Прејди на содржината

Алборанско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гибралтарскиот Проток и Алборанското Море од вселената
Карта на Алборанското Море

Алборанско Море (шпански: Mar de Alborán) — најзападниот дел на Средоземното Море, сместен помеѓу Шпанија на север и Мароко и Алжир на југ. На западниот крај на Алборанското Море се наоѓа Гибралтарскиот Проток и го поврзува Средоземното Море со Атлантскиот Океан.

Просечната длабочина на морето изнесува 445 м, а максималната длабочина е 1.500 м.

Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Алборанското Море се следниве:[1]

На запад. Источната граница на Гибралтарскиот Проток [линија од ’ртот Европа до полуостровот Алмина ()].

На исток. Линија од ’ртот Гата (Шпанија) до ’ртот Фегало (Африка) ().

Во морето се расположени неколку мали острови, вклучувајќи го островот Алборан. Највеќето се под управа на Шпанија, вклучувајќи ги оние близу мароканското крајбрежје.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Граници на океаните и морињата. III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)

36°0′N 3°0′W / 36.000°N 3.000°W / 36.000; -3.000 35°54′N 5°18′W / 35.900°N 5.300°W / 35.900; -5.300 35°36′N 1°12′W / 35.600°N 1.200°W / 35.600; -1.200