Време на Антарктикот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта со приближни часовни појаси на Антарктикот. Станиците може да следат други појаси неозначени на картава.
UTC+00:00
UTC+03:00
UTC+06:00
UTC+07:00
UTC+08:00
UTC+10:00
UTC+12:00
UTC+13:00
UTC−06:00
UTC−03:00

Антарктикот лежи на секој меридијан бидејќи на него се наоѓа Јужниот Пол во кој сите тие се среќаваат. Теоретски ова значи дека Антарктикот би бил во сите часовни појаси; меѓутоа, подрачјата јужно од Јужниот Поларник имаат екстремни дневно-ноќни циклуси околу јунскиот и декемврискиот сонцестој, што го отежнува одредувањето на соодветен часовен појас. Од практични причини, појасите обично се водат според територијалните претенденти; од друга страна, многу станици го користат времето на земјите кои ги поседуваат, или на земјите што ги снабдуваат (на пр. Мекмердо и Амундсен–Скот користат новозеландско време бидејќи главната база за залихи им е во Крајстчерч, Нов Зеланд).[1] Станиците кои се физички блиску се водат во различни појаси бидејќи припаѓаат на различни земји. Многу краишта немаат часовни појаси бидејќи немаат дури ни привремено населени места. Таму едноставно важи UTC.[2]

Часовни појаси[уреди | уреди извор]

Ова се времињата во часовните појаси според нивниот запис во базите zone.tab и tz. Ова се однесува само на трајно населените станици. Некои летни станици може да следат поинакво време.

  Државен код* Координати* Назив на појасот* Забелешка* Отстапување Подрачје
Стандардно време ЛСВ
AQ −6448−06406 Антарктик/Палмер Палмер −03:00 не Палмерова Земја
AQ −6734−06808 Антарктик/Ротера Ротера −03:00 не Греамова Земја
AQ −720041+0023206 Антарктик/Трол Трол +00:00[3] +02:00 Земја на Кралицата Мод
AQ −690022+0393524 Антарктик/Шова Шова +03:00 не Земја на Кралицата Мод, Ендербиева Земја
AQ −6736+06253 Антарктик/Мосон Мосон +05:00 не Мак. Робертсонова Земја
AQ −7824+10654 Антарктик/Восток Восток +06:00 не Копнен Антарктик, Земја на Кралицата Мод
AQ −6835+07758 Антарктик/Дејвис Дејвис +07:00 не Вилксова Земја
AQ −6617+11031 Антарктик/Кејси Кејси +11:00 +08:00[4] Вилксова Земја
AQ −6640+14001 Антарктик/ДимонДирвил Димон-Дирвил +10:00 не Аделина Земја, Викториина Земја
AU −5430+15857 Антарктик/Маквори Остров Маквори +10:00 +11:00 Остров Маквори
AQ −7750+16636 Антарктик/Мекмердо Новозеландско време - Мекмердо, Јужен Пол +12:00 +13:00 Росова Зависност
AQ Антарктик/Јужен_Пол +12:00 +13:00 Јужен Пол

Координатите се однесуваат на географска ширина и должина, а за секоја од нив има по 2 до 3 цифри за степени, 2 цифри за минути и кај некои, по 2 цифри за секунди.

Време на Антарктикот is located in Антарктик
Палмер (-3)
Ротера (-3)
Восток (+6)
Шова (+3)
Мосон (+5)
Дејвис (+7)
Кејси (+8)
Димон-Дирвил (+10)
Мекмердо (+12)
Јужен Пол (+12)
Трол (0)
Местоположба на појдовните бази (Неприкажана: Маквори (+10) на Островот Маквори)

Летно сметање на времето[уреди | уреди извор]

Летното сметање на времето (ЛСВ) во голема мера не се користи на Антарктикот бидејќи 95 % од континентот се наоѓа јужно од Јужниот Поларник. Поради присуството на полноќното сонце, летното време е излишно, и само дополнително би го усложнило општењето со земјите кои полагаат право на подрачјата.

Сепак, неколку области како Росовата Зависност, а порано и Палмерова Земја, го следат летното време како што се смета во земјите од кои добиваат залихи — Нов Зеланд и Чиле.[1] Станува збор зе летото на јужната полутопка (обратно од северната), на која се наоѓаат овие две земји.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Local Time → Antarctica @ Time Genie“. Timegenie.com. Посетено на 24 јули 2013.
  2. „Current local time in Antarctica – South Pole“. Timeanddate.com. 7 април 2013. Посетено на 24 јули 2013.
  3. Forskingsstasjonen Troll (Norwegian Polar Institute) (The Norwegian text under the webcamera says "The time zone where Troll is located, UTC+0, is 1 hours behind Norwegian time". Contacts with the Norwegian Polar Institute has revealed that they use UTC+2 (Norwegian DST) during the dark winter, for communication simplicity, since no airplanes fly anyway then)
  4. „Time Zone & Clock Changes in Casey, Antarctica“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]