Прејди на содржината

Црква „Св. Петка“ - Ињево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоРадовишко
ПарохијаИњевско-конечка
Местоположба

Карта

Координати41°37′04″N 22°26′20.2″E / 41.61778°N 22.438944°E / 41.61778; 22.438944
МестоИњево
ОпштинаРадовиш
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвета Петка
Изградба17 ноември 1994
Завршено1995
Осветување22 октомври 1995
Архитектонски опис
Архит. типкрстокуполен храм

Света Петка — манастирска црква на Ињевскиот манастир „Св. Петка“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 17 ноември 1994 година од страна на Митрополитот Брегалнички г. Стефан, а била доврешна во текот на следната година и осветена на 22 октомври 1995 година.[1]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола и полукружна апсида на источната страна. Куполата е изработена од црвени тули и не е малтерисана освен на рабовите на осумте страни кои се во бела боја. Во средината на секоја страна на куполата има по една монофора. Главниот влез се наоѓа на западната страна кон којашто е доградена припрата, а над влезната врата има ниша со мозаик на којшто е претставена Света Петка. Црквата има и спореден влез на северната страна. Објектот е изграден од тули и во целост е покриен со кров од ќерамиди. Иконите во црквата биле изработени од страна на зографот Стефан од Охрид.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]