Шеклтонов Леден Гребен

Од Википедија — слободната енциклопедија
ШЛГ во рамките на Антарктик
ШЛГ
Местоположба на гребенот
Ледениот гребен во мај 2009 г.

Шеклтонов Леден Гребен (англиски: Shackleton Ice Shelf) — голем леден гребен на брегот на Источниот Антарктик од 95° ИГД до 105° ИГД. Се протега во брегова линија од 384 км, издавајќи кон морето 145 км во западниот дел и 64 км во источниот. Зафаќа површина од 33.820 км2. Лежи на Мосоновото Море и го двои Брегот на Кралицата Марија на запад од Ноксовиот Брег во Вилксовата Земја на исток.

Откривање и именување[уреди | уреди извор]

Гребенот е откриен од американската експедиција на Чарлс Вилкс, кој искартирал еден негов дел од бродот „Венсен“ во февруари 1840 г. Истражен е од Австралиската антарктичка експедиција под водство на Даглас Мосон (1911–14) кој го нарекол по британскиот истражувач Ернест Шеклтон. Целиот гребен е поподробно искартиран во 1955 г. користејќи воздушни снимки направени од американската морнарица во 1946–47 г. Во 1956 г. Советската експедиција извршила понатамошното картирање, каде се покажало дека делот источно од Скотовиот Ледник е дел од самиот гребен.

Место од орнитолошка важност[уреди | уреди извор]

500 ха од гребенот се прогласени за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи таму живее колонија од 6.500 царски пингвини, чија бројност е утврдена на сателитска снимка од 2009 г.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Shackleton Ice Shelf“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2015. Посетено на 27 ноември 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 66°00′S 100°00′E / 66.000° ЈГШ; 100.000° ИГД / -66.000; 100.000