Кримски Планини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кримски Пл. се наоѓа во Крим
Кримски Пл.
Местоположба на Кримските Планини во рамките на полуостровот Крим

Кримски Планини (руски: Крымские Горы; украински: Кримські Гори; кримскотатарски: Qırım dağları) — планински венец кој се протега напоредно на југоисточното крајбрежје на Крим, на оддалеченост од 8-13 км од Црното Море. На западната страна нагло се спуштаат во морето, а на исток постепено преоѓаат во степски предели.

Составни масиви[уреди | уреди извор]

Составени се од три гребени. Највисок е Главниот, кој се дели на неклку масиви наречени „јајли“:[1]

Врвови[уреди | уреди извор]

Внатрешниот и Главниот Гребен со Чатир Даг
Поглед на Внатрешниот и Главниот Гребен од Надворешниот

Највисокиот врв во Крим е Роман Кош (Роман-Кош, Roman Qoş) на Бабуганската Јајла, со висина од 1.545 м. Други поважни врвови се:

Превои[уреди | уреди извор]

Најважни планински превои на Крим се следниве:

  • Ангарски Превој кај Перевалне, на патот од Алушта за Симферопол
  • Бајдарска Врата кај Форос, кој ја поврзува Бајдарската Долина со морскиот брег
  • Ласписки Превој кај ’ртот Аја, на патот од Јалта за Севастопол.

Реки[уреди | уреди извор]

Значајни реки на Кримските Планини се Алма, Чернаја и Салгир на северните падини и Учан Су на јужните која го образува истоимениот популарен водопад.

Археологија[уреди | уреди извор]

Во пештерскиот систем Буран Каја на Кримските Планини се пронајдени остатоци од најстариот анатомски современ човек во Европа. Фосилите се стари 32.000 години, а придружните предмети се сметаат за поврзани со Граветската култура. На останките се забележуваат засеци од посмртен обред, во кој е сечено месо од мртовецот.[2][3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. яйла (yayla) е кримскотатарскиот назив за ледина
  2. The Oldest Anatomically Modern Humans from Far Southeast Europe: Direct Dating, Culture and Behavior“, plosone, 17 јуни 2011 (конс. 21 јуни 2011).
  3. Carpenter, Jennifer. „Early human fossils unearthed in Ukraine“, BBC, 20 јуни 2011 (конс. 21 јуни 2011).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]