Мосоново Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мосоновото Море како дел од Јужниот Океан.

Мосоновото Море е предложено име за морето по должината на земјата на Кралицата Мери на Источен Антарктик, источно од Шеклтон Ајс Шелф. На запад од него, на западната страна на Шеклтон Ајс Шелф, треба да биде Дејвисовото море. На исток би требало да бидат Баумановиот Остров и Заливот Винсенес.

Името било предложено како дел од нацртот на Меѓународната хидрографска организација (МХО) во 2002 година. Овој нацрт никогаш не бил одобрен од страна на МХО (или било која друга организација), а документот на МХО од 1953 година (кој не го содржи името) останува мементално во сила. Водечките географски власти и атласи не го користат името, вклучувајќи го и 10-тото издание на Светскиот атлас на Националното географско здружение од 2014 година и 12-тото издание на Тајмс Атласот на светот од 2014 година.

Тука спаѓаат двата важни глечери: Глечерот Скот и Глечерот Денман. Раздвојувањето на глечерот Денман доведува до пораст на периодичното појавување на островот Победа Ајс.

Ќе биде именуван во чест на австралискиот истражувач на Антарктикот Даглас Мосон.

Координати: 65°00′S 105°00′E / 65.000° ЈГШ; 105.000° ИГД / -65.000; 105.000