Бизмарково Море

Координати: 4°S 148°E / 4° ЈГШ; 148° ИГД / -4; 148
Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Бизмарковото Море

Бизмарково Море — мало погранично море во југозападниот дел на Тихиот Океан, северно од островот Папуа Нова Гвинеја и јужно од Бизмарковиот Архипелаг и Адмиралитетските Острови. Како и архипалагот, морето е наречено во чест на германскиот канцеларот Ото фон Бизмарк. Архипелагот се протега северно и источно од морето, заобиколувајќи го Бизмарковото Море и одделувајќи го од Тихиот Океан. На југ е поврзано со Соломонското Море преку протокот Витјаз.[1]

Во морето на 3 и 4 март 1943 г. се одиграла Битка во Бизмарковото Море за време на Втората светска војна, каде американските и австралиските воздхопловни сили [2]

Граници[уреди | уреди извор]

Бизмарково Море во рамките на Океанија
Местоположба на Бизмарковото Море во рамките на Океанија

Според Меѓународната хидрографска организација, Бизмарковото Море е „оној дел од Јужниот Тихи Океан кај североисточниот брег на Нова Гвинеја“, со следниве граници:[3]

на север и исток. По северниот и североисточниот брег на островите Нова Ирска, Нов Хановер, Адмиралитетските Острови, Пустиничкиот Остров и групата Ниниго, преку островите Ману и Ауа до Вувулу, а оттаму линија до ’ртот Бодисен во Нова Гвинеја (142°02' ИГД).

на југоисток. линија од јужниот крај на Нова Ирска долж напоредникот 4°50' ЈГШ до брегот на Нова Британија, долж нејзиниот северен брег, а оттаму линија од западниот крај преку северниот крај наостровот Умбој до ’ртот Телијата, Нова Гвинеја (5°55′S 147°24′E / 5.917° ЈГШ; 147.400° ИГД / -5.917; 147.400)

на југозапад. По северниот брег на Нова Гвинеја.

Минерално богатство[уреди | уреди извор]

Со неодамнешните испитувања на морското дно се откриени богати наоѓалишта на сулфиди, бакар, цинк, сребро и злато. Наодите имаат особено значење бидејќи се сместени во плитка и мирна вода. Правата на нивно искористување ги поседува Папуа Нова Гвинеја согласно меѓународното право.[4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bismarck Sea“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2007-07-15.
  2. „Pacific War Maps“. Посетено на 2007-07-15.
  3. „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
  4. „The Mineral Wealth of the Bismarck Sea“. Scientific American Digital. Посетено на 2007-07-15.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

4°S 148°E / 4° ЈГШ; 148° ИГД / -4; 148