Ново Село (Радовишко)
Ново Село | |
Координати 41°43′29″N 22°34′33″E / 41.72472° N; 22.57583° EКоординати: 41°43′29″N 22°34′33″E / 41.72472° N; 22.57583° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 0 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22030 |
Надм. вис. | 1060 м |
![]() |
Ново Село (порано и Витибор) — село во Општина Радовиш. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено на планината Плачковица, северно од градот Радовиш. Лежи на надморска височина од 1.060 м, а атарот му зафаќа 24,3 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Ново Село било мало македонско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ново Село (Вити Бор) имало 80 жители, сите Македонци христијани.[3][4]
На почетокот на XX век мнозинството од жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Витибор (Vitibor) имало 88 Македонци под егзархијата.[5]
Демографија[уреди | уреди извор]
Ново Село значајно нараснало во првите децении на XX век и продолжило да расте и по Втората светска војна. Меѓутоа, во 1950-тите дошло до стрмен пад на населението, кој продолжил и во следната деценија, за да се сведе на 7 жители во 1971 г. а потоа и сосема да се испразни. Според пописот од 2002 година, Ново Село немало ниеден жител.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 80 | 88 | 243 | 284 | 71 | 7 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 214. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|