Левантско Море
Левантско Море | |
---|---|
Карта на Левантското Море | |
Подрачје | Средоземје |
Координати | 34°N 34°E / 34° СГШ; 34° ИГД |
Вид | море |
Левантско Море — назив за источниот дел на Средоземното Море.
Географија
[уреди | уреди извор]Морето се граничи со Турција на север, Сирија, Либан, Израел и појасот Газа на исток, Египет и Либија на југ и Егејското Море на северозапад. На запад се граничи со морската шир на Средоземното Море (каде почнува да се нарекува Либиско Море) во линија од ’ртот Рас ел-Хилал (Либија) до островот Гавдос, јужно од Крит. Најголем остров во Левантското Море е Кипар. Најдлабоко место е Плиниевиот Ров со 4.384 м под морското ниво, сместена околу 80 км јужно од Крит. Морето зафаќа површина од 320.000 км2.
Северниот дел на морето помеѓу Кипар и Турција го носи името Киликиско Море. На север се протегаат два големи залива — Искендерунскиот (североисточно) и Анталискиот (северозападно).
Подводни котлини
[уреди | уреди извор]На ова подрачје, под поводната Левантската Котлина е сместено наоѓалиштето на земен гас „Левијатан“ во југоисточниот дел на Средоземното Море.[1][2]
Западно од Левантска Котлина лежи сливната котлина на Делтата на Нил, а потоа следува Херодотовиот Котлина, со површина од 130.000 км2 и длабочина од 3.200 м,[3] која е стара околу 340 милиони години и со тоа најстарата океанска кора на светот.[4]
Екологија
[уреди | уреди извор]Со изградбата на Суецкиот Канал во 1869 г. направено е поврзување на Левантското со Црвеното Море. Бидејќи второспоменатото море е повисоко, каналот има улога на плимен проток преку кој водата од Црвеното Море се одлева во Средоземното. Црвеноморските видови со децении немале начин да се преселат во Средоземјето поради хиперсолените Горчливи Езера долж каналот; соленоста на езерата со време се изедначила со црвеноморската, па така денес се забележува постепена колонизација на црвеноморските растенија и животни во источното Средоземје. Овој процес е познат како Лесепсова преселба, наречен по Фердинанд де Лесепс, главен инженер на Суцекиот Канал.
Изградбата на големата Асуанска брана на реката Нил во 1960-тите го намалила дотокот на слатка вода и мил во Левантското Море. Со ова, морето станало посолено и малку посиромашно со хранливи материи, што предизвикало престанок на историски важниот риболов на сардини, но им дало предност на црвеноморските видови, кои се приспособени на посолената и посиромашна средина во Црвеното Море.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-17. Посетено на 2017-10-21.
- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-18. Посетено на 2017-10-21.
- ↑ Hydrocarbon Potential in Herodotus Basin, Eastern Mediterranean, p. 2
- ↑ „Ben-Gurion University of the Negev: Three Hundred Million Years Under the Sea“. Архивирано од изворникот на 2020-01-04. Посетено на 2017-10-21.
Литература
[уреди | уреди извор]- Özsoy, E. and H. Güngör (1993). The Northern Levantine Sea Circulation Based on Combined Analysis of CTD and ADCP Data, In: P. Brasseur (editor), Data Assimilation: Tools for Modelling the Ocean in a Global Change Perspective, NATO ASI Seeries, Springer-Verlag, Berlin.
- Sur, H. İ., Özsoy, E., and Ü. Ünlüata, (1992). Simultaneous Deep and Intermediate Depth Convection in the Northern Levantine Sea, Winter 1992, Ocean.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Левантско Море на Ризницата ?
- Проучување и анализа на настанокот на водните површини во Левантското Море Архивирано на 17 јули 2011 г. (англиски)
|