Коџалија
Коџалија | |
Поглед на селото | |
Координати 41°41′21″N 22°25′13″E / 41.68917° СГШ; 22.42028° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Област | Јуруклак |
Население | 569 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22026 |
Надм. вис. | 870 м |
Коџалија на општинската карта Атарот на Коџалија во рамките на општината | |
Коџалија на Ризницата |
Коџалија (поретко: Коџали) — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 478 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак.[4] Со оглед на тоа што селото е сместено на југозападната падина на Плачковица, селото е планинско, сместено на надморска височина од 870 метри.[4] Од градот Радовиш е оддалечено 9 километри кон север.
До селото води асфалтен пат.
Историја
[уреди | уреди извор]Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 16,8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.248 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 286 хектари, а на пасиштата 130 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.[4]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коџали живееле 250 жители, сите Турци.[6]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Коџалија живееле 264 Турци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Турци.[8]
Коџалија е средно село по големина, населено со турско население (Јуруци). Така, селото во 1961 година броело 361 жител, а во 1994 година 398 жители.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Коџалија живееле 478 жители, сите Турци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 569 жители, од кои 557 Турци и 12 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 250 | 264 | 583 | 615 | 361 | 351 | 486 | 421 | 398 | 478 | 569 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Дел од жителите на селото се имаат иселувано во Турција.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Радовиш
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Коџалија било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Коџалија, се наоѓале градот Радовиш и селата Али Коч, Козбунар, Коџалија, Прналија, Раклиш, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1602 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 375 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 413 гласачи.[16]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[5]
- Баждалан - Марашарди — некропола-могили од римското време; и
- Кирсалам — сакрална градба од средниот век.
- Џамии[17]
- Џамија Хафиз Салих — главна селска џамија.
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во селото бил снимен документарниот филм „Тутунарче“ на македонската режисерка Билјана Гарванлиева, чија приказна била околу 14-годишно девојче од селото.[18]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Куќи во селото
-
Селската џамија
-
Панорамски поглед
-
Спортско игралиште
-
Панорамски поглед
-
Селска чешма
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јануари 2022.
- ↑ Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Посетено на 16 јануари 2022.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 10. Посетено на 11 јануари 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 324. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 234.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 18 јануари 2022.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Welle (www.dw.com), Deutsche. „Македонско тутунарче на германска телевизија | DW | 22.11.2009“. DW.COM. Посетено на 2022-01-18.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|