Прејди на содржината

Регионален пат 1304

Од Википедија — слободната енциклопедија

Регионален пат 1304 shield

Регионален пат 1304
Карта
Протегање на регионалниот пат
Информации за правецот
Должина:43,5 км
Поважни клучки
Од:Превалец кај Кочани
До:Смојмирово
Местоположба
Општини:Виница, Берово
Патна мрежа
Патишта во Македонија

Регионален пат 1304 (ознака: Р1304) — регионален пат во Македонија, со насока на движење север-југоисток. Има вкупна должина од 43,5 километри и 6 делници. Патот започнува во близина на градот Кочани и се движи преку Виница до селото Смојмирово, поминувајќи преку превојот Обозна.[1]

Регионалниот пат 1304 според Јавното претпријатие за државни патишта има вкупно 6 различни делници.

Протегање на регионалниот пат
Делница Почеток Крај Потег (км)
врска со 0,0
1360 Превалец (Кочанско) Виница (Градец) 0,0 - 3,8
1361 Виница (Градец) Виница (Блатец) 3,8 - 9,5
1362 Виница (Блатец) Мост на Пекљанска Река 9,5 - 12,0
1363 Мост на Пекљанска Река Митрашинци 12,0 - 32,2
1364 Митрашинци Смојмирово 32,2 - 43,4
0784 Клучка Смојмирово 43,4 - 43,5
врска со 43,5

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „ПАТНА МРЕЖА | Јавно претпријатие за државни патишта“. www.roads.org.mk. Посетено на 2021-01-10.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]