Островски Регион (Папуа Нова Гвинеја)
Изглед
| Островски регион Islands Region | |
|---|---|
| Регион | |
| Земја | |
| Најголем град | Арава |
| Површина | |
| • Вкупна | 89.803 км2 (34,673 ми2) |
| Население (2000) | |
| • Вкупно | 918.151 |
| • Густина | 10/км2 (26/ми2) |
| Час. појас | AEST (UTC+10) |
Островски Регион (Islands Region) — еден од четирите региони во Папуа Нова Гвинеја. Регионот го опфаќа Бизмарковиот Архипелаг и Северните Соломонски Острови, североисточно од копното. Ова е најретко населениот регион на земјата, со население од 750.000 (14% од државата)[1] и претставува историски посебна целина, што може да се забележи по превалентноста на австронезиските јазици и археолошки наоди на грнчарската култура Лапита - предок на неколку полинезиски култури.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Регионот се дели на пет покраини (поточно, четири покраини и еден автономен регион):
- Бугенвил (автономен округ)
- Западна Нова Британија
- Источна Нова Британија
- Манус
- Нова Ирска
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Попис на Папуа Нова Гвинеја од 2000 г.
| |||||||||||||||||||||||||