Хенри Форд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хенри Форд (1919)

Хенри Форд (30 јули 18637 април 1947) е основач на компанијата Форд Мотор и претставува татко на модерната лента за склопување која се користи за масовно производство. Неговиот Модел Т ги револуционирал транспортот и американската индустрија. Како единствениот сопственик на компанијата, тој станал еден од најбогатите и најпознатите луѓе на светот. Форд го измислил фордизмот, т.е. масовното производство на голем број на евтини автомобили со користење на лента за склопување и со високи плати за неговите работници (пет долари на ден во 1914 година).

И покрај тоа што Форд не бил многу образован, тој имал глобална визија и ја гледал потрошувачката како клучен фактор за мир. Тој бил еден од водечките пацифисти во Првата Светска војна, но ја пренаменил својата компанија да произведува воени материјали и во двете светски војни. Неговата силна волја да ги намали трошоците за производство на автомобили довело до низа експерименти и иновации; една од неговите идеи била да се создаде систем базиран на концесии (англиски: „franchise“) со кој се креирале продажни центри во сите градови во Северна Америка и во поголемите градови на шест континенти.

Неговиот главен конкурент, Џенерал Моторс сепак го престигнал Форд во 1920-тите бидејќи почнал да им нуди многу повеќи можности на потрошувачите. Потрошувачите имале избор кога станува збор за моќ, престиж и стил на автомобилот како и најразлични можности за кредит. Форд го оставил најголемиот дел од неговото богатство на Форд Фондацијата, но исто така направил неговото семејство да може перманентно да ја контролира компанијата.

Животот на Форд[уреди | уреди извор]

Хенри Форд е роден на фарма во Мишиген. Неговиот татко му дал џебен часовник кога Форд бил тинајџер. Форд го демонтирал и го склопувал повторно многу пати. Со тоа тој добил репутација како поправач на часовници. Во 1879, Форд го напуштил својот дом и се вработил како механичар во Детроит. Додека работил тој студирал на Голдсмит, Брајант и Стратон Бизнис Универзитетот во Детроит.

Форд се оженил со Клара Џен Брајант на Април 11, 1888 (на 25 годишна возраст) и се подржувал финансиски работејќи на фармата и работејќи во воденица. Тие имале едно дете: Едсел Форд

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1891, Форд станал инженер во компанијата Едисон Илуминатинг. Потоа тој бил назначен за главен инжинер, со тоа тој стекнал поголема количина на пари за да може да направи лични експерименти со моторите на бензин.

Форд Мотор Компанијата е создадена на Јуни 16, 1903 со капитал од 28.000 долари. За кратко време, Форд го демонстрирал ново дизајнираниот автомобил кој постигнал 146.9 километри на час и го скршил светскиот рекорд.

Модел Т бил воведен на 1 Октомври, 1908. Воланот бил од лево, потоа тоа го копирале и други компании. Целиот мотор и менувачот биле затворени, моторот имал 4 цилиндри. Автомобилот бил лесен за возење и многу евтин. Чинел само 825 долари во 1908, во денешни пари 21.730 долари. Цената опаѓала секоја година. Во 1916 цената била само 360 долари, во денешни пари 9480 долари. До 1916 се продале околу 472.000 автомобили Модел Т. Секако, ова било благодарение на сериското производство.

Политички ставови[уреди | уреди извор]

Форд е познат по неговите конзервативни и антисемитски ставови. Меѓу останатото, Форд му дава поддршка и соработува со нацистичкиот режим во Германија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]