В’лтава
| В’лтава Vltava | |
| Река | |
Реката В’лтава низ Прага | |
| Земја | Чешка |
|---|---|
| Региони | Јуженочешки крај, Средночешки крај |
| Притоки | |
| - леви | Бероунка, Отава |
| - десни | Лужнице, Сазава |
| Градови | Чешки Крумлов, Ческе Будјејовице, Прага |
| Извор | Черни поток |
| - место | Черна Хора, Шумава |
| - височина | 1.172 м |
| - координати | 48°58′29″N 13°33′39″E / 48.97472°N 13.56083°E |
| Утока | Елба |
| - местоположба | Мјелник |
| - височина | 155 м |
| - координати | 50°20′29″N 14°28′30″E / 50.34139°N 14.47500°E |
| Должина | 430 км |
| Слив | 28.090 км2 |
| Истек | |
| - просечен | 149,9 м3/с |
| На Ризницата: В’лтава | |
В’лтава (чешки: Vltava, германски: Moldau) — најдолгата река во Чешка, лева притока на Лаба (Елба). Извира на североисточните ограноци на Шумава (Чешка Шума). Постојат три изворни крака именувани Топла, Ладна и Тревната В’лтава (Teplá, Studená и Travnatá Vltava).
В’лтава е долга 446 км, а површината на нејзиниот слив изнесува 28.090 км2. Кај месноста Мјелник се влева во Лаба. Просечниот проток кај Прага е 142 м3/с. Пловна е од Штеховица до устието, околу 84 км. Главни приотки од левата страна се Бероунка и Отава, а од десната страна Лужнице и Сазава. На реката се подигнати неколку хидроцентрали (Орлик, Штеховице и др.), додека пак најголема брана е Липно.
Чесите ја сметаат В’лтава за своја национална река. Позната е симфонијата „В’лтава“ од циклусот „Моја татковина“ (Má vlast) на чешкиот композитор Беджих Сметана.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Мостови на В’лтава во Прага
- Поглед на реката В’лтава во Прага
- Поглед на реката В’лтава во Прага

