Росово Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 77°25′16″N 176°8′32.6″E / 77.42111° СГШ; 176.142389° ИГД / 77.42111; 176.142389

Росовото Море под југот на Антарктикот

Росовото Море (англ. Ross Sea) е дел од Антарктикот и зафаќа површина од околу 500.000 км². Морето се наоѓа помеѓу Земјата на Мери Берд на исток и Викториината Земја на запад. Јужниот дел на морето го завзема Росовиот Леден Гребен — извор на многу ледници. На западниот дел на морето се наоѓа Росовиот Остров. На исток се наоѓа Рузвелтовото море во Заливот на Китовите. Во морето се наоѓаат следните острови Блек, Карн, Кулман и Вајт. Најјужниот дел на морето е Гулдовиот Брег кој се наоѓа на 300 километри од јужниот пол. Росовото море го открил истражувачот Џејмс Рос во 1841 г. Во 1911 г. Роалд Амундсен ја почнал својата експедиција кон јужниот пол од залиовот на Китовите.

Поврзано[уреди | уреди извор]