Космонаутско Море

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Космонаутското Море како дел од Јужниот Океан.

Космонаутското Море, понекогаш погрешно напишано како Море Космонаут, било предложено морско име, за делот од Јужниот Океан, надвор од Принц Олав Коуст и земјата Ендерби, на Антарктикот, помеѓу околу 30° E и 50° E. Треба да има површина од 699.000 км². Би требало да се граничи со уште два други предлога, од предлогот од 2002 година на Меѓународната хидрографска организација (МХО), Морето на Заедништвото на исток, а на запад со морето Риизер-Ларсен.

Космонаутското Море било именувано во 1962 година, од страна на советската антарктичка експедиција, во чест на првите светски космонаути и почетокот на ерата на истражување на вселената со човечки екипаж. Името најпрво се појавило како руски предлог до МХО во нацрт-предлогот на МХО од 2002 година. Овој нацрт никогаш не бил одобрен од страна на МХО (или било која друга организација), а документот на МХО од 1953 година останува моментално на сила. Водечките географски власти и атласи не го користат името, вклучувајќи го и 10. издание на Светскиот атлас на националното географско здружение на Соединетите Американски Држави од 2014 година како и 12. издание на Британскиот Тајмс Атлас на светот, додека државните издадени мапи, создадени од страна на Советскиот Сојуз и Руската Федерација, го користат.

Водата тука е близу до замрзнувањето, во текот на целата година и најчесто е покриено со мраз. Помеѓу 1973 и 1986 година во овие води се случиле неколку полинии, (полинија е континуирана површина од отворена вода опкружена со мраз, особено во арктичките мориња), со целосно затворени полинии во морето Космонаути, достигнувајќи максимална големина на 25 јули 1980 година, со отворена вода со површина од околу 137.700 км2. Оваа полинија траела неколку недели, пред да исчезне на 16 Август 1980 година.