Али Лобаси
Али Лобаси — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено на јужната падина на Плачковица, на надморска височина од 930 м. Се наоѓа северно од градот Радовиш, а атарот зафаќа површина од 4,8 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Али Лобаси било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Алил Оба имало 50 жители, сите Турци.[3]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Адил Обаси живееле 105 Турци.[4]
Демографија[уреди | уреди извор]
Во периодот меѓу двете светски војни населението на Али Лобаси забележило приметен раст, кој продолжил и во следните години. Така, во 1953 г. во селото е попишано 181 лице. Во текот на 1950-тите населението драстично се намалило, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија, спаѓајќи на 51 лице во 1961 г. Во текот на таа, и наредната деценија бројот на жители многу значајно опаднал, за во 1981 г. да се сведе на 9 лица, од кои само двајца биле Турци, а останатите 7 биле доселени Македонци.[5] Во 1980-тите селото целосно е напуштено. Според пописот од 2002 година, Али Лобаси немало ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 50 | — | 178 | 181 | 51 | 13 | 9 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 118. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ Али Лобаси — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|