Караџалар
Караџалар — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[1]
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено на јужните падини на Плачковица, северно од Радовиш, меѓу Штурово на југозапад и Чешме Маале на север. Атарот е мошне мал, со површина од 2,5 км2.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Подрачјето на Караџалар е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Асарлак на 3-4 км северно од селото.[3]
Во XIX век Караџалар било турско село во Радовишка каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Караџалиите имало 100 жители, сите Турци.[4]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Караџали живееле 37 Турци.[5]
Демографија[уреди | уреди извор]
Населението на Караџалар стрмоглаво опаднало во текот на 1950-тите поради иселувањето на Турците од Македонија. Од 118 жители во 1953 г. се свело на само 16 во 1961 г. Во текот на 1960-тите селото е целосно напуштено. Според пописот од 2002 година, Караџалар немал ниеден жител.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[6] | 1905[7] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | — | 103 | 118 | 14 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Асарлак — населба од средниот век
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (изд. I.). Скопје: Патрија. стр. 147. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 328. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|