Мејнски Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мејнски Залив
француски: Golfe du Maine
GulfofMaine2.jpg
Голем дел од Мејнскиот Залив
ПодрачјеСевероисточен брег на САД и југоисточен брег на Канада
Координати43°N 68°W / 43° СГШ; 68° ЗГД / 43; -68Координати: 43°N 68°W / 43° СГШ; 68° ЗГД / 43; -68
Дел одСеверно Атлантски Океан
Речни извориСен Џон, Пенобскот
Сливни земјиСАД, Канада
ОстровиМаунт Дезерт, Лисичји Остров, Ајл О, Гран Манан
Населени местаБостон, Портсмут, Портланд, Сент Џон

Мејнскиот Залив (француски: Golfe du Maine) е голем залив во Атлантскиот Океан на источниот брег на Северна Америка. Ограничен е со Кејп Код на источниот крај од Масачусетс на југозапад и со островот Кејп Сејбл на јужниот крај од Нова Шкотска на североисток. Заливот го опфаќа целото крајбрежје од државите на САД, Њу Хемпшир и Мејн, како и Масачусетс северно од Кејп Код и јужните и западните крајбрежја на канадските провинции Њу Бранзвик и Нова Шкотска, соодветно.

Заливот бил именуван за соседната англиска колонијална провинција Мејн, која, за возврат, најверојатно била именувана од раните истражувачи, по провинцијата Мејн во Франција. Заливот Масачусетс, заливот Пенобскот, заливот Пасамакводи и заливот Фанди се вклучени во системот на Заливот на Мејн; и како таков, Заливот на Мејн, е место со највисоките плиматски варијации на планетава (види заливот Фанди за понатамошни информации).

Географија и хидрографија[уреди | уреди извор]

Заливот на Меј е груба правоаголна депресија, со површина од околу 36.000 квадратни милји (93.000 km2), која на запад и север е затворена од копното на Северна Америка а на југоисток преминува во Атлантскиот Океан. Глацијацијата на регионот, од страна на Лорентајд Ајс Шит ја одзела седиментната почва од крајбрежјето, оставајќи го брегот, кој е претежно карпест и атрактивен, со недостаток од песочни плажи кои се наоѓаат на југот, по должината на Источниот брег. Единствените значајни крајбрежни случувања се наоѓаат во подрачјата на метрополите Бостон, Портсмут, Портланд и Сент Џон.

Подводни карактеристики на морското дно, скулптурирани за време на ниските нивоа на морето во ледениот период, го прават заливот полу-затворено море, ограничен на југ и исток со подводни насипи. Насипот Жорж, особено, на неговиот јужен крај, го засолнува заливот од Голфската струја. Водите во Заливот на Меин се под силно влијание на Лабрадорската струја, која водите во заливот ги прави значително поладни и побогати со хранливи материи, од оние што се наоѓаат на југ. Подморските долини во централниот басен можат да достигнат длабочина од 1.500 стапки (500 метри), додека подморските планини се издигнуваат до височина од 800 стапки (266 метри) од дното на морето, скоро ја допирааат површината на некои места, па дури и да ја надминат, создавајќи острови.

Постојат три главни басени кои се содржани во Заливот Мејн: басенот Вилкинсон на запад, басенот Џордан Басин на североисток, и басенот Џорџ на југ, кои се изолирани едни од други под изобата од 650 стапки (200 метри). Басенот Џорџ, северно од насипот Џорџ, е најдлабок од сите три, со длабочина од преку 1.200 стапки (370 метри) и создава џеб на крајот од Североисточниот канал, длабока пукнатина помеѓу насипот Џорџ и насипот Браунс, југозападниот раб на Њу Скотиа Шелф. Североисточниот канал е главен канал помеѓу заливот и остатокот од северозападниот дел на Атлантикот. Второ, поплиткото поврзување со остатокот од Атлантикот е Големиот јужен канал, кој се наоѓа помеѓу насипот Џорџ и Нентакит Шоул.

Екологија[уреди | уреди извор]

Студените води, екстремното плиматско мешање и разновидното дно на Заливот, го прават еден од најпродуктивните морски средини во Северниот Атлантик, кој обезбедува живеалиште за многу различни видови, вклучувајќи ги пред се рибите од солените води, Акадијката црвена риба (Sebastes fasciatus), Атлантска харинга (Clupea harengus) и Американскиот јастог (Homarus americanus), кои растат до славно големи димензии во Заливот. Водите во системот на Заливот на Мејн, особено на границата со заливот Фанди, се исто така дом во летното време за многу различни видови на птици и китови, особено опасно загрозениот Северно-Атлантски црн кит.

Поради брзото затоплување на Заливот на Мејн, водата станала премногу жешка за кодовите. Ова, заедно со прекумерното риболовство во минатото, помогнало да робата се приближи близу до колапс и да го попречи неговото закрепнување и покрај длабоките редукции на бројот на уловена риба, според една студија спроведена од Институтот за истражување на Заливот на Мејн. Традиционалните пресметки "постојано го преценуваат изобилството на кодови". Од 2004 година, температурите се зголемиле за повеќе од 0,4 степени F (0,1 степени C) годишно, што кулминирало со океански топлински бран во северозападниот дел на Атлантикот во 2012-13 година.

Слив[уреди | уреди извор]

Залив на Мејн поминува низ голем број на држави и провинции долж северноамериканскиот брег.

Сливот на заливот опфаќа површина од 69.000 квадратни милји (180.000 км2), вклучувајќи го целиот Мејн, 70% од Њу Хемпшајр, 56% од Њу Брансвик, 41% од Масачусетс и 36% од Нова Шкотска. Во сливот е опфатен и мал дел од југот (помалку од 1%) од канадската провинција Кебек. Значајни реки кои се влеваат во Заливот ги вклучуваат, од исток кон запад, Анаполис, Шубенакади, Селмон, Петиткодијак, Сент Џон, Магагвадавик, Св. Кроа, Пенобскот, Кенебек, Сако, Пискатаква, Меримек и Чарлс риверс; Сент Џон и Пенобскот имаат најголемо празнење.

Историско и политичко значење[уреди | уреди извор]

Плажата Хемптон, Њу Хемпшир, во Септември 2004

Релативната близина на заливот до Европа, ја направила рана дестинација за европската колонизација. Француските доселеници основале населба на островот Св. Кроа во 1604 година. Англиските доселеници ја основале колонијата Попхем, на остров во реката Кенебек во 1607 година, истата година како и населбата Џејмстаун, по што следела колонијата Плимут на бреговите на заливот Масачусетс во 1620 година.

Во 1960-тите и 1970-тите имало спор меѓу Канада и САД во врска со рибарски и други права врз ресурсите во Заливот на Мејн, посебно регионот на насипот Џорџ. Овој спор дошол дури до Меѓународниот суд на правдата, кој ја обележал поморска граница низ Заливот во 1984 година. Канада и САД продолжиле да не се согласуваат околу суверенитетот на островот Макиас Сил и водите што го опкружуваат североисточниот дел на заливот. Како признание за важноста на Заливот како морското живеалиште, двете земји во моментов одржуваат хармонични ембарга, против активности надвор од брегот за истражувања на нафта и гас на насипот Џорџ во јужниот дел на заливот.