 Врска со - Кратово - Пробиштип - Крупиште (врска со )
Р120661,5 11 Клучка Матка (врска со ) - Групчин - Тетово - Боговиње - Врапчиште - Гостивар (врска со )
Р120719,3 3 Младо Нагоричане (врска со ) -  Србија ( ГП Пелинце“)
Р120824,0 1 Охрид (врска со ) - Подмоље (врска со ) - Струга - Радожда
Р120918,3 2 Тетово (врска со ) - Попова Шапка
Р121019,6 2 Врска со - Тораница - Македонска Каменица (врска со )
Р130132,7 4 Охрид (врска со ) - Свети Наум -  Албанија ( ГП Свети Наум“)
Р130284,0 6 Делчево (врска со ) - Пехчево - Берово - Дабиље (врска со )
Р130366,0 9 Прилеп (врска со ) - Македонски Брод - Кичево (врска со )
Р130443,6 6 Превалец (врска со ) - Виница - Митрашинци - Смојмирово (врска со )
Р130567,7 7 Кукуречани (врска со ) - Демир Хисар - Другово (врска со )
Р130651,1 4 Прилеп (врска со ) - Кривогаштани - Крушево - Сладуево (врска со )
Р130734,6 5 Ресен (врска со ) - Царев Двор - Отешево -  Албанија ( ГП Стење“) и делница Стење - Коњско
Р130825,9 6 Макази (врска со ) Претор -  Грција ( ГП Маркова Нога“)
Р130942,8 5 Зрновци (спој со ) - Кочани (врска со ) - Пониква - Злетово - Лесново - Пробиштип (врска со )
Р131066,3 3 Радовиш (врска со ) - Подареш - Владимирово - Берово (врска со ) -  Бугарија ( ГП Клепало“)
Р131150,1 5 Битола (врска со ) - Новаци - Маково - Чаниште - Расимбегов мост (врска со ) и делница Рапеш - Старавина (врска со )
Р131271,2 5 Врска со (Каратманово) - Велес - Извор - Прилеп (врска со )
Р140125,7 5 Струмица (врска со ) - Раброво - Валандово - Балинци - Марвинци (врска со )
Р140232,3 2 Куклиш (врска со ) - Банско - Ново Коњарево (врска со )
Р140327,4 1 Врска со - Радовиш - Владиевци - Василево - Струмица (врска со )

Регионални (класа Р2)

[уреди | уреди извор]
Регионални патишта од класата Р2
ОзнакаДолжина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
Р213114,9 3 Драчево (врска со ) - Орешани - Таор - Катланово (врска со )
Р213221,4 1 Мост кај Близанско (врска со ) - Растеш - Калуѓерец (врска со )
Р213320,9 2 Куманово (врска со ) - Липково - Матејче - Никуштак - врска со
Р213417,3 1 Драчево (врска со ) - Кисела Вода (Усје) - Сопиште - Говрлево (врска со )
Р213527,3 2 Горно Коњари (врска со ) - Малино - Преод - Горобинци - Свети Николе (врска со )
Р213612,0 2 ’Ржаничино (врска со ) - Средно Коњари - Горно Коњари - Винце - Пчиња - Орашац (врска со )
Р213718,5 1 Врска со - Војшанци - Корешница - Демир Капија (врска со )
Р213810,3 1 Врска - Сончев Град - Водно - Горно Нерези
Р223136,2 2 Гостивар (врска со ) - Србиново - Туин - Осломеј - врска со
Р223225,6 1 Бучиште (врска со ) - Злетово - ХЕЦ „Злетовица“ (Кнежевско Ез.)
Р223329,4 2 Гостивар (врска со ) - Чегране - клучка Тетово - запад (врска со Брвеница)
Р223433,1 3 Клучка Сарај (врска со ) - Радуша - Јегуновце - Теарце (врска со )
Р223524,7 2 Маврови Анови (врска со ) - Маврово - Леуново - Бунец (врска со )
Р223628,6 1 Свети Николе (врска со ) - Мечкуевци - Пуздерци - Неокази (врска со )
Р22378,0 1 Куманово (врска со ) - Младо Нагоричане (врска со )
Р223816,3 2 Маврово (врска со ) - Галичник - Селце - Тресонче - Лазарополе - врска со )
Р223941,2 2 Стенковец (врска со /) - Бродец - Танушевци (гр. со  Косово)
Р224015,5 2 Врска со - Вевчани - Октиси - врска со
Р224113,4 2 Врска со (Глобочица) - Јабланица - граница со  Албанија ( ГП Лакаица“)
Р224213,3 2 Желино (врска со ) - Јегуновце (врска со )
Р224346,0 4 Струга (врска со ) - Дрслајца - Долно Татеши - Мислодежда - Локов - Буринец - врска со
Р224416,7 1 Врска со - Жегљане - Рамно - гр. со  Србија
Р224529,2 1 Крива Паланка (врска со ) - Осиче - Огут - гр. со  Србија
Р224634,7 5 Бошков Мост (врска со ) - Извор (врска со ) и делница за Гари
Р224723,7 2 Павлешенци (врска со ) - Татомир - Секулица - врска со
Р224820,8 1 Ранковце (врска со ) - Герман - Нерав
Р224921,1 1 Мелнички мост (врска со ) - Папрадник - Брештани - Селци (врска со )
Р225016,2 1 Крива Паланка (врска со ) - Добровница - Голема Црцорија - Луке - граница со  Србија
Р233117,9 2 Битола (врска со ) - Нижеполе - Пелистер - Брајчино - Љубојно (врска со )
Р233227,7 1 Врска со (Царина) - Трпејца (врска со и )
Р233315,3 2 Битола (врска со ) - Бистрица - Драгош
Р233463,9 5 Штип (врска со ) - Карбинци - Аргулица - Теранци - Зрновци - Виница (врска со ) - Јакимово - Калиманци - врска со
Р233546,1 4 Вашарејца (врска со ) - Бучин - Обршани - Кривогаштани - Ропотово (врска со )
Р233652,3 5 Стари Град (врска со ) - Богомила - Ропотово (врска со )
Р233735,1 1 Крушево (врска со ) - Пуста Река - Прострање (врска со )
Р233850,6 4 Меџитлија (врска со ) - Гермијан - Старавина - Градешница - Бешиште - врска со
Р233926,4 2 Ново Лагово (врска со ) - Галичани - Обршани - Бучин - Граиште - врска со
Р234031,0 4 Врска со - Добрушево - Новаци - Бач - врска со
Р23413,4 1 Делчево (врска со ) - Габрово - гр. со  Бугарија
Р234213,0 1 Тркање (врска со ) - Соколарци - Пишица (врска со )
Р234310,7 1 Делчево (врска со ) - Голак
Р234423,7 1 Врска со - Чашка - Лисиче - Дреново
Р234518,5 2Врска со - Бигла - Трсино - врска со
Р234618,5 2 Тработивиште (врска со ) - Разловци - Митрашинци (врска со )
Р234721,0 4 Кажани (врска со ) - Лера - Стрежево - Црновец - Лопатица (врска со )
Р243142,4 4 Радовиш (врска со ) - Плачковица - Аргулица (врска со )
Р243215,6 3 Струмица (врска со ) - Вељуса - Василево (врска со )
Р243360,8 5 Радовиш (врска со ) - Конче - Загорци - Лесковица (врска со ) - Селце - Софилари (врска со )
Р243429,9 3 Врска со - Рич - врска со

