Хрватско Загорје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други значења, видете Загорје
Типична панорама во Загорје

Хрватско Загорје (хрватски: Hrvatsko zagorje) — културно-историска и географска област северно од Загреб, Хрватска. Се состои од целата област северно од планината Медведница, до Словенија на север и запад, и до областите Меѓимурје и Подравина на север и исток. Загорје било поделено на Крапинско-загорска жупанија и дел од Вараждинската жупанија по основањето на независна Република Хрватска. Хрватите оваа област обично го нарекуваат „Загорје“. Меѓутоа област со вакво име има и во Словенија, па затоа хрватскиот дел правилно се нарекува „Хрватско загорје“. Ако земеме в предвид лингвистички и други фактори, можеме да речеме дека и престолнионата Загреб спаѓа во Загорје.

Главен град на Загорје се Вараждин и Крапина. Често се вели дека овој град е културната престолнина на кајкавското наречје (хрватски дијалект). Секоја година во Крапина се одржува фестивал наречен Фестивал кајкавске попевке. Кајкавското наречје на хрватскиот е многу слично на словенечкиот јазик.