Кејп Код

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кејп Код, познато само како e остров и ’рт кој се наоѓа на најисточниот дел од државата Massachusetts (Масачусетс), на североисточниот дел од Соединетите Американски Држави. На десната страна од Кејп Код се наоѓаат неколку мали островчиња, вклучувајќи ги островите Мономој, Мономској и Секонсе, кои воедно претставуваат и општини заедно со другите помали делови на Кејп. Карактерот со кој што се одликува Кејп се малите гратчиња и големите плажи кои привлекуваат голем број на туристи за време на летниот период.

Кејп Код беше формиран како терминална морена на глечер, резултирајќи како полуостров на Атлантскиот Океан. Во 1914 година, каналот на Кејп Код беше пресечен преку базата на полуостровот и со тоа формираше остров. Комисијата на Кејп Код зборува за промените кои што излегоа на еден осторв, исто како што на тоа се наврати и Агенцијата за итно државно управување во поглед на подготвителна штета.

Неофицијално, ова е еден од најголемите гранични острови на цел свет, кои го заштитуваат најголемиот дел од крајбрежјето на Масачусетс од бурните бранови на Атлантскиот Океан. Оваа заштита помага да се поткопаат крајбрежјата на Кејп за сметка на карпите, а воедно им нуди заштита и на блиските градови.

Гранична плажа која ја спречува ерозијата

Моторните возила на главните патишта поминуват низ каналаот на Кејп Код преку Sagamore Bridge( мостот Сегамор) и Bourne Bridge (Бурн). Двата мостови се паралелни, со тоа што мостот Bourne е малку подалеку од јужнозападниот дел. Освен тоа, мостот на железничкио канал на Кејп Код извршува превоз на стока, а исто така нуди и услуги за туристичките патници.


Географија и политички поделби


Надморската височина на Кејп Код е 93 метри, на врвот на Pine Hill (Пајн Хил), во делот на Bourne па се до морското ниво. Текот на водата која што е лоцирана помеѓу Кејп Код и крајбрежјето, па се до границите на северниот дел на заливот на Масачусетс е заливот Кејп Код. Западно од Кејп Код се наоѓа Buzzards Bay ( заливот Базард ). Каналот Кејп Код, кој што беше завршен во 1916 година, ги поврзува заливот Базард и заливот Кејп Код, а со тоа ги крати трговските патишта помеѓу Њујорк и Бостон со цели 62 милји. На северниот дел на Кејп Код лежат Нантукет и Мартас ВИјнард два големи острови, а тука се наоѓа и најголемиот приватен остров, Елизабета.

Кејп Код се поврзува со сите делови на Барнстебл, кој вклучува 14 места Борн , Сендвич, Фалмут, Месфи, Јармут, Харвич, Денис, Брустер, Четем, Орлинс, Истхем, Велфлит, Труро, и Провинстаун и еден град - Барнстабл.

Две од овие четиринаесет места (Бурн и Сендвич), вклучуваат земја од крајбрежната страна на каналот Кејп Код . Градовите Plymouth(Плајмаут) и Wareham(Верхем), понекогаш се сметаат како дел од Кејп Код , иако не се наоѓаат на островот.

Во 17 век, именувањето на Кејп Код беше применето само на крајот од полуостровот, всушност до крајното место, денешниот Провинстаун. Низ наредните декади, името започна да се употребува и во земјите источно од реките Manomet(Маномет) и Scusset(Скасет), особено во почетокот на дваесетиот век. Денес, комплетираните градови Бурн и Сендвич, нашироко се сметани како градови кои се вклучени во целосниот периметар на Кејп Код, и покрај тоа што некои мали делови од овие градови се сместени на западната страна од каналот.

Каналот го дели најголемиот дел на полуостровот од крајбрежјето, и промените кои што прозилегуваат во пространството понекогаш влијаат на островот. Како дополнување, некои "Cape Codders"- жителите на Кејп Код, се однесуваат на цела земја од страната на каналот како да не се дел од Кејп.

Градови од областа на Барнстебл

Во 18, 19 и 20 век, се сметаше дека Кејп Код се состои од 3 делови :

  • Горниот дел на ’ртот е делот од Кејп Код најблизу до копното, а тука спаѓаат градовите : Берн, Сендвич, Фалмут и Месфи.

Фалмут е седиштето на познатата Океанографска институција и на многу други истражувачки организации. Истовремено, претставува и најчесто користениот траект за поврзување со Мартас Винјард. Фалмут се состои од неколку одделни села, вклучувајќи го Источен Фалмут, Фалмут Вилиџ , Хачвил, Северен Фалмут, Титикет , Вакуат, Западен Фалмут и Вудс Хол, а исто така и неколку помали селца поврзани во нивното големо соседство.

  • Средниот дел на ’ртот ги вклучува опфаќа градовите: Барнстабл, Јармут и Денис (не вклучувајќи го пристаништето на Денис).

Областа на средниот Кејп се карактеризира со многу прекрасни плажи, вклучувајќи ги плажите со топла вода, како што е на пример Kalmus Beach( плажата Калмус) во Hyannis (Хајанис), која што го добила своето име од еден од измислителите на Technicolor (Техниколор) - Herbert Kalmus (Херберт Калмус).


