Чатир Даг
Чатир Даг | |
---|---|
Çatır Dağ | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.527 м |
Матичен врв | Еклизи Бурун |
Координати | 44°44′N 34°18′E / 44.733° СГШ; 34.300° ИГД |
Друго име | Çatır Dağ |
Географија | |
Место | Крим |
Матичен венец | Кримски Планини |
Чатир Даг (кримскотатарски: Çatır Dağ, руски: Чатыр-Даг, украински: Чатир-Даг) — планински масив во јужниот дел на полуостровот Крим, недалеку од автопатот Симферопол-Алушта. На кримскотатарски чатир значи „шатор“, а даг значи „планина“. Највисок врв е Еклизи Бурун со надморска височина од 1.527 м.
Преглед
[уреди | уреди извор]Планината се состои од две висорамнини: долна (северна) и горна (јужна). Долната благо се спушта по северната страна која е обрасната со степски треви. На јужниот крај (кај стрмната падина на повисоката висорамнина), долната висорамнина има букови шуми и смрекови полјани. Масивот има неколку планинарски патеки и исклучителни пештери. Источната страна на пониската висорамнина има корија од тиси.
Горната висорамнина е обликувана како џиновска вангла, а по ободотг се издигаат највисоките врвови. Горната висорамнина е прекриена со планински пасишта. Тука падините се многу стрмни и нудат прилики за алпинизам.
Геологија
[уреди | уреди извор]Масивот е класично