Ќоселија
Ќоселија — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[1]
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во источниот дел на општината, североисточно од градот Радовиш. Лежи на јужните падини на планината Плачковица над селото Сариѓол, на надморска височина од 780 м. Атарот е мал, со површина од 3 км2.[2] Во селото извира поток кој тече на југ, и пред с. Ораовица се слева со друг поток, образувајќи ја реката Ступница.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век Ќоселија било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ќосели имало 100 жители, сите Турци.[3]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Ќуселии живееле 156 Турци.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во периодот пред Втората светска војна, населението на Ќоселија доживеало пораст и продолжило со умерен раст по војната. Ова се променило во 1950-тите кога целото село е испразнето, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Дурутлија немала ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | — | 213 | 236 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 306. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|