Бизмарков Архипелаг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бизмарков Архипелаг
Karta PG Bismarck Archipelago.PNG
Карта на Бизмарковиот Архипелг
Географија
Место Папуа Нова Гвинеја
Координати 5°00′ ЈГШ 150°00′ ИГД / 
Поважни острови Нова Британија, Нова Ирска
Површина 49.700 км2
Управа
Регион Островски регион

Бизмарков Архипелаг (англиски: Bismarck Archipelago) — островска група североисточно од Нова Гвинеја, во западниот дел на Тихиот Океан. Управно влегува во состав на Островскиот регион на Папуа Нова Гвинеја. Зафаќа површина од околу 50.000 км2.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите жители на архипелагот се доселиле некаде пред 33.000 години од Нова Гвинеја, или со пловила преку Бизмарковото Море или преку привремен копнен мост создаден со подигање на Земјината кора. Подоцна се доселиле и други, како народот Лапита.

Првиот европееецa што ги посетил овие острови бил холандскиот истражувач Вилем Схаутен во 1616 г.[1][2] Островите останале ненаселени од европејци сè до нивното припојување како дел од протекторатот Германска Нова Гвинеја во 1884 г. Областа е наречена во чест на германскиот канцеларот Ото фон Бизмарк.

На 13 март 1888 г. на островот Ритер избувнал вулкан и предизвикал мегацунами. Речиси целата вулканска планина паднала во океанот и од неа останало само мало кратерско езеро.[3]

Во 1914 г. со почетокот на Првата светска војна, Австралиските поморски и воени експедициски сили го зазеле островот и Австралија подоцна ги добила од Лигата на народите како нејзина мандатна територија. Австралиско владение сè до независноста на Папуа Нова Гвинеја во 1975 г. со исклучок на јапонската окупација за време Втората светска војна.

Географија[уреди | уреди извор]

Архипелагот опфаќа претежно вулкански острови и се протега на на површина од 49.700 км2 во состав на Бизмарковото Море. Во тектонска смисла, сместен е на севернобизмарковата, манушката и јужнобизмарковата плоча.

Ова е список на острови во архипелагот, подредени по покраини:

Provinces of Papua New Guinea.
Брод за отворено морео од Луф. Етнолошки музеј - Берлин
Малаганска маска од Северна Нова Ирска

Морскиот премин помеѓу Нова Британија и Нова Ирска се нарекува Светигеоргиев Проток според Светигеоргиевиот Проток помеѓу Британија и Ирска.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sigmond, J. P. and Zuiderbann, L. H. (1976) Dutch Discoveries of Australia, Rigby, Australia. ISBN 0-7270-0800-5
  2. Spate, O. H. K. (1979) The Spanish Lake, Australian National University, Second Edition, 2004. ISBN 1-920942-17-3
  3. Ward, Steven N.; Day, Simon (септември 2003 г). Ritter Island Volcano —Lateral Collapse and the Tsunami of 1888. „Geophysical Journal International“ (Blackwell Publishing) том  154 (3): 891. doi:10.1046/j.1365-246X.2003.02016.x. Bibcode2003GeoJI.154..891W. 

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Firth, Stewart (1983). New Guinea Under the Germans. Carlton, Australia: Melbourne University Press. ISBN 0-522-84220-8.
  • Howe, K. R., Robert C. Kiste, Brij V. Lal, eds. (1994). Tides of History: The Pacific Islands in the Twentieth Century. Honolulu: University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-1597-1.
  • King, David et al. (1982). Papua New Guinea Atlas: A Nation in Transition. Bathurst, Australia: R. Brown and the University of Papua New Guinea. ISBN 0-909197-14-8.
  • Moore, Clive (2003). New Guinea: Crossing Boundaries and History. Honolulu: University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-2485-7.
  • Ryan, Peter, ed. (1972). Encyclopedia of Papua New Guinea. 3 volumes; Vol I: A - K, maps, black and white illustrations, xv + 588pp. Vol II: l - Z, maps, black and white illustrations, 589-1231pp. Vol III: Index, folding colour map in rear pocket, map, colour illustration, v + 83pp. Carlton, Australia: Melbourne University Press. ISBN 978-0-522-84025-4.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]