Бучим

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бучим

Поглед на селото

Бучим во рамките на Македонија
Бучим
Местоположба на Бучим во Македонија
Бучим на карта

Карта

Координати 41°36′47″N 22°21′40″E / 41.61306° СГШ; 22.36111° ИГД / 41.61306; 22.36111Координати: 41°36′47″N 22°21′40″E / 41.61306° СГШ; 22.36111° ИГД / 41.61306; 22.36111
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Област Јуруклак
Население 400 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22003
Надм. вис. 670 м
Бучим на општинската карта

Атарот на Бучим во рамките на општината
Бучим на Ризницата

Бучим — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 320 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Бучим во XVI век (1573 г.). Се претпоставува дека доаѓа „бучин“ што означува долг рид или пак од бука (придавско образување бучје).[4]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на крајната западна страна на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак, а во истоименото рударско подрачје за експлоатација на бакар.[5] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 670 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 15 километри.[5]

До селото води асфалтен пат.

Клима[уреди | уреди извор]

Овој регион се одликува со високи температури, како одлика на изменетосредоземна клима. Според податоците од мрежата на метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, просечната годишна температура во подрачјето изнесува 12,8°С.

Историја[уреди | уреди извор]

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот на селото зафаќа простор од 18,3 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 1.147,6 хектари, на шумите отпаѓаат 363,3 хектари, а на обработливото земјиште 231,3 хектари.[5]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција. Во селото работи продавница.[5]

Рудник „Бучим“[уреди | уреди извор]

Истоимениот рудник за бакар се наоѓа во непосредна околина на селото Бучим, на јужниот обод на планината Плачковица. Територијално и административно, рудникот припаѓа на општина Радовиш и се наоѓа на 12 километри од градот Радовиш. Рудникот Бучим се наоѓа во централно–источна Македонија, на средна надморска височина од 620 метри.

За самиот рудник а и за околината околу рудникот се направени многубројни истражувања. Едно од тие истражувања е направено за влијанието на рудникот врз почвите во неговата околина, при што одредена е погуста мрежа на мерни места. Земени се примероци од површински почви од 25 лежишта во пошироката околина на рудникот и флотацијата за бакар „Бучим“. Целта на ова истражување е анализите на тешки метали во примероци од почви, односно следење на влијанието на работата на рудникот Бучим врз почвите во околината. Анализата е извршена на 20 елементи (Ag, Al, As, Ba, Ca, Cd, Co, Cr, Cu, Fe, K, Li, Mg, Mn, Na, Ni,Pb, Se, Sr и Zn), при што определувањето на овие елементи е извршено со примена на атомската впивна и оддавна спектрометрија.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948318—    
1953354+11.3%
1961192−45.8%
1971198+3.1%
1981265+33.8%
ГодинаНас.±%
1991345+30.2%
1994337−2.3%
2002320−5.0%
2021400+25.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бучим живееле 200 жители, сите Турци.[7]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Бучим живееле 128 жители, сите Турци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Турци.[9]

Во селото живеат Турци, од групата Јуруци. Селото во 1961 година броело 192 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 337 жители, турско население.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Бучим живееле 320 жители, сите Турци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 400 жители, од кои 388 Турци и 12 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 318 354 192 198 265 345 337 320 400
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Бучим било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Бучим, се наоѓале и селата Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Ињево, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1598 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 300 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 317 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[6]
Џамии[18]
Езера

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во селото игра ФК „Бунарџик“, кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 јануари 2022.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 16 јануари 2022.
  4. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 85. ISBN 978-608-220-026-2.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 45. Посетено на 12 јануари 2022.
  6. 6,0 6,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 324. ISBN 9989-649-28-6.
  7. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 230.
  8. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  17. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 12 јануари 2022.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]