Рисер-Ларсеново Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Положбата на Рисер-Ларсеновото Море (најгоре) во Јужниот Океан.

Рисер-Ларсеново Море (англиски: Riiser-Larsen Sea) — рабно море на Јужниот Океан над Источниот Антарктик и јужно од Индискиот Океан. Се протега од Астридскиот Срт на запад до Гунерусовиот Срт и гребенот Кајнанмару на исток.[1] Се граничи со Лазаревото Море на запад и Космонаутското Море на исток, опфаќајќи го просторот помеѓу 14° и 30° ИГД. Северната граница ја исцртува 65. јужен напоредник.

Јужно од ова подрачје се сместени бреговите на Принцезата Астрида и Принцезата Рагнхилда во рамките на Земјата на Кралицата Мод. Во западниот дел се протега Лазаревиот Леден Гребен, а источно се ледените пристаништа Ерскин и Годел, како и поранешната белгиска станица „Крал Бодуен“.

Име[уреди | уреди извор]

Морето е наречено во Советската антарктичка експедиција од 1962 г. во чест на норвешкиот воздухопловен пионер и поларен истражувач Хјалмар Рисер-Ларсен (1890–1965), но ова име не е признаено од Меѓународната хидрографска организација (МХО),[2] туку се води само во советски и руски карти.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Leitchenkov, G.; Guseva, J.; Gandyukhin, V.; Grikurov, G.; Kristoffersen, Y.; Sand, M.; Golynsky, A.; Aleshkova, N.. Crustal structure and tectonic provinces of the Riiser-Larsen Sea area (East Antarctica): results of geophysical studies. „Marine Geophysical Researches“ том  29 (2): 135-158. doi:10.1007/s11001-008-9051-z. https://www.researchgate.net/profile/Alexander_Sasha_Golynsky2/publication/225104672_Crustal_structure_and_tectonic_provinces_of_the_Riiser-Larsen_Sea_area_East_Antarctica_Results_of_geophysical_studies/links/0912f5040a386ececc000000.pdf. посет. 18 февруари 2018 г. 
  2. „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. конс. 5 June 2015.  (англиски)
  3. „Руска карта на Антарктикот“. конс. 5 July 2015. 

Координати: 68°00′S 22°00′E / 68.000° ЈГШ; 22.000° ИГД / -68.000; 22.000