Географија на Антарктикот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Географија на Антарктикот
КонтинентАнтарктик
Координати80°S 90°E / 80° ЈГШ; 90° ИГД / -80; 90
Површина2. (неофиц.). место
 • Вкупна14.000.000 км2
 • Земја&1000000000000009800000098 %
 • Вода&100000000000000020000002 %
Брег17.968 км
Границинема копнени граници
Највисока точкаВинсонов Масив (4.897 м)
Најниска точкаБентлиев Подледнички Ров (-2.555 м)
Најдолга рекаОникс (25 км)
Најголемо езероВосток (26.000 км2)
Климаподантарктичка до антарктичка
Теренмраз и гола карпа
Природни ресурсикрил, риби, краби
Природни опасностисилни ветришта, виулици, циклонски бури, вулканизам
Еколошки проблемиосиромашување на озонската обвивка, накачување на морското ниво

Географијата на Антарктикот се одликува со студ и мраз поради поларна местоположба на антарктичкиот континент, кој е сместен на дното од јужната полутопка. Се протега претежно јужно од Јужниот Поларник, ограничена од Јужниот Океан или, зависно од дефиницијата, јужните кареви на Тихиот, Атлантскиот и Индискиот Океан. Зафаќа површина од преку 14 милиони км2.

Околу 98 % од Антарктикот се прекриени со најголемата ледена покривка на планетата, која воедно е најголемиот резервоар на слатка вода. Со просечна дебелина од 1,6 км, мразот има толкава маса што ја има натиснато континенталната матична карпа, на места дури 2,5 км под морското ниво. Се среќаваат и подледнички езера од течна вода, како што е Восток. По краевите на прекривката има ледени гребени и возвшенија.

Области[уреди | уреди извор]

Антарктикот физички е поделен со Трансантарктичките Планини близу грлото помеѓу Росовото и Ведловото Море. Областите Западен и Источен Антарктик приближно соодветствуваат на источната и западната полутопка сметајќи од гриничкиот меридијан. Некои претпочиваат да го делат континентот на Мал и Голем Антарктик.

Малиот Антарктик е покриен со западноантарктичката ледена покривка. Стручњаците сметаат дека постои мала можност оваа ледена покривка да се сруши, што би ги накачило океаните за неколку метри во многу кус рок.

Вулкани[уреди | уреди извор]

На самиот континент има четири вулкани кои се сметаат за активни судејќи според фумаролите и понови наноси од тефра: Мелбурн (2.730 м), Берлин (3.500 м), Кауфман (2.365 м) и калдерата Хемптон (3.325 м).

Некои од планините на околните острови биле вулкански активни во подалечното минато: Еребус (3.795 м) и Росов Остров со 10 познати избуви и 1 претпоставен избув.

Од спротивната страна на континентот е островот Дисепшен, со калдера со 10 познати и 4 претпоставени избуви. За активни се сметаат Бакл од групата Балени, Пингвинскиот, Полетовиот и Линденберговиот Остров. Во 2017 г. истражувачите од Единбуршкиот универзитет откриле 91 подводен вулкан под Западниот Антарктик.[1][2]

Западен Антарктик[уреди | уреди извор]

Западниот Антарктик — лево.
Типичен предел на Антарктичкиот Полуостров со фјордови, високи крајбрежни планини и острови.

Западниот Антарктик е помалиот дел од континентот. Ги опфаќа следниве географски подрачја и земјишни облици:

Подрачја[уреди | уреди извор]

Мориња[уреди | уреди извор]

Ледени гребени[уреди | уреди извор]

Поголеми ледени гребени се:

Острови[уреди | уреди извор]

Источен Антарктик[уреди | уреди извор]

Источниот Антарктик — десно.
Бреговите на принцезите Астрид и Рагнхилда.

Источниот Антарктик е поголемиот дел од континентот. Тука се наоѓаат јужниот магнетен пол и географскиот Јужен Пол. Ги опфаќа следниве географски подрачја и земјишни облици:

Подрачја[уреди | уреди извор]

Мориња[уреди | уреди извор]

Ледени гребени[уреди | уреди извор]

Поголеми ледени гребени се:

Острови[уреди | уреди извор]

Поларни станици[уреди | уреди извор]

Територијални претензии[уреди | уреди извор]

Зависни територии[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. McKie, Robin (2017-08-12). „Scientists discover 91 volcanoes below Antarctic ice sheet“. The Guardian. ISSN 0261-3077. Посетено на 2017-08-16.
  2. „Student's idea leads to Antarctic volcano discovery“. The University of Edinburgh. Посетено на 2017-08-16.

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]