Јалта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јалта
Ялта
Град
Зградата на градската администрација на Јалта
Зградата на градската администрација на Јалта
Знаме на Јалта
Знаме
Грб на Јалта
Грб
Јалта се наоѓа во Крим
Јалта
Местоположба на Јалта во рамките на Крим
Координати: 44°29′58″ СГШ 34°10′12″ ИГД / 
Држава  Русија (дефакто)
 Украина (деjуре)
Република  Крим
Општина Јалта
Надм. вис. 40 м
Население
 • Вкупно 134 909
Часовен појас MSK (UTC+4)
Поштенски број 98600 — 98639
Повик. бр. +380-654
Поранешно име Јалита (до XV век)
Мреж. место Официјална страница

Јалта (руски и украински: Я́лта; кримскотатарски: Yalta) — град на северниот брег на Црното Море во Република Крим, Русија. Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.[1]

Градот е сместен на местото на грчка колонија, која била основана од грчки морепловци кои барале сигурен брег (од каде што потекнува и името на градот; од грчкиот збор γιαλός). Се наоѓа во длабок залив свртен кон југ кон Црното Море, опкружен од пошумени планини. Се одликува со влажна суптропска клима со многу лозови насади и овоштарници во близина.[2]

Поимот „Голема Јалта“ се користи за да означи дел од јужниот брег на Крим, кој се протега од Форос на запад до Хурзуф на исток и го вклучува градот Јалта и многубројните урбани населби.

Историја[уреди | уреди извор]

XII - XIX век[уреди | уреди извор]

Постоењето на Јалта било прв пат забележано во XII век од арапски географ, кој го опишал како византиско пристаниште и рибарска населба. Станал дел од мрежата на трговските колонии на Џенова на кримскиот брег во XIV век, кога бил познат како Еталита или Галита. Крим бил освоен од Отоманската империја во 1475, кој преминал во полунезависна територија под власта на Кримското ханство, додека јужниот брег со Јалта бил под директно османлиско владеење под ејалетот Кефе (Феодосија). Јалта била освоена од Руската империја во 1783, заедно со остатокот на Крим, по руско-турската војна во 1787-1792. Пред освојувањето на Крим, кримските Грци биле преселени во Мариупол во 1778; едно од селата кои ги основале во близина е исто така наречено Јалта.

Во XIX век, градот станал омилено одморалиште за руското благородништво и нивните придружници. Лав Николаевич Толстој ги поминувал летата овде, а Антон Чехов во 1898 купил и своја куќа, каде живеел до 1902; Јалта е местото на дејството во расказот на Чехов „Дамата со кучето“, додека познатите претстави како Трите сестри биле напишани во Јалта. Градот бил исто така блиску поврзан со царството. Во 1889, царот Александар III ја завршил изградбата на дворецот „Масандра“, северно од Јалта, а Николај II го изградил дворецот Ливадија, југозападно од градот во 1911.

Во XX век[уреди | уреди извор]

Вила Елена во 1915

Во текот на XX век бил главно одморалиште на Советскиот Сојуз. Во 1920, Ленин издал декрет „за употреба на Крим за медицинско лечење на работниците“, поради што областа претрпела голема промена, од ексклузивно летувалиште станала место за одмор на изморените работници. Биле изградени бројни капацитети во и околу Јалта. Всушност имало уште само неколку места на кои советските граѓани можеле да одат на летен одмор, бидејќи патувањето во странство било забрането. Советските власти исто така доаѓале на Јалта; советскиот диктатор Јосиф Сталин го користел дворецот „Масандра“ како негова летна резиденција.

Јалта била окупирана од германската војска од 9 ноември 1941 до 16 април 1944.

Градот го привлекол вниманието на светот во 1945, кога се одржала Јалтската конференција помеѓу „големата тројка“ — Советски Сојуз, САД и Велика Британија — која се одржала во дворецот Ливадија.

Криза и враќање во Русија[уреди | уреди извор]

По немирите во Украина, во 2014 г. во Крим се јавува т.н. „Кримска криза“ поттикната од стравувања кај мнозинското руско население од загрозеност. Како последица од тоа Русија, извесни неофицијални единици и месното население издејствуваат смена на управата на републиката. Подоцна, парламентот на Крим носи одлука за припојување на Крим кон Русија под услов предлогот да помине на референдум во самиот Крим и Севастопол. Управата на Крим потоа распишува референдум за оцепување од Украина за 16 март истата година.[3] На референдумот, преку 96,77% од граѓаните искажале поддршка за присоединување кон Русија, при излезност од 83%.[4] Дел од Кримските Татари не излегле на гласање.

Современа Јалта[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на Советскиот Сојуз во 1991, Јалта се соочила со економски потешкотии. Многу од новите богаташи оделе на одмор во европските одморалишта, додека осиромашените граѓани не можеле да си дозволат одмор на Јалта. Сообраќајните врски до градот биле значително намалени и без малку бил запрен патничкиот поморски превоз (од 2009 функционира линија до Новоросијк). Најдолгата тролејбуска линија во Европа се движи помеѓу железничката станица во Симферопол и Јалта (околу 86 км). Јалта е навистина посетена во летната сезона, додека цените за сместување се висок. Многу од туристите доаѓаат од поранешните земји на Советскиот Сојуз.

Јалта има убав брег долж Црното Море. Постојат неколку плажи во близина на градот.

