Скотов Брег

Координати: 76°30′S 162°30′E / 76.500° ЈГШ; 162.500° ИГД / -76.500; 162.500
Од Википедија — слободната енциклопедија
Скотовиот Брег (портокалово) во рамките на Росовата Зависност

Скотов Брег (англиски: Scott Coast) — дел од бреговата линија на Викториината Земја помеѓу ’ртот Вашингтон и стрмнината Мина. Во 1961 г. Новозеланѓаните од комитеот NZ-APC го нарекле брегот во чест на капетанот Роберт Фалкон Скот од британската Кралска воена морнарица, предводник на Британската национална експедиција од бродот „Дискавери“ (1901–1904) и Британската антарктичка експедиција (1910-1913) со бродот „Тера нова“, кој го загубил животот на враќање од Јужниот Пол. Голем дел од првите истражувања на овој брег се остварени од Скот и неговите колеги, па затоа доста места во оваа област го носат неговото име.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

 Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Скотов Брег“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

76°30′S 162°30′E / 76.500° ЈГШ; 162.500° ИГД / -76.500; 162.500