Калуѓерица
Калуѓерица | |
![]() Поглед кон селото | |
Општина | Општина Радовиш |
Население | 838 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 22024 |
Надм. вис. | 290 м |
Калуѓерица — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Радовишкото Поле, оддалечено 11 километри јужно од Радовиш и 21,5 километар северно од Струмица. Југоисточно од селото се протега планината Смрдеш.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото е дел од Радовишката каза на Отоманското Царство.
Економија[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Калуѓерица живееле 290 жители од кои 190 Турци и 100 Македонци.[1]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во Калуѓерица живееле 379 жители, од кои 316 Турци и 63 Македонци.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 838 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 722 |
Албанци | 0 |
Турци | 26 |
Роми | 88 |
Власи | 0 |
Срби | 1 |
Бошњаци | 0 |
Други | 1 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 684 |
1953 | 192 | — | 551 | 1 | — | 1 | ... | — | 745 |
1961 | 456 | — | 110 | ... | ... | 4 | ... | 2 | 572 |
1971 | 590 | — | 109 | — | ... | 8 | ... | 1 | 708 |
1981 | 707 | — | 100 | — | — | 5 | ... | 11 | 823 |
1991 | 825 | — | 136 | 1 | — | 6 | — | 1 | 969 |
1994 | 697 | — | 113 | — | — | 1 | — | 1 | 812 |
2002 | 722 | — | 26 | 88 | — | 1 | — | 1 | 838 |
Родови[уреди | уреди извор]
Според истражувањата од 1928 година, родови во селото.
Македонски
- Староседелци: Скочкини со Митевци (7 к.), Велковци (4 к.), Мијовци со Митевци и Спасовци (4 к.) и Беличовци (3 к.)
Турски
- Доселеници: Неџбијовци (3 к.), Кадријовци (3 к.), Меминагинци (3 к.), Неџипагинци (4 к.), Алиловци (6 к.), Арифовци (3 к.), Рустемовци (3 к.), Шемшединовци (2 к.), Ахмедовци (2 к.), Ибрахимовци (2 к.), Дестановци (3 к.), Османовци (5 к.) и Салитовци (3 к.). Доселени се кон крајот на XVII век.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 1592 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 794 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Во село Калуѓерица активно работи и функционира Фудбалскиот клуб „ФК Извор„ кој се натпреварува во „Општинска фудбалска лига - Радовиш„.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 234.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Радовишка Област. Архивиски фонд на МАНУ к-9,AE 116/II I.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Калуѓерица“ на Ризницата ? |
|