Оваа популарна дестинација за сурфање на ветер беше пренесувана со традиции во градот Barnstable од страна на доктор Калмус со услов дека нема да биде развивана. Ова е можеби еден од првите случаи на зачувување на отворено место. Овој среден дел на Кејп Код е исто така трговски и индустриски центар на регионот. Има седум села во Barnstable, а тие се : Barnstable Village(село Барнстебл), Centerville(Центервил), Cotuit(Кутуит), Hyannis(Хајанис), Marstons Mills(Марстонс Милс), Osterville(Остервил), и West Barnstable(Западен Барнстебл), вклучувајќи неколку мали селца кои што се вклучени во нивното големо соседство. Селата во Јармут се South Yarmouth(Јужен Јармут), West Yarmouth(Западен Јармут) и Yarmouth Port (Јармут пристаништето). Во Денис има пет села вклучувајќи ги North Dennis(Северен Денис), East Dennis(Источен Денис), и South Dennis(Јужен Денис). Пристаништето на Денис се смета како да спаѓа во долниот дел на Кејп Код.

  • The Lower Cape(Долниот дел на Кејп) традиционално го вклучува целиот преостанат дел на Кејп Код, а тука спаѓаат градовите : Harwich(Харвич), Brewster(Брустер), Chatham(Чатам), Orleans(Орлинс), Eastham(Истхем), Wellfleet(Велфлиит), Truro(Труро), и Provincetown(Провинстаун).

Пристаништето во Денис кое што всушност е село во Денис, се смета дека спаѓа во долниот дел на Кејп Код. Областа на долниот дел на Кејп Код го вклучува Cape Cod National Seashore (Националниот морски брег на Кејп Код), потоа Национален парк во кој спаѓа голем дел од Кејп, вклучувајќи го источното крајбрежје, а воедно претставува седиште за едни од најпопуларните плажи во Соединетите Американски Држави како што се Coast Guard Beach и Nauset Light Beach во Eastham. Stephen Leatherman(Стивен Литермен),исто познат и како "Dr. Beach", плажата Coast Guard Beach ја стави на петото место на најдобри плажи во Америка за 2007 година. Поголемите села во Харвич се : Harwich Port(Пристаниште Порт), Harwich Center(Централен Харвич), South Harwich(Јужен Харвич), Pleasant Lake(Плезант Лејк), West Harwich(Западен Харвич), East Harwich(Источен Харвич) и North Harwich(Северен Харвич). Едни од поголемите села во Чатам се : North Chatham(Северен Чатам), West Chatham(Западен Чатам) и South Chatham(Јужен Чатам). Во Брустер спаѓаат три области : South Brewster(Јужен Брустер), West Brewster(Западен Брустер) и Brewster(Брустер). Најголеми села во Орлинс се : East Orleans(Источен Орлинс) и South Orleans(Јужен Орлинс). Главно, Истхем е поделен во Западен Истхем. Јужен Велфлиит е најголемо село во Велфлиит. Најголема област во Труро е Северно Труро и Провинстаун, каде што има само едно село.


“Горен” и “Долен” дел на Кејп

Термините “Горен” и “Долен”, како што се нарекуваат во Кејп, немаат никаква врска со северен и јужен дел. Како замена, тие потекнуваат од поморската конвенција за време кога беа вклучени основните средства од превозувањето и широко прифатените западни ветрови, што значи дека чамчиња со едрилици кои што пловат североисточно од заливот на Кејп Код ќе си го добијат ветрот назад и притоа ќе се движи надоле, додека оние со тешки едра кон југозапад ќе се движат наспроти ветерот, или над него. Слично на ова, во близина на Martha's Vineyard, "Up Island"(горниот дел на островот) сеуште е западен оддел, додека "Down Island"(долниот дел на островот) е на источниот оддел, а во Maine(Мејн), "Down East" е слично дефиниран од ветровите и течната струја.

Со тек на времето, причините за традиционалнта номенклатура станаа непознати, а нивното значење нејасно. Подоцна во деведесеттите, новодојдените почнаа градовите од Орлинс до Провинстаун да ги именуваат како "Outer Cape"( Поодалечен Кејп ), а и уште еден описно географско именување, кое сеуште е во употреба - "Inner CAPE"( Поблизок Кејп).


Геологија


Кејп Код формира продолжен архипеолошки регион со тенка линија од острови кои што се протегнуваат кон Њујорк, историски познат во природонауката како што е Аутер Лендс. Оваа продолженост е поради тоа што островите и Кејп се сите терминални морени кои што лежат уште од пред 12 000-16 000 години. Најголемиот дел од геолошката историја на Кејп Код се истакнува со напредокот и отстапувањето на Laurentide ice sheet (вечниот мраз Лорентид) во доцната геолошка ера и честите промени на морското ниво. Користејќи ги техниките на радиоактивните методи, истражувачите ова го утврдија пред околу 23 000 години. Ледената површина го достигна својот максимален напредок на југоисточната страна на Северна Америка и тогаш започна да отстапува. Многу мали бари станаа бистри, студените езера беа создадени и останаа во Кејп Код како резултат на глечерот кој тогаш беше во опаѓање.

За околу 18 000 години, вечниот мраз стана минато за Кејп Код. Пред 15 000 тешки години, отстапи од јужниот дел на Нова Англија. Кога најголемиот дел од водата на Земјата беше “заробена” во голема количина од вечниот мраз, нивото на морската вода беше намалено. Крајбрежните места во Труро порано биле распространети со шума, пред да станат плажи. Откако мразот почна да се топи, морето започна да се зголемува. На почетокот, нивото на морето се зголемуваше брзо, околу 15 метри за 1 000 години, но тогаш размерот почнал да опаѓа. На Кејп Код, нивото на морската вода растеше цели 3 метри во еден милениум, пред 6 000 и 2 000 години. После тоа, продолжи да се зголемува за само еден метар во еден милениум. Пред 6 000 години, нивото на водата беше доволно високо за да започне да ги подрива кристализираните наталожувања во кои што исчезнатиот континентален вечен мраз “отседна” на Кејп Код. Водата ги пренесе подриените наталожувања на север и на југ се до не толку далечното крајбрежеје на Кејп. Преработените талози кои што беа преместени северно, заминаа на крајот од островот.

