Погулево

Координати: 41°36′22″N 22°22′33″E / 41.60611° СГШ; 22.37583° ИГД / 41.60611; 22.37583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Погулево

Поглед на селото

Погулево во рамките на Македонија
Погулево
Местоположба на Погулево во Македонија
Погулево на карта

Карта

Координати 41°36′22″N 22°22′33″E / 41.60611° СГШ; 22.37583° ИГД / 41.60611; 22.37583
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22034
Надм. вис. 560 м
Погулево на општинската карта

Атарот на Погулево во рамките на општината
Погулево на Ризницата

Погулево — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 15 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Разрушена куќа во селото

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во малото Дамјанско Поле.[4] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 560 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 10 километри.[4]

Селото се наоѓа на падините на планината Смрдеш, а до него води земјен пат од селото Дамјан.

Историја[уреди | уреди извор]

Според археолошкото наоѓалиште во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 6,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 302 хектари, на пасиштата отпаѓаат 236 хектари, а на шумите само 97 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделска функција.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948151—    
1953157+4.0%
1961149−5.1%
1971105−29.5%
198151−51.4%
ГодинаНас.±%
199127−47.1%
199418−33.3%
200215−16.7%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Погулево живееле 75 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Погулево имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Погулево е мало село, населено со македонско население, но е доведено во фаза на раселување. Во 1961 година селото имало 149, а во 1994 година само 18 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Погулево живееле 15 жители, сите Македонци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 75 72 151 157 149 105 51 27 18 15 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Погулево е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[13]

  • Доселеници: Алексовци со Ѓоргевци и Трајковци (2 к.), доселени се од селото Дамјан; Мицевци и Спасовци (1 к.), доселени се однекаде; Рашлијевци со Дончини (4 к.), доселени се од селото Конче; Ристевци и Јовановци (6 к.), доселени се на почетокот од XIX век од Кочанско; Бараковци со Илијевци и Коцевци (2 к.), доселени се набрзо после претходниот род од некое село во Овче Поле.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Вознесение Христово“

Во XIX век, Погулево било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Погулево, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1597 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Дамјан.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 178 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 168 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[5]
Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 19 јануари 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 237. Посетено на 19 јануари 2022.
  5. 5,0 5,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 329. ISBN 9989-649-28-6.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 235.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 138-139.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  15. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Локални избори 2021“. Посетено на 13 јануари 2022.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]