Регионални (класа Р29)

[уреди | уреди извор]
Регионални патишта од класата Р29
ОзнакаДолжина
(км)
Бр. на
делници
Опис / одредишта
Р2917140,3 6 Демир Капија (врска со ) - Крњево - Конопиште - Мушов Гроб (спој со )
Р2917213,2 1 Беловодица (врска со ) - Дуње (врска со )
Р2917320,1 1 Неготино (врска со ) - Долни Дисан - Бесвица (врска со )
Р2917416,2 1 Крњево (спој со ) - Радња - СЦ „Кожуф“ (спој со )
Р2917511,6 1 Могила (врска со ) - Будаково - врска со
Р291762,0 1 Катланово (врска со ) - Катлановска Бања
Р291774,9 1 Миравци (врска со ) - Милетково (врска со )
Р2917820,3 1 Давидово (врска со ) - Демир Капија (врска со )
Р2927130,7 1 Мождивњак (врска со ) - Каврак - Мушково - Кратово (врска со )
Р2927216,2 1 Опае (врска со ) - Слупчане - Белановце - Злокуќане - гр. со  Косово
Р2927325,0 2 Ботун (врска со ) - Белчишта - Брежани - Железнец - врска со
Р292745,6 1 Шемшево (врска со ) - Жилче - Лешок (врска со )
Р2927514,2 1 Врска со - Шипковица - гр. со  Косово
Р2927726,0 1 Врска со - Клечевце - Бељаковце - Шопско Рударе - Секулица (врска со )
Р292784,0 1 Врска со - Неготино (Полошко)
Р292794,4 1 Здуње (врска со ) - Вруток
Р292804,0 1 Врска со - Могорче
Р292815,7 1 Врска со - Опила - врска со
Р2937115,0 1 Врска со - Кривени - Слоештица - врска со
Р293728,5 1 Врска со - Ротино - Детско одморалиште - Бегова Чешма (Пелистер)
Р293747,9 1 Варош (врска со ) - Манастир „Св Богородица“ (Трескавец)
Р293757,3 1 Костинци (врска со ) - Манастир „Св Преображение“ (Зрзе)
Р293767,2 1 Врска со - Манастир „Св. Ѓорѓија“ (Курбиново) - Манастир „Св. Богородица“ - врска со
Р2947111,2 1 Подареш (врска со ) - Јаргулица - Покрајчево - Злеово - Радичево (врска со )

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]