Држани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Држани
Држани во рамките на Македонија
Држани
Местоположба на Држани во Македонија
Држани на интерактивна карта

Координати 41°40′29″N 22°30′48″E / 41.67472° СГШ; 22.51333° ИГД / 41.67472; 22.51333Координати: 41°40′29″N 22°30′48″E / 41.67472° СГШ; 22.51333° ИГД / 41.67472; 22.51333
Регион Југоисточен
Општина Радовиш
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22014
Надм. вис. 700 м
Држани на општинската карта
Држани во Општина Радовиш.svg

Атарот на Држани во рамките на општината
Commons-logo.svg Држани на Ризницата


Држани (понекогаш Држанци) — село во Општина Радовиш. Денес селото е целосно раселено.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа североисточно од Радовиш. Сместено е на јужната падина на планината Плачковица, на надморска височина од 700 м.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век Држани било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дражејца (Дражанци) имала 100 жители, сите Турци.[4]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Држанци живееле 194 Турци.[5]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948248—    
1953284+14.5%
196121−92.6%
197111−47.6%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Населението на селото драстично опаднало во 1950-тите години поради иселувањето на Турците. Така, од 284 жители во 1953 г. се свело на само 21 жител на пописот од 1961 г.[6] Во текот на следната деценија бројот на жители се располовил, за селото да биде наполно испразнето во текот на 1970-тите. Според пописот од 2002 година, Држани немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 100 248 284 21 11 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 115. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  6. Држани — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]