Суецки Залив
Суецки Залив | |
---|---|
Суецкиот Залив (лево), Акапскиот Залив (десно) и Црвеното Море (долу). | |
Подрачје | Египет |
Координати | 28°45′N 33°00′E / 28.750° СГШ; 33.000° ИГД |
Најг. должина | 314 км |
Најг. ширина | 32 км |
Прос. длабочина | 40 м |
Најг. длабочина | 70 м |
Суецки Залив (арапски: خليج السويس, Хелиж ес-Сувејс) — залив на северниот крај на Црвеното Море, каде Синајскиот Полуостров го двои морето и ги образува Суецкиот Залив на запад и Акапскиот Залив на исток. Геолошки, заливот е настанат поради расцепната котлина, создадена пред 28 милиони години.[1] Се протега 300 км во северозападен правец и завршува кај градот Суец во Египет, на преодот во Суецкиот Канал. Долж средината на заливот е и континенталната граница помеѓу Африка и Азија.[2] Под пристапот на заливот е сместено наоѓалиштето на земен гас Гемса.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Заливот претставува северозападен ракав на Црвеното Море, помеѓу Африка и Синајскиот Полуостров, како трет дел од тромеѓниот расцепен систем.
Мерејќи од Џубалскиот Проток до Суец, заливот е долг 314 км, а во ширина се движи од 19 до 32 км.
Граници
[уреди | уреди извор]Меѓународната хидрографска организација ја опишува јужната граница на заливот како „Линија која се протега од националниот парк Рас Муахамед (27°43' СГШ) до јужниот ’рт на островот Шадван (34°02' ИГД), а оттука на запад по напоредникот (27°27' СГШ) до брегот на Африка“.[4]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ http://geoinfo.amu.edu.pl/wpk/geos/GEO_2/GEO_PLATE_T-37.HTML Detailed geological information on the Gulf
- ↑ „ISS EarthKAM: Images: Collections: Composite: Gulf of Suez, Egypt and Saudi Arabia“. Архивирано од изворникот на 2003-10-27. Посетено на 2015-01-31.
- ↑ „USGS Open File Report OF99-50-A Red Sea Basin Province (Province Geology)“. Архивирано од изворникот на 2007-03-11. Посетено на 2015-01-31.
- ↑ „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Суецки Залив“ на Ризницата ? |
- Сателитски слики од заливот и Суецкиот Канал Архивирано на 29 март 2005 г.
|