Кампечки Залив

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кеј на Кампечкиот Залив во градот Кампече.
Кампечки Зал. се наоѓа во Мексико
Кампечки Зал.
Кампечкиот Залив во рамките на Мексико

Кампечки Залив (шпански: Bahia de Campeche) — залив во јужниот дел на Мексиканскиот Залив. Обиколен е мексиканските сојузните држави Кампече, Табаско и Веракруз. Зафаќа површина од 16.000 км2 и достигнува најголема длабочина од 180 м. Името му го дале конквистадорите Франциско Ернандез де Кордоба и Антон де Аламинос за време на нивната експедиција во 1517 г.

Нафтено лежиште[уреди | уреди извор]

Под заливот лежат петте нафтени полиња на Кантарел. Во 2003 г. бил второ најпродуктивно наоѓалиште во светот, и сочинувал две третини од мексиканското производство на сирова нафта, но потоа продуктивноста почнала нагло да опаѓа.

На 3 јуни 1979 г. истражното нафтено окно „Ишток I“ доживеало катастрофален избив, што го предизвикало третото најобемно пролевање на нафта во историјата.

Клима[уреди | уреди извор]

Во текот на јуни и јули, Кампечкиот Залив се смета за жариште во создавањето на атлантски урагани.[1] Заливот се смета за источна граница на главниот преселбен пат на птиците од американските континенти.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1.  Hauptmann, David. „Where do hurricanes form and where do they strike?“. архивирано од оригиналот на 20 ноември 2005. https://web.archive.org/web/20051120105935/http://www.hprcc.unl.edu/nebraska/stuproj/amets00/hauptmann/location.html. конс. 27 март 2006 г. 
  2.  „Routes of Migration“. Migration of Birds. Northern Prairie Wildlife Research Center. архивирано од оригиналот на 17 април 2006. https://web.archive.org/web/20060417083022/http://www.npwrc.usgs.gov/resource/othrdata/migratio/routes.htm. конс. 27 март 2006 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]