Викториина Земја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Викториината Земја на карта.

Викториина Земја (англиски: Victoria Land) — област на Антарктикот источно од Росовото Море и Росовиот Леден Гребен, протегајќи се во јужен правец од 70°30' ЈГШ до 78°00' ЈГШ, а на западен од Росовото Море до работ на Антарктичката Висорамнина.[1] Карпестиот ’рт Мина се смета за најјужната точка на Викториината Земја, и ги двои Скотовиот Брег на север од Хиларииниот Брег во Росовата Зависност на југ.

Областа прв ја открил британскиот капетан Џејмс Кларк Рос во јануари 1841 г. и ја нарекол по кралицата Викторија.[1] Позначајни истражувачки потфати прв направил австралискиот геолог Даглас Мосон од 1911 до 1914 г. Почнувајќи од 1971 г. на брегот на областа работи руската истражувачка станица „Ленинградскаја“.

Во областа се протега дел од Трансантарктички Планини, Макмердовите Суводолици со реката Оникс (најголема на континентот) и низината Лавиринт.

Планини[уреди | уреди извор]

  • Ропер (3.660 м)
  • Брабек (2.460 м)

Наводи[уреди | уреди извор]


Координати: 71°15′S 163°00′E / 71.250° ЈГШ; 163.000° ИГД / -71.250; 163.000