Балиско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The location of the Bali Sea, shown in blue.

Балиско Море (индонезиски: Laut Bali) — морска површина северно од островот Бали и јужно од островот Кангеан, Индонезија. Го образува југозападниот дел на Флореското Море, а од запад се граничи со Мадурскиот Проток.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Морето понекогаш се смета за целина заедно со Флореското Море за океанографски цели, но некои поморски крати го бележат како посебно. Балиското Море зафаќа површина од 45.000 км2 и достигнува најголема длабочина од 1.590 м.[2]

Опфат[уреди | уреди извор]

Според Меѓународната хидрографска организација, Балиското Море ги има следниве граници:[3]

На север. Линија од островот Западен Патерностер до источнот крај на Сепанџанг, а оттаму преку овој остров до западниот крај на заливот Гедех на јужниот брег на Кангеан (7°01′ ЈГШ 115°18′ ИГД /  ).

На запад. Линија од западниот крај на заливот Гедех на островот Кангеан до ’ртот Седано, североисточниот крај на Јава и надолу по истсочниот брег до ’ртот Бантенан, југоисточниот крај на островот.

На југ. Линија од ’ртот Баненан низ јужните краеви на островите Балт и Нуса до ’ртот Бт. Генданг, југозападниот крај на Ломбок и неговиот јужен брег до ’ртот Рингит (југоисточниот крај), а оттаму линија до ’ртот Мангкун (9°01′ ЈГШ 116°43′ ИГД /  ), југозападниот крај на Сумбава.

На исток. Западниот и северниот брег на Сумбава, на исток сè до ’ртот Сарокаџа (8°22′ ЈГШ 117°10′ ИГД /  ), оттаму западната граница на Флореското Море [линија од ’ртот Сарокаџа до островот Западен Патерностер (7°26′ ЈГШ 117°08′ ИГД /  )].

Струење на водата[уреди | уреди извор]

Движењата на водената маса на Балиското Море претставуваат продолжение на тековите од Флореското до Јаванското Море на север. Низ него минува Индонезиската струја која доаѓа од Тихиот и преоѓа во Индискиот Океан, при што текот е најзастапен во Балискиот и Ломбочкиот Проток.[4]

Цунамија[уреди | уреди извор]

Балиското Море бележи неколку цунамија во пишаната историја. Едно е забележано со избувнувањето на Тамбора во 1815 г. (показател на вулканска избувност од 7), а потоа и уште едно по три години, со подоцнежната вулканска активност.[5] Забележани се уште две цунамија во 1857 и 1917 г. со најголема висина од 3 односно 2 м.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Merriam-Webster's Geographical Dictionary. Merriam-Webster. 1997. ISBN 0-87779-546-0. 
  2. Steven K. Baum (17 август 2001). „Glossary of Physical Oceanography and Related Disciplines“. Texas A&M University. архивирано од оригиналот на 18 октомври 2007. https://web.archive.org/web/20071018134105/http://stommel.tamu.edu/~baum/paleo/ocean/node3.html. конс. 9 октомври 2007 г. 
  3. „Граници на океаните и морињата, III изд.“. Меѓународна хидрографска организација. 1953. http://www.iho.int/iho_pubs/standard/S-23/S-23_Ed3_1953_EN.pdf. конс. 7 февруари 2010 г.  (англиски)
  4. Rhodes W. Fairbridge (2000). The Encyclopedia of Oceanography. Van Nostrand Reinhold Co.. ISBN 0-442-15070-9. 
  5. 5,0 5,1 National Geophysical Data Center. „Tsunami Events where Source Location Name includes bali sea“. Natural hazards. http://www.ngdc.noaa.gov/nndc/struts/results?bt_0=&st_0=&type_8=EXACT&query_8=None+Selected&op_14=eq&v_14=&type_15=EXACT&query_15=None+Selected&type_7=Like&query_7=bali+sea&st_1=&bt_2=&st_2=&bt_1=&bt_10=&st_10=&ge_9=&le_9=&bt_3=&st_3=&type_19=EXACT&query_19=None+Selected&op_17=eq&v_17=&type_18=EXACT&query_18=None+Selected&bt_20=&st_20=&bt_13=&st_13=&bt_16=&st_16=&bt_6=&st_6=&bt_11=&st_11=&d=7&t=101650&s=7. конс. 9 октомври 2007 г.