Provincetown(Провинстаун), кој што се наоѓа на крајот од Кејп Код, се состои најмногу од марински слоеви кои се пренесуваат и подалеку од островот. Талозите кои се приближија јужно ги создадија островите и јатата риби на Monomoy(Мономој). Поради тоа, додека другите делови на Кејп се намалуваа поради дејствата на брановите, овие делови од островот се зголемуваа.

Кејп Код и заливот на Кејп

Овој процес продолжува и денес. Поради нивната позиција со испапчување кон Атлантскиот Океан, Кејп Код и останатите земји се подложени на масовна крајбрежна ерозија. Поради ерозијата, најавуваат геолозите, целиот остров за неколку илјадници години ќе биде потопен од морето. Оваа ерозија предизвика големи дупки на плажите и уништување на бариерните острови. На пример, океанот надојде низ островот на Chatham(Чатам) во 1991 година, обезбедувајќи им на брановите и бурите да го уништат крајбрежјето без попречување. Последично на тоа, талогот и песокот од плажите беа отстранети и пренесени на друго место. Додека ова уништува земји на некои места, или создава на други, важно е да се напомене дека најзабележително е кај мочуриштата каде што талогот е надојден од водите кои што поминуваат низ него.

  • Источно од Америка, на отворениот Атлантик се наоѓа последниот фрагмент од древната, и сега исчезната земја. Однесена од големите бранови и дождовите, распадната од ветровите... таму сеуште ја има формата. – Henry Beston(Хенри Бестон)


  Клима

Иако времето во Кејп Код е поумерно за разлика од оние места што се по оддалечени од брегот, имало и случаи кога Кејп Код бил најтешко погоден од крајно силно невреме(како што е случајот Blizzard во 1954 година и ураганот во 1938 година). Поради влијанието на Атлантскиот Океан, температурите всушност се неколку степени пониски за време на летниот период, а неколку степени повисоки во зимскиот. Друга погрешна претстава е дека климата има големо влијание од речната струја која што е топла на заливот Stream(Стрим). Сепак, речната струја се сврти источно од крајбрежејето на Вирџинија и водите кои што се надвор од Кејп имаат поголемо влијание од студената речна струја на Labrador(Лејбрадор). Како резултат на тоа, океанската темепература ретко се искачува над 18 ̊̊ С , освен кај плитките води на крајбрежјата на Upper Cape.

Ноторен факт е дека климата на Кејп Код е лоша во продолжената пролетна сезона, опкружена со океанот којшто сеуште е студен од зимата. Сепак, познато е дека за така блага крајна сезона(Indian summer – Индијско лето), благодарение на океанот, топло е уште од летниот период. Највисоката темепература некогаш достигната на Кејп Код е 40 ̊ С (Во Провинстаун), а најниската -24 ̊ С (Во Барнсетбл).

Водите кои што го опкружуваат островот ја умеруваат температурата во зима доволно за да ја прошири отпорната зона 7а на USDA (Министерство за земјоделство на САД) до нејзината најсеверна граница во источниот дел на северна Америка. Дури и со зоната 7а (годишно е ниска = 0-5 степени ) која ја претставува температурата годишно, имаше неколку случаи со температури во Кејп кои достигнаа неколку степени под нулата( иако е ретко, обично 1 – 5 пати годишно, зависно од местото, но понекогаш воопшто не зависи од истото).

Cape Cod ISS.JPG

Врнежите на Кејп Код и на островите, како што е во Nantucket(Нантакет), се најслаби во регионот на Нова Англија, што просечно изнесува помалку од 40 инчи(1 000 мм) годишно( во најголемиот дел од Нова Англија во просек изнесува 42-46 инчи). Ова е поради системите за невреме кои што се поместуваат кон западните области, изградувајќи се во планински региони и исчезнување пред да го достигнат крајбрежјето на место каде што земјата се зголемила. Сепак, овој регион не може да се пофали со многубројни сончеви денови како што се деновите во кои што преовладува облачното време, со присуство на магла. Во просек, се забележуваат 24 инчи снег, што е стапка и половина во Бостон за време на зимскиот период. Тропските бури обично го напаѓаат Кејп Код. Еднаш во 5 или 6 години, тропска бура придружена со многу силни и потенцијално уништувачки ветрови и слаби дождови, го погодуваат регионот. Еднаш во 11 или 12 години на островот, ураган носи уништувачки ветришта и опасни бури. Бури од одредена категорија 3 го нападнаа Кејп Код откако започна рекордот за заштитување, како што се ураганот Боб во 1991 година и ураганот Дона во 1960 година.



   Домашно население



Многу векови Кејп Код претставуваше живеалиште на родот на северноамериканските Индијанци. Тие преживуваа благодарение на морето и беа многу успешни земјоделци. Тие ги разбраа начелата на управувањето на одржливото шумарство и беа познати по палењето на контролните огнови за да се заштитат во грмушките. Тие им помагаа на пуританците кои што пристигнаа во Соединетите Американски Држави во 1620 година, а воедно преживеаа во нивната нова колонија Плајмаут. За тоа време, Kakopee ( Какупи ) беа доминантната група, попознати во нивната способност за риболов. Тие беа првите северноамерикански индијанци кои што користеа мрежни кастинзи. Првите колониски доселеници забележаа дека Какупи се приближно 7 000.

