Макасарски Проток
Макасарскиот Проток (индонезиски: Selat Makassra) е проток помеѓу островите Борнео и Сулавеси во Индонезија. Ги спојува Целебеското Море на север и Јаванското Море на југ.
Во протокот се влева реката Махакам на Борнео.
Долж протокот се сместени пристанишните градови Баликпапан (Борнео) и Макасар и Палу (Сулавеси). По течението на реката Махам е се наоѓа и градот Самаринда, 48 км спротиводно од протокот.
Протокот е мошне прометен поморски пат за бродовите кои се преголеми за да одат низ Малачкиот Проток.
Граници
[уреди | уреди извор]Според Меѓународната хидрографска организација (МХО), Макасарскиот Проток е една од водите на Источноиндискиот (Индонезиски) Архипелаг, и ги има следниве граници:[1]
Преминот помеѓу источниот брег на Борнео и западниот брег на Целебес [Сулавеси] граничи со:
на север. Линија од Танџонг Мангакалихат, Борнео (1°02′N 118°57′E / 1.033°N 118.950°E) и Стромен Кап, Целебес (1°20′N 120°52′E / 1.333°N 120.867°E).
на југ. Линија од југозападниот крај на Целебес (5°37′S 119°27′E / 5.617°S 119.450°E), преку јужниот крај на Тана Кеке, до јужниот крај на Лаут, (4°06′S 116°06′E / 4.100°S 116.100°E) а оттаму по западниот брег на тој остров до Танџонг Киви, а оттаму напреку до Танџонг Петанг, Борнео (3°37′S 115°57′E / 3.617°S 115.950°E) на јужниот крај на Лаутскиот Проток.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
|