Медведница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Медведница
Medvednica.jpg
Поглед на Медведница од Сава
Највисока точка
Надм. вис.Сљеме 1033 м
Заведена какоприроден парк
Географија
Место Хрватска
Матичен венецМедведница
Шума на Медведница
Растителен свет на Медведница

Медведница или Загрепска Гора (хрватски: Medvednica или Zagrebačka gora) - планина северно од Загреб. Сљеме, нејзиниот највисок врв (1033 м), е популарно излетничко место до кое се стигнува по пат или пешки, планинарејќи. Од 1963 до 2007 година до Сљеме возела жичница.[1] Билото на Медведница е долго 42 км и се протега во насока североисток – југозапад. Планината е пошумена. Во 1981 година, западниот дел на Медведница е прогласен за природен парк .[2]

Скијање[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Скијалиште Сљеме.

На Сљеме се наоѓа скијачка патека која е една од локациите за натпревари во светскиот скијачки куп (Снежна кралица), а од јануари 2005 година, се одржуваат трки за женскиот светски скијачки куп. Скијалиштето располага со три скијачки жичници: троседешница и две влечници – сидра. Додадена е опрема за производство на вештачки снег и поради тоа сезоната на скијање е продолжена на повеќе од четири месеци. Постојат три начини за да се стигне до планината: по пат (со автомобил или автобус) или пеш (бројни планински патеки). Во минатото бил присутен и гондола лифт кој започнувал од населбата Грачани веднаш под Медведница. Жичарницата работела од 1963 до 2007 година, кога по големата грешка во машинската соба ги направила поправките економски невозможни.[3] Гондолата имала капацитет за четири лица, со патување од 23 минути, поминувајќи растојание од 4023 m. Новиот гондола-лифт ќе ја користи постојната рута проширена за 3 кмНа Медведница има десетици планински колиби за традиционални еднодневни патувања до планината. Поради својата близина до Загреб, Медведница има многу посетители, особено за време на викендите.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sljemenski lift do vrha Medvednice“. ZET. Архивирано од изворникот на 2009-07-08.
  2. „Osobna iskaznica“. Park prirode Medvednica. Javna ustanova "Park prirode Medvednica". Архивирано од изворникот на 2011-03-20.
  3. „Nova žičara sa 125 kabina gradit će se tek za tri godine“. Večernji list (хрватски). 16 April 2013. Посетено на 16 April 2013.
  4. Medvednica.info

Надворешни врски[уреди | уреди извор]