Малку по пристигнувањето на пуританските доселеници, шефот на Какупи, Mogauhok(Могахок), се обиде да направи договор со кој ќе ги ограничува колониските доселеници. Обидот не успеа откако тој потклекна на големата сипаница во 1625 година. Инфекциските зарази како што е големата сипаница, морбилата и грипот предизвикаа многу смртни случаи кај Какупи и Вампаног. Тие немаа природен имунитет на евроазиските болести, а тогаш ендемични помеѓу англичаните и европејците. Денес, единствениот потсетник на Какупи е мала јавна област во Барнстебл, именувана по нив. Историјата го одбележа погребот на Могахок близу Труро, иако локацијата е само претпоставка.

Додека градежните работници ископуваа бунари во источната област на Масачусетс, тие пронајдоа археолошко откритие. Ископувањето беше изнесено на виделина во селото на Какупи во Forestdale(Форестдејл), место кое што се наоѓа во Сендвич. Истражувачите пронајдоа тотем со нацртан лик од Могахок, прикажана во наметката и на копчето на неговиот шеф. Тотемот беше пронајден на имотот на Grand Oak Road (Гренд Оак Роуд). Претставува прв доказ, поразличен од другите колониски докази во водство на главниот на Какупи. Индијанците ги изгубија своите земји преку продолжените купувања и оттуѓувања од англиските колонисти. Документарецот Natives of the Narrowland од 1993 година, раскажуван од актерката Julie Harris (Џули Харис), ни ја покажува историјата на луѓето кои што се наоѓаат на арехеолошките места на Кејп Код.

Во 1974 година, Советскиот трибунал на Месфи Вампаног беше формиран со цел да ја изразува загриженоста на оние кои што имаат потекло на Нова Англија. Тие потпишаа петиција против државната влада во 1975 година и повторно во 1990 година за службено признавање на Месфи Вампаног како племе. Во мај 2007 година, племето на Вампаног конечно беше признато од државата како народ.


Историја

Според најраните истражувања, Кејп Код претставуваше само епохално откритие. Можеби Promontory of Vinland беше споменато од страна на некои скандинавски патници(од 985 до 1025 година). Областа на реката Манамет, денешен канал на Кејп Код, ја посети Leif Ericson(Лејф Ериксон). Во 1524 година, кон југот се приближи Giovanni da Verrazzano (Џовани де Верецано). Тој лозјето Марта го преименува во Калудија, по мајката на кралот во Франција. Наредната година пак, истражувачот Esteban Gómez(Естебан Гомез) островот го нарече St. James.(Свети Џејмс).

Во 1602 година, Bartholomew Gosnold(Бартоломеј Госнолд) го именува островот со името Cape Cod, преживеаниот термин и деветтото по ред најстаро англиско име во Соединетите Американски Држави. Во 1606 година, Samuel de Champlain(Самуел де Чемплејн) го пласира својот песок-тиња, а Henry Hudson(Хенри Хадсон) во 1609 година го атерира. Капетанот John Smith(Џон Смит) во 1614 година на својата мапа го одбележа местото и на крај пуританците влегоа на островот– спротивно од популарниот мит, го направија своето прво застанување близу до денешниот Провинстаун, на 11 ноември 1620 година. Во близина на денешниот Истхем, тие ја имаа својата прва средба со северноамериканските индијанци.

Кејп Код беше меѓу првите места населено од Англичаните во Северна Америка. Со исклучок на Барнстебл (1639 година), Сендвич(1637 година) и Јармут (1639 година), останатите петнаесет градови на Кејп Код се развиваа бавно. Последниот град кој што се разви на островот беше Бурн во 1884 година. Провинстаун беше група од дрвени колипки се до осумнаесетиот век. Каналот од заливот на Масачусетс до Бузард каналот. е прикажан на мапата од 1717 година. Каналот кој што денес се наоѓа на Кејп Код се развиваше бавно од 1870 до 1914 година. Во 1928 година беше купен од страна на Федералната влада .

Поради раните колониски доселувања и интензивната употреба на земјата, откако Henry Thoreau(Хенри Тореу) го разгледа Кејп Код за време на неговите четири посети во период од 1849 до 1857 година, неговата вегетација беше намалена, а дрвата стануваа реткост. Откако доселениците почнаа да се загреваат со огините, беа употребувани од десет до дваесет канапи од дрва за да се загрее живеалиштето, а и го исчистија Кејп Код од пошуменото земјиште. Тие засадија фамилијарни насади, но овие не се совпаѓаа со посната почва на Кејп, глацијално лишената земја. За многу кратко време, Кејп беше посеан со пченица, жито. Доселениците практикуваа да ги запалт пошумените земјишта со цел да ги ослободат хранливите материи што се наоѓаат во почвата. Несоодветното и интензивното земјоделство доведе до ерозија и до загуба на горниот слој на почвата. Земјоделците ја тераа на пасење нивната стока на тревната дуна на крајбрежието од Масачусетс, единствено за да гледаат “во хорор додека соголениот песок “шета” низ богатата земја, закопувајќи ги култивираните земјишта и огради”. Дуните на другиот крај на Кејп Код станаа по познати и многу засолништа се потполнија со нагризената почва.

Во 1800 година, најголемиот дел од шумската површина мораше да се пренесе со брод надвор од Maine (Мејн). Недостатокот на вегетација беше влошен со зголемувањето на мерино овците кои што го достигнаа својот врв во Нова Англија во 1840 година. Раната индустриска револуција , која што се појави во најголем дел во Масачусетс и островот Роуд , го заобиколи Кејп Код поради недостиг на недоволно струење на водата во таа област. Како резултат на тоа, а исто и поради географската положба, Кејп се разви како голем центар за риболов и ловење китови. По 1860 година и по отварањето на American West( Американскиот запад), земјоделците го напуштија земјоделството на Кејп Код. Од 1950 година, шумите се се подобрија и се проширија дури во осумнаесетиот век.

