Анадирски Залив

Координати: 64°00′N 178°00′W / 64.000° СГШ; 178.000° ЗГД / 64.000; -178.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Морепловна карта на Анадирскиот Залив
Анадирски Зал. во рамките на Чукотски автономен округ
Анадирски Зал.
Анадирскиот Залив во рамките на Чукотскиот автономен округ.
Градот Анадир и устието на истоимената река во заливот

Анадирски Залив (руски: Анадырский залив) — најголемиот залив на Беринговото Море во далечниот североисток на Сибир, Русија.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Заливот има пречник од 400 км и приближно правоаголен облик. Југоисточниот дел е отворен кон морето, а аглите (надесно од југ) се ’ртот Наварин, устието Анадирски Лиман, заливот Креста и ’ртот Чукотски и Чукотскиот Полуостров. Долж североисточниот брег во должина од 72 км се протега појас од чакал, источно од заливот Креста. Анадирскиот Залив е прекриен со мраз 10 месеци во годината.[1] Во близина на крајбрежјето се појавуваат гренландскиот и сивиот кит.

Население[уреди | уреди извор]

На брегот на заливот, се наоѓа истоимениот град Анадир, кој претставува административен центар на Чукотскиот автономен округ. Градот е сместен на устието на самото устие на реката Анадир, каде што се влева во Анадирскиот Залив. Други позначајни населени места на крајбрежјето се Провиденија (на Комсомолскиот Залив, огранок на Анадирскиот) и Егвекинот, на заливот Креста.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Брегот и крајбрежната морска површина на заливот имаат лежишта на нафта и гас. Најголемо од нив е Западноезерското повеќеслојно наоѓалиште[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Petit Fute (2006). Chukotka. Avant Garde, Moscow. ISBN 5863942584, ISBN 978-5-86394-258-2.
  • United States Hydrographic Office (1909). Asiatic pilot, Volume 1. Issues 122-126; Issue 162 of H.O. pub. Gov. Printing Off., Washington. pp 50–51.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

64°00′N 178°00′W / 64.000° СГШ; 178.000° ЗГД / 64.000; -178.000