Прејди на содржината

Премиер на Јапонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Премиер на Јапонија
Службен амблем на премиерот
Функционер
Санае Такаичи

од 21 октомври 2025 г.
ЗвањеНејзината Екселенција
СедиштеКантеј
НазначувачЦарот
МандатНајвеќе 4 години (без ограничување на бројот на последователни мандати)
Прв функционерИто Хиробуми
Создадена22 декември 1885
Мреж. местоwww.kantei.go.jp

Премиерот на Јапонија (јап. 内閣総理大臣, трскр. најкаку-сори-дајџин) е шеф на владата на Јапонија. На функцијата го изгласува Собранието на Јапонија, избирајќи од своите пратениците, а на функцијата го назначува царот. За да остане на функцијата треба да ја ужива довербата на Претставничкиот дом. Премиерот е шеф на кабинетот и ги назначува или разрешува министрите. Буквален превод на јапонскиот назив на функцијата е Министер за сеопфатна управа со кабинетот или Министер што претседава со кабинетот.

Функцијата е создадена во 1885, четири години пред донесувањето на уставот на Јапонското царство. Денешниот облик на функцијата се должи на уставот од 1947.

Назначување

[уреди | уреди извор]

Премиерот го избираат двата дома на Собранието со гласање од два круга. Доколку домовите изберат различни лица, тогаш се формира заедничка комисија што има за задача да постигне согласност за едно лице. Доколку не се договорат во рок од десет дена, тогаш функцијата му припаѓа на лицето што го предложил Претставничкиот дом. Затоа, во теорија, Претставничкиот дом може да избере кого сака.[1] Потоа кандидатот формално стапува на функција со негово назначување од страна на царот.[2]

Лицето мора да ја отстапи функцијата доколку Претставничкиот дом му изгласа недоверба или ја надгласа довербата, под услов домот да не се растури во следните десет дена.[3]

Должности

[уреди | уреди извор]

Уставни улоги

[уреди | уреди извор]
  • Врши „контрола и надзор“ врз сета извршна власт.[4]
  • Поднесува нацрт-закони во Собранието во име на кабинетот.[5]
  • Потпишува закони и налози на кабинетот (заедно со други членови на кабинетот).[6]
  • Ги назначува сите министри на кабинетот, со можност да ги разреши во секое време.[7]
  • Може да одобри правна постапка против членови на кабинетот.[8]
  • Мора да пишува отчети за и домашните и надворешните односи и да му ги доставува на Собранието.[5]
  • Мора да дава отчет на барање на Собранието, одговарајќи на прашања или давајќи образложенија.[9]

Статутарни улоги

[уреди | уреди извор]

Обележја

[уреди | уреди извор]

Список на премиери од 1982 до 2012

[уреди | уреди извор]
ИмеМандат
Тошики Кајфу 1989–1991
Киичи Мијазава 1991–1993
Морихиро Хосокава 1993–1994
Цутому Хата 1994
Томиичи Мурајама 1994–1996
Рјутаро Хашимото 1996–1998
Кејзо Обучи 1998–2000
Јоширо Мори 2000–2001
Џуничиро Коизуми 2001–2006
Шинзо Абе 2006–2007
Јасуо Фукуда 2007–2008
Таро Асо 2008–2009
Јукио Хатојама 2009–2010
Наото Кан 2010–2011
Јошихико Нода 2011–2012
Шинзо Абе 2012–2020
Јошихиде Суга 2020–2021
Фумио Кишида 2021-2024
Шигеру Ишиба 2024-2025
Санае Такаичи 2025-

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Член 67 од Уставот на Јапонија
  2. Член 6 од Уставот на Јапонија
  3. Член 69 од Уставот на Јапонија
  4. Член 5 од Уставот на Јапонија
  5. 1 2 Член 72 од Уставот на Јапонија
  6. Член 74 од Уставот на Јапонија
  7. Член 68 од Уставот на Јапонија
  8. Член 75 од Уставот на Јапонија
  9. Член 63 од Уставот на Јапонија
  10. Закон за кабинетот, чл. 4
  11. Закон за Самоодбранбените сили од 1954
  12. Закон за судски спорови во управата, Член 27

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]