Кејп Код стана летен рај за градските народи од почетокот на 19 век. Напредувањето на железничкиот сообраќај ги направи грдовите во внатрешниот дел од островот, како што се Бурн и Фалмаут, достапни до Бостон. На почетокот на дваесетиот век, елитата на северноисточниот дел изгради многу големи колипки околу заливот Бузард. Релаксирачката летна околина што ја нуди Кејп Код беше високо оценувана од страна на писатели како што е Joseph C. Lincoln (Џозеф Линколн), кој што издаде романи и безброј кратки раскази за народот на Кејп Код. Сето тоа беше напишано во популарните магазини како што се Saturday Evening Post и Delineator.

Guglielmo Marconi(Гуглиелмо Маркони) го направи првиот преведувачки бежичен пренос кој започна во Соединетите Американски Држави – во Кејп Код , Велфлит. Плажата од која пренесуваше се викаше Marconi Beach(Маркони). Во 1914 година, ја отвори поморската бежична станица во Чатем. Ги поддржуваше врските со Amelia Earhart(Амелија Ирхарт), Howard Hughes(Хауард Хагес), Admiral Byrd( Адмирал Бирд). Изборот на Маркони беше Чатем поради добрата положба од Атлантскиот Океан, опкружен од трите страни со вода. Walter Cronkite(Волтер Кронкит) во 2005 година раскажува во 17 минутен документарец за историјата на станицата во Чатем.

Најголемиот дел на источното крајбрежје на Атлантикот во Кејп Код се состои од широки и песочни плажи. Во 1961 година, многу важен и голем дел од ова крајбрежје започна со поделбите на куќите кое беше дел од Националниот морски брег на Кејп Код од претседателот John F. Kennedy(Џон Кенеди). Сето тоа беше заштитено од приватни развивања и беше ограничено за јавна употреба. Поголем дел се отворени за јавноста, вклучувајќи ја страницата на Маркони во Велфлит. Има дел кој ја опкружува страницата од првите повратни океански радио емитувања од Соединетите Американски Држави. Theodore Roosevelt(Теодор Рузвелт) ја користеше опремата на Маркони за неговото пренесување.

Затворениот простор на Кенеди во Хајаниспорт беше белата куќа во летниот период за време на неговото претседателство, а фамилијата на Кенеди продолжи да ја одржува резиденцијата во затворениот простор. Други важни резиденции на Кејп Код се на актерката Julie Harris(Џули Харис), Врховниот суд на САД, композиторот Canary Burton (Кенери Бартон), писателите Norman Mailer(Норман Мејлер) и Kurt Vonnegut(Курт Вонегат). Други значајни личности се патриотот James Otis(Џејмс Отис), историчар и писател Mercy Otis Warren(Мерси Отис Варен), правникот Lemuel Shaw(Лемуел Шо) и морнаричкиот офицер John Percival(Џон Персивал).


Светилниците во Кејп Код

Поради своите константно опасни јата кои што се преместуваат, на бреговите на Кејп Код се наоѓаат светилници кои што предупредуваат за опасностите уште многу рано во својата историја. Има голем број функционални светилници на Кејп Код и островите, вклучувајќи ги Highland Light(Хајленд Лајт), Nauset Light(Носет Лајт), Chatham Light(Чатем Лајт), Race Point Light(Рејс Поинт Лајт) , и Nobska Light(Нобска Лајт), најчесто управувани од крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави. Исклучок е Nauset Light, кој што беше повлечен од употреба во 1996 година, а сега е одржуван од здружението за светлосна заштита во Носет под покровителство на националниот морски брег на Кејп Код. Најчесто овие светилници претставуваат фотографирани симболи на Кејп Код.

Другото вклучува :

Горниот дел на Кејп Код : Wings Neck

Средишниот дел на Кејп Код : Ѕandy Neck, South Hyannis, Lewis Bay, Bishop and Clerks, Bass Rive

Долниот дел на Кејп Код : Wood End, Long Point, Monomoy, Stage Harbor, Pamet, Mayo Beach, Billingsgate, Three Sisters, Nauset, Highland

“Светилниците, уште од старо време, ги фасцинираа членовите на човечкиот род. Има нешто за осветлените светилници што иснпирира надеж и верба и го повикува добриот инстинкт на човечкиот род. “ - Edward Rowe Snow (Едвард Роу Сноу).


Превозни средства

Кејп Код е поврзан со копното со неколку канал - автопати и мостови со Bourne (Бурн) и Sagamore (Сегамор) кои што беа изградени во 1930 година, а е поврзан и со железнички мост за вертикален превоз. Огрничениот број на достапни места на полуостровот може да резултираат во голем резервен сообраќај за време на туристичката сезона.


Целиот остров е преполовен вдолж приближно со U.S. Route 6( Автопат 6 на С А Д), повеќе познат како автопат на средишниот дел на Кејп Код, а службено како големата армија на автопатот во републиката.

Трговската воздушна служба на Кејп Код работи надвор од Barnstable Municipal Airport(Општинскиот аеродром во Барнстебл) и Provincetown Municipal Airport(Општинскиот аеродром во Провинстаун). Неколку автобуски линии нудат услуги во Кејп Код. Такви превзони врски има од Бостон до Провинстаун, а исто и од Хајанис и Вудс Хол до останатите места.

Кејп Код има мрежа на јавни превози сочинувајќи автобуси раководени од три различни компании, железничка линија, такси и паратранспортни услуги.

