Прејди на содржината

Асуан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Асуан ― град во југот на Египет и е седиште на гувернатот Асуан.

Реката Нил во Асуан

Асуан е зафатен пазар и туристичко средиште кој се наоѓа само северно од браната Асуан на источниот брег на Нил на првиот водопад. Современиот град е проширен и ја вклучува порано одвоената заедница на островот Елефантин.

Градот е дел од мрежата на творечки градови на УНЕСКО во категоријата занаетчиска и народна уметност.