Две плажи во Јалта имаат добиено сино знаме од мај 2010, со што станале први плажи (со две плажи во Евпаторија) кои добиле сино знаме во земјите од поранешниот Советски Сојуз.[5]

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата во Форос е популарно место за венчавки
Ботаничка градина „Никицки“

Познати знаменитости во или во близина на Јалта се:

  • Приморското шеталиште на кое се наоѓаат бројни знаменитости и обновено пред десет години
  • Ерменската црква
  • Римокатоличката црква
  • Жичницата, која ги носи посетителите до ридот Дарсан, од кој се пружа поглед на брегот на Јалта
  • Обновениот хотел Таурика, првиот хотел во поранешната Руска империја со лифтови
  • Катедралата „Александар Невски“, изградена од архитектот Краснов, кој го изградил и Ливадискиот дворец и архитектот Теребењов
  • Поранешната главна зграда на хотелот на Министерството за одбрана, изградена во стил на готски замок
  • Дворец на емирот Бухара
  • Зоолошката градина во Јалта
  • Аквариум во Јалта, дом на мали делфини
  • Спомен-куќата на Антон Чехов
  • Спомен-куќата на Лесја Украинка
  • Куќа со каријатиди, каде живеел композиторот А. Спендијаров
  • Хотелскиот комплекс Јалта

Во предградијата на Јалта се наоѓаат:

Клима[уреди | уреди извор]

Бидејќи Јалта се наоѓа јужно од Кримските Планини и опградена со ридови, климата е многу свежа. Јалта има влажна суптропска клима (Кепенова климатска класификација: Cfa) која се граничи со средоземната клима.[2] Во февруари, просечната температура достигнува 4°C. Снегот е редок и многу ретко паѓа во градот. Во јули, просечната температура достигнува 24°C. Просечните годишни врнежи се 612 мм, најголем дел од нив во постудените месеци. Сонцето грее околу 2.169 часови годишно. Бидејќи градот е сместен на брегот на Црното Море, времето ретко знае да биде спарно. Просечната годишна температура во Јалта е 13°C.

Клима на Јалта
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Апсолутна максимална (°C) 17,8 19,0 27,8 28,5 33,0 34,2 39,1 39,1 35,0 31,5 25,3 22,8 39,1
Просечна максимална (°C) 7,1 7,1 9,5 14,4 19,8 24,7 28,2 28,4 23,4 17,8 12,4 8,6 16,8
Просечна температура (°C) 4,4 4,0 6,1 10,7 15,8 20,6 24,1 24,4 19,3 14,2 9,2 5,9 13,2
Просечна минимална (°C) 2,3 1,6 3,5 7,7 12,6 17,2 20,3 20,5 15,9 11,2 6,7 3,7 10,3
Апсолутна минимална (°C) −12,2 −12,3 −7,3 −3,8 2,8 7,8 12,2 8,9 3,9 −1,1 −8,9 −7,4 −12,3
Просечно кол. врнежи (мм) 76 60 51 33 34 36 31 46 41 53 68 83 612
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 11 9 10 10 9 9 6 6 8 9 10 12 109
Сончеви часови (месечно) 74,4 81,2 136,4 180,0 235,6 285,0 316,2 291,4 234,0 167,4 99,0 68,2 2.168,8
Шеталиште во Јалта

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001, населението во Јалта броело 80.500 жители. Главни етнички групи на Јалта се: Руси — 65,5%, Украинци — 25,7%, Белоруси — 1,6%, Кримски Татари — 1,3%.[6] Главен јазик во градот е рускиот. Овој вкупен број на жители не го вклучува населението во околните села и малите гратчиња. Метрополитенската област се претпоставува дека брои околу 139.500.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Јалта е збратимена со следниве градови:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Турчинов (20 март 2014). „Декларація "Про боротьбу за звільнення України" (Декларација „За борбата за ослободување на Украина“)“. Дума на Украина. http://zakon1.rada.gov.ua/laws/show/1139-18. конс. 24 април 2014 г. 
  2. 2,0 2,1 Котек, М.; Џ. Грисер, К. Бек. Б. Рудолф и Ф. Рубел. World Map of the Köppen-Geiger climate classification updated. „Meteorol. Z.“ том  15 (3): 259–263. doi:10.1127/0941-2948/2006/0130. http://www.schweizerbart.de/resources/downloads/paper_free/55034.pdf. конс. 28 август 2012 г. 
  3. Парламентот на Крим донесе одлука за припојување кон Русија - Нова Македонија“, Нова Македонија, 6 март 2014 (конс. 6 март 2014 г).
  4. Повеќе од 90 отсто од жителите на Крим се изјасниле за присоединување кон Русија - Нова Македонија“, „Нова Македонија“, 16 март 2014 (конс. 17 март 2014 г).
  5. Четири плажи на Крим добија меѓународни сертификати за чистота, Kyiv Post (12 мај 2010)
  6. Средишна статистичка служба на АР Крим, види «Ялта», ред №3.
  7. http://www.acapulco.gob.mx/sistercities/index.php?id=247
  8. http://es.db-city.com/M%C3%A9xico--Guerrero--Acapulco-de-Ju%C3%A1rez
  9. „Батуми - Збратимени градови“. Градско собрание Батуми. архивирано од оригиналот на 4 мај 2012. //web.archive.org/web/20120504220350/http://www.batumi.ge/en/?page=show&sec=5. конс. 10 август 2013 г. 
  10. „Villes jumelées avec la Ville de Nice“ (на француски). Ville de Nice. http://www.nice.fr/Collectivites/La-municipalite/Villes-jumelees-avec-la-Ville-de-Nice. конс. 24 јуни 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]