Автобуси

The Bourne Bridge over the Cape Cod Canal, with the Cape Cod Canal Railroad Bridge in the background




Регионалната преносна власт во Кејп Код управува и ја услужува јавноста во текот на целата година,но системот опфаќа три долги дестинации по патиштата и раководи со локални автобуси во Хајанис и селото Барнстебл. Од средината на јуни па до Октомври, дополнителни локални патишта се додадени во Фелмаут и Провинстаун. Оваа власт исто така работи и со административната единица на Барнстебл, неговата служба, под името B-Bus(Би бас).

Автобуските линии на долги релации се достапни низ Плајмаут и железничката станица на Броктон, со редовна линија до Бостон и Logan Airport(Аеродромот Логан), исто така има, но помалку чести линии до Провинстаун. Peter Pan Bus Lines(Абтобуските линии Петар Пан) имаат долги релации до провидението – Зелен аеродром и Њујорк.


Железнички станици

Редовните железнички линии за патниците низ Кејп Код завршија во јуни 1999 година. Во 1978 година, патеките источно од South Dennis(Јужен Денис) беа отстранети и заменети со железничка станица на Кејп Код. Друга велосипедска патека беше изградена покрај заменетите патеки помеѓу Вудс Хоул и Фалмаут во 1975 година. Покрај предностите и слабостите на железниците, патеките беа раздвоени помеѓу северниот дел на Фалмаут и Северен Фалмаут( 6.3 милји или 10.1 км ) во април 2008 година откако претставникот и адвокатот Eric Turkington(Ерик Тукингтон) потпиша законодавство за да ја претвори контроверзната линија во железничка.

Активната служба за превоз на стока остана во областа на горниот дел на Кејп Код, во Сендвич и во Бурн, поради лошите критики за станицата која што се наоѓа кај воената резервација на Масачусетс низ железничката линија помеѓу Бурн и Фалмаут. Во 1986 година, Amtrak (Амтрак) управуваше со сезонските линии во летниот период кои што беа од Њујорк до Хајанис и беа наречени Cape Codder(Кејп Кодер). Од 1988 година, Амтрак и одделот за врски во Масачусетс ја зголеми службата со тоа што направи секојдневни линии. Од својот крај во 1996 година, имаше периодични расправии за повторно поставување на железничките станици од Бостон, а воедно намалување на сообраќајот до и од Кејп Код, со служба во Бурн кои што бараат проширување на линиите од Мидлеборо и заливот Базард и покрај колебливото законодавство на Beacon Hill (Бикон Хил).

Централната железничка станица на Кејп Код ги пренесува патниците низ целиот остров. Некои линии првично се туристички ориентирани и нудат вечера во возот. Сценкиот пат помеѓу центарот на Хајанис и каналот Кејп Код е околу два часа и дваесет минути патување. Железничката станица која што се наоѓа на крајбрежјето на Масачусетс има во план да ја врати во иднина линијата за патниците барем од Бурн до Фалмаут. На 5 август 2009 година, на каналот вести за Нова Англија, го именуваа проектот за железничка станица на јужниот дел од крајбрежјето како приоритет за печатите. Пратениците напоменаа проект за железничките вреден околу 1.4 милијарди долари кој ќе биде од гувернерот Deval Patrick(Девал Патрик), а воедно би значело повторно пуштање на линија на старите возови. На 21 ноември 2009 година, градот Јужен Фалмаут го доби својот прв патнички воз за 12 години, неколку вечерни возови од централен Кејп Код.


Такси

Огромен е бројот на такси возилата со неколку различни такси компании кои што управуваат во разни делови на Кејп Код. Освен на аеродромите и на некои автобуски станици, кабините мора да се резервираат на време со повеќето информации кои претпочитаат да ги даваат оператоприте од два до три часа. Кабините не се застапени секаде низ Барнстебл, беа забранети во почетокот на деведесеттите години, бидејќи беа направени неколку грабежи врз возачите.

Повеќето компании користат Њујорк-стил таксиметар и наплаќаат врз основа на дистанца, плус почетна цена од 2 до 3 долари. Во Провинстаун, таксињата наплаќаат иста цена на билет за секој каде и да се наоѓа во градот.


Туризам

Иако Кејп Код преку целата година има население од околу 220 000, преполно е со туристи секое лето, а притоа почетокот и крајот од секое е задолжително обележан со Меморијалниот ден и Денот на трудот. Многу деловни работи се наменети за туристите во летниот период(иако во сезоната во последните години нешто се проширило поради индијанското лето), намалени цени, како и бројот на луѓето кои што се во посета на Кејп Код по денот на трудот- кои имаат или немаат училишна возраст, и постари лица, намалувајќи ја сезоната за шест до седум месеци. Во доцниот период на дваесетиот век, туристите и сопствениците на вторите домови започнаа да го посетуваат Кејп Код се повеќе и повеќе на пролет и есен, омекнувајќи ја дефиницијата за големата сезона и проширувајќи ја. Некои особено познати Кејп производи и индустрии вклучуваат малини, школки(особено остриги и школки) и јастози.

Провинстаун, кој што се наоѓа на врвот на Кејп Код, може да се пофали со неколку сидришта за гледање на китови кои што патролираат во националната поморска банка за светилиште Stellwagen(Стелваген).

Најголемиот број на флоти гарантираат набљудување на китовите ( најчесто грбавите китови, перките на китот, неговата кожа и изложените на опасност- северно атлантските китови ), а постои само една државна квалификувана операција која што има за задача да спасува китови. Провинстаун долго време беше познат како уметнисчка колонија, привлекувајќи писатели и актери. Овој град претставува дом за Кејп Код и најпосетуван музеј, музеј и заедница на уметностите во Провинстаун. Многу хотели и одмаралишта се посетувани од туристи хомосексуалци и лезбејки, а во летниот период Провинстаун е познат како вистинска Мека за хомосексуалците.

