Рабно море
Изглед
Рабно море — море делумно опкружено од острови, архипелази или полуострови, во близина на отворени океани на површината и/или се граничи со поморски гребени на морското дно.[1]
Рабни мориња во светот
[уреди | уреди извор]Изворите се разликуваат за тоа кои мориња се сметаат за рабни, како и во тоа кое море припаѓа на кој океан. Не постои едно единствено тело за оваа работа.
Рабни мориња на Северноледениот Океан:
- Баренцово Море
- Бофортово Море
- Чукотско Море (одвоено од Врангеловиот Остров)
- Карско Море[2]
- Лаптевско Море (одвоено од Северна Земја и Новосибирските Острови)[3]
Рабни мориња на Атлантскиот Океан:
- Аргентинско Море
- Балтичко Море[4]
- Карипско Море[4]
- Ламанш
- Мексикански Залив
- Хадсонов Залив[1]
- Ирско Море (одвоено од Ирска)[4]
- Средоземно Море[4]
- Северно Море (одвоено од Велика Британија)[4]
- Норвешко Море (одвоено од Исланд, Фарските Острови и Шетландските Острови); и Гренландско Море[4]
- Море Скоша (одвоено од Фокландски Острови, Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови)
- Понекогаш и самиот Северноледен Океан се смета за рабно море на Атлантскиот Океан.[4][5]
Рабни мориња на Индискиот Океан:
- Андаманско Море (одвоено од Андамани и Никобари).[6]
- Арапско Море
- Бенгалски Залив
- Јаванско Море (одвоено од Големите Сундски Острови)
- Персиски Залив[4]
- Црвено Море[4]
Рабни мориња на Средоземното Море:
- Јадранско Море
- Егејско Море
- Алборанско Море
- Балеарско Море
- Црно Море[4]
- Критско Море
- Јонско Море
- Лигурско Море
- Тиренско Море
Рабно море на Црното Море:
Рабни мориња на Тихи Океан:
- Берингово Море (одвоено од Алеутските Острови)
- Целебеско Море[4]
- Корално Море (одвоено од Соломонските Острови и Вануату).[4]
- Источнокинеско Море (одвоено од островите Рјукју)
- Филипинско Море (одвоено од Огасавара Острови, Маријански Острови и Палау)
- Јапонско Море (одвоено од Јапонскиот Архипелаг)[4]
- Охотско Море (одвоено од Курилски Острови и Камчатка)
- Јужнокинеско Море (одвоено од Филипините)[4]
- Сулуско Море[4]
- Тасманско Море (помеѓу Австралија и Нов Зеланд)
- Жолто Море (одвоено од Кореја)[1]
Рабни мориња на Јужниот Океан:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 American Congress on Surveying and Mapping (1994). Glossary of the mapping sciences. ASCE Publications. стр. 469. ISBN 978-0-7844-0050-0. Посетено на 9 декември 2010.
- ↑ Kara Sea, Encyclopædia Britannica
- ↑ Laptev Sea, Encyclopædia Britannica
- ↑ 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 James C. F. Wang (1992). Handbook on ocean politics & law. Greenwood Publishing Group. стр. 14–. ISBN 978-0-313-26434-4. Посетено на 9 December 2010.
- ↑ Longhurt, Alan R. (2007). Ecological Geography of the Sea. Academic Press. стр. 104. ISBN 978-0-12-455521-1. Посетено на 13 December 2010.
- ↑ Andaman Sea, Encyclopædia Britannica
|