Прејди на содржината

Меѓународно право

Од Википедија — слободната енциклопедија

Поимот за меѓународното право има различни сфаќања, меѓутоа се подразбира дека се однесува на регулирањето односите мегу држави или народи во меѓународната заедница. Денес во науката и практиката на меѓународното право сретнуваме два вида, односно две правни гранки, тоа се:

  1. меѓународно јавно право, и
  2. меѓународно приватно право

Меѓународното јавно право претставува збир на правни норми и правила / принципи со кои се регулираат односите на поедините држави во светот, или меѓународни организации и држави односно меѓународни организации и меѓународни организации. Субјектите на правото се држави и меѓународни организации, а во поново време и човековите права и права на народите се вклучуваат во оваа гранка на меѓународното право.

Меѓународното приватно право исто така претставува збир на правни норми со кои се регулираат граѓанско-правните односи помеѓу поедниците од различни држави.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Игор Јанев, Мегународно право и мегународни односи, Институт за политички студии, Белград, 2012, ISBN 978-86-7419-244-3
  • Игор Јанев, Дипломатија, Институт за политички студии, Белград, 2013, ISBN 978-86-7419-261-0