Кејп Код е популарна дестинација насекаде низ светот кога станувља збор за забава на плажи. Со своите 559.6 милји (900.6 км) од крајбрежја, плажи, и јавни и приватни, се лесно достапни. Кејп Код располага со повеќе од 60 јавни плажи, од кои многу нудат паркинг за посетителите за дневна цена ( во летниот период ). Националното крајбрежје на Кејп Код изнесува 40 милји (64 км) со песочни плажи и многу патеки за шетање. Кејп Код е познат по своите надворешни активности како што се прошетките на плажа, возење велосипед, едрење, риболов, играње карти, голф, минијатурен голф и извонредни шопинзи. На Кејп има вкупно 27 јавни дневни голф турнири и 15 приватни. Сместување и појадок, како и куќите за одмор најчесто се користат за издавање. Секое лето музичкиот фестивал Нокабаут се одржува во Иточен Фалмаут, (најчесто) за време на првиот викенд во Август. На овој музички фестивал има локални, регионални и национални таленти , одржувани со храна, уметност и фамилијарни пријателски активности.


Видови риби

Насекаде низ светот, Кејп Код е познат по спортовите кои што се оддржуваат од пролет до есен. Помеѓу видовите кои што се најзагрозени се пругест костреш, сина лагуна, туна, паламида и многу други. Страната на Кејп Код каде што се наоѓа заливот Кејп, од Сендвич до Провинстаун има неколку пристаништа, заливи на солена вода и крајбрежја кои што имаат мали риби кои претставуваат привлекување за поголемите риби во игра, како што се пругестите костреши, сината лагуна и туната.

Надворешниот дел на Кејп Код, од Провинстаун до Фаламут, гледа право во лице со отворениот Атлантик од Провинстаун до Четам, а потоа со позаштитените води од Нантакет до Вињард, од Четам до Фалмаут. Исто така, заливите, пристаништата и бреговите низ ова крајбрежје обезбедуваат цврсто живеалиште за поголемите видови, а за време на последните денови од летото, видовите кои што се наоѓаат во топлите води како што се махи-махи и големите морски риби се појавуваат во јужните води од Кејп Код. Скоро секое живеалиште на Кејп Код им озвозможува добар риболов на посетителите со изнајмени бротчиња кои што пловат од мај до октомври.


Спортови

Кејп Код има девет аматерски француски екипи кои што играат бејзбол во рамките на Барнстебл во бејзболската лига на Кејп Код.


Wareham Gatemen(Верхем Гејтмен) учевствува во бејзболската лига на Кејп Код во близина на Верхем, Масачусетс во Плајмаут. Оваа лига е создадена во 1923 година, иако некои траги водат потекло уште од 1886 година. Во лигата учевствуваат следните тимови : Bourne Braves(Бурн Брејвс), Brewster Whitecaps(Брустер Уајткепс) , Chatham Anglers(Четам Енглерс) (формирани како Четам Атлетикс-Chatham Athletics), Cotuit Kettleers(Кутит Кетлирс) , Falmouth Commodores(Фалмаут Комодорес), Harwich Mariners(Харвич Маринс), Hyannis Harbor Hawks(Хајанис Харбор Хокс( формирани како Хајанис Метс- Hyannis Mets), Orleans Firebirds(Орлинс Фајрбрдс)(првично Орлинс Кардиналс-Orleans Cardinals), Wareham Gatemen(Верхем Гејтмен) и Yarmouth-Dennis Red Sox(Јармут-Денис Ред Сокс). Постојат професионалци во овие спортови кои што “ловат” таленти во летниот период, ѕвездите на иднината.

Исто така, Кејп Код претставува национален топол кревет за хокеј и бејзбол. Покрај безболската лига на Кејп Код и новиот тим на џуниори во хокеј-почетници на Кејп Код, многу средношколски играчи беа барани за сериозно. Барнстебл и Харвич испраќаа повеќе играчи во безбол на факултетите. Харвич освои три државни титули во последните дванаесет години (1996, 2006 и 2007 година). Неодамна, Бурн и Сендвич, познати како најголеми противници во хокеј, го освоија државниот шампионат. Бурн во 2004 година, а Сендвич во 2007 година. Други познти места во хокеј се Nauset, Barnstable, и Martha's Vineyard. Барнстебл и Фалмаут ја носат титулата на едно од најдолгите фудбалски ривалства. Тимовите играа меѓусебно секоја година на Денот на благодарноста уште од 1895 година. Женските одбојкарски тимови од Бурн и Барнстебл се две од најдобрите екипи во Барснтебл и во цела држава. Во 2003 и 2007 година, Бурн ја освои државната титула. Во изминатите 15 години, Барнстебл издвои 12 победи, една државна титула и повторн ја освои во последните две години. Во 2010 година, јавното училиште остана виртуално непоразено низ најголемата сезона.

Кејп Код претставува и дом за Cape Cod Frenzy( Лудилото Кејп Код), тим во здружението на американската кошарка. Фудбалот во Кејп Код е доста развиен, претставен од Cape Cod Crusaders(Кејп Код активистите), кои играат во лигата на прваците која се наоѓа во Хајанис. Дополнително на ова, летната лига на возрасен фудбал во Кејп Код е активна во неколку градови на Кејп. Во Кејп Код се наоѓа и тимот на почетници , нова џуниорска лига во хокеј која што се наоѓа надвор од Хајанис во новата централна заедница изградена на Bearses Way.

Крајот на секое лето е обележан со светската позната трка Falmouth Road Race (Фалмаут – трка на патот) која што се одржува на третиот четврток од август. Оваа трка привлекува внимание на околу 10 000 тркачи од Кејп и ги изложува најдобрите тркачи во светот( најчесто за оние коишто можат најмногу да дадат од својот џеб ). Трката е долга 7.2 милји (11.6 км), која што е нестандардна должина. Причината за оваа необична должина е тоа што, човекот на кој му падна на памет оваа трка Tommy Leonard(Томи Леонард) и беше бармен, сакаше трка низ крјабрежјето од еден бар до друг.Поради тоа што барот во Falmouth Heights (Фалмаут Хејтс)денес е британската пивска компанија, трката сеуште почнува од предната врата на Cap'n Kidd in Woods Hole, а завршува на плажите на Фалмаут. Претходните должини за овие трки изнесувале 5 милји(8.0 км) преку Брустер, а се одржувале рано во август.


Образование

Обично секој град во Кејп Код се состои од неколку основни училишта, едно или две средни училишта и едно големо средно училиште кое нуди образование за целиот град. Исклучок е средното регионално училиште Денис-Јармут лоцирано во Јармут, во кое што посетуваат настава како Денис така и Јармут. Друг ваков случај е средното регионално училиште Носет кое што се наоѓа во Истхем во кое што настава посетуваат ученици од градовите Брустер, Орлинс, Истхем, Велфлит, Труро и Провинстаун( по избор на учениците). Средното училиште во Бурн е приватно училиште за учениците кои што живеат во Бурн, кои што ги собира и учениците од околните села, како што се Sagamore, Sagamore Beach и Buzzards Bay. Средното училиште во Барнстебл е најголемото средно училиште и е познато по женскиот одбојкарски тим кое се веќе 12 пати шампиони од вкупно 12. Ова средно училиште може да се пофали дека ја има една од најдобрите драмски групи во државата, а истите беа наградени со потпишување на договор со Warner Brothers(Варнер Брадерс) и снимање на документарец базиран на нивната продукција. Средното училиште Чартер е приватно училиште во Хајанис кое што излезе во магазинот Best High Schools и беше рангирано меѓу најдобрите. Беше на дваесет и осмото место во Соединетите Американски Држави, а на првото место во Масачусетс во изданието во 2009 година, а многу добро беше рангирано и во 2008 и 2009 година со заслужено четириесет и трето место. Ова средно училиште нуди меѓународна диплома за програмата бакалауреат за учениците од прва и последна година, а програмата е отворена и за учениците од Плајмаут. Исто така, во Кејп Код има и две стручни училишта. Едно од нив е средното регионално техничко училиште во Харвич, а другото е средното регионално техничко училиште на горниот дел на Кејп Код кое што се наоѓа во Бурн. Во 1976 година, се потпиша петиција за училиштата на Кејп и за законодавството на Масачустетс , за создавање една образовна соработка, колаборација на Кејп Код, и на тој начин да се олесни соработката и ефикасноста во обезбедувањето на надарените и талентираните, како и правење програми за специјални потреби. Лоцирани во Остервил и Бурн, колаборацијата Кејп Код обезбедува превозни услуги, професионално развивање, поддршка за аутизам, развојни обуки, интернет услуги и алтернативни образовни програми. Секое лето, во соработка со поморската академија на Масачусетс, се соработува со надарените и талентираните и научно базирани програми кои што се однесуваат на сите ученици од Кејп Код.

За крај, средното училиште Месфи е првото и единственото училиште во светот кое што е дел од оваа организација и има признание во рамките на радиодифузната индутрија во Лос Анџелес.

Како дополнение за средните училишта, може да се напомене дека Кејп Код има широк асортиман на приватни школи. Во Барнстебл, се наоѓа Trinity Christian Academy ( христијанската академија Тринити ), академијата Кејп Код, St. Francis Xavier Preparatory School( приватното основно училиште Св. Франси Хавиер) и Pope John Paul II High School (средното училиште Поп Џон Пол Втори). Во Бурн се наоѓа училиштето Валдорф, во Орлинс училиштето за основно и средно образование, а во Фалмаут е лоцирана академијата Фалмаут. Riverview School ( Ривервју училиштето) се наоѓа во Источен Сендвич и воедно е училиште кое им нуди образование и на ученици над 22 години кои имаат пречки во учењето. Друго специјално училиште е Penikese Island School(Пеникиз остров школата)- која што се ноаѓа на Пеникејскиот остров, дел од Елизабетанските острови југозападно од Кејп Код.


Кејп Код има две институции на високо образование.


Една од нив е Cape Cod Community College( универзитетскиот центар за прв степен во Кејп Код) лоциран во Западен Барнстебл, Барнстебл. Другата е Massachusetts Maritime Academy( поморската академија во Масачусетс) во Бурн. Поморската академија на Масачусетс е најстариот и постојан поморски колеџ во Соединетите Американски Држави.


Острови надвор од Кејп Код

Како што е и самиот остров Кејп Код, јужните острови на Кејп настанаа за ловење на китови и за индустриските и трговските области кон дестинациите за одмор, привлекување богати семесјтва, познати ѕвезди и други туристи. Островите го вклучуват островот Нантакет и Марта, како и Naushon Island( островот Ношон), кој беше купен од John Murray Forbes(Џон Муреј Форбес) со заработката од трговијата со опиум во Кина. Ношон е еден од Елизабетанските острови, еден од многуте кои што се приватна сопственост. Еден од овие острови кои што е достапен до јавноста е најјужниот остров во синџирот, Cuttyhunk (Катиханк), со годишна населеност од 52 житела. Неколку истакнати семејства развија затворени простори или имоти , правејќи ги на тој начин овие острови, едни од најбогатите места на северноисточните делови, иако нивниот капитал се развива и од раните трговски и индутриски бизниси и од ловот на китови.