Рисер-Ларсенов Леден Гребен

Координати: 72°40′S 16°0′W / 72.667° ЈГШ; 16.000° ЗГД / -72.667; -16.000
Од Википедија — слободната енциклопедија
РЛЛГ во рамките на Антарктик
РЛЛГ
Местоположба на Рисер-Ларсеновиот Гребен
Поглед на гребенот

Рисер-Ларсенов Леден Гребен (англиски: Riiser-Larsen Ice Shelf, норвешки: Riiser-Larsenisen) — леден гребен на брегот на Земјата на Кралицата Мод на Антарктикот. Се протега во должина од 400 км, од ’ртот Норвегија на север до островот Лидан и Стенком-Вилсовиот Ледник на југ.

Откривање и именување[уреди | уреди извор]

Делови од ледениот гребен се забележани од Вилијам Спирс Брус во 1904, Ернест Шеклтон во 1915 и Јалмар Рисер-Ларсен во 1930 г. Најголемиот дел е фотографиран од воздух во 1951-52 г. од Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (NBSAE), и преку тие слики е разграничен од околината. Понатамошното одредување на јужната и копнената граници of the feature е извршено од воздушни фотографии направени од американската морнарица во операцијата „Длабоко замрзнување“ од 1967 до 1969 г. Гребенот е наречен во Норвешка, во чест на капетанот Јалмар Рисер-Ларсен, кој го истражувал ова подрачје на крајот од 1920-тите и почетокот на 1930-тите.

Место од орнитолошка важност[уреди | уреди извор]

На северниот брег на гребенот има предел од 477 ха составен од прицврстен мраз, 90 км југозападно од Заливот на Фоките и 140 км североисточно од ’ртот Весткап. Овој предел е прогласен за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи на него има колонија од 4.000 царски пингвини, чија бројност е утврдена на сателиска снимка од 2009 г.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Riiser-Larsen Ice Shelf“. BirdLife Data Zone. BirdLife International. 2015. Посетено на 22 ноември 2020.

72°40′S 16°0′W / 72.667° ЈГШ; 16.000° ЗГД / -72.667; -16.000