Ирско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Релјефна карта на Ирското Море. Шпедитивните и патничките пристаништа се обележани со црвени точки. Исклучиво шпедитивните пристаништа се обележани со сини точки.

Ирско Море (ирски: Muir Éireann или Muir Meann; шкотски: Muir Eireann велшки: Môr Iwerddon, мански: Mooir Vannin, англиски: Irish Sea) — водна површина која ги дели островите Ирска и Велика Британија. Поврзано е со делот на Келтското Море од Атлантскиот Океан со Светигеоргиевиот Проток помеѓу Ирска и Велс, а на север со Северниот Проток помеѓу Северна Ирска и Шкотска што е дел од т.н. „Морско подрачје на Внатрешните Мориња вон западната обала на Шкотска“. Островот Ман се наоѓа во Ирското Море. Ова море е од големо значење за регионалното стопанство, трговија, шпедиција и транспорт, риболовот и електростопанството во облик на ветерна сила и атомски централи. Веќе долго време се одвива полемика во врска со градењето на 80-километарски железнички тунел кој би ги поврзал Британија и Ирска. Помеѓу Британија и Ирска годишно сообраќаат 12 милиони патници и 17 милиони тони трговска стока.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Координати: 53°43′18″N 5°10′38″W / 53.72167° СГШ; 5.17722° ЗГД / 53.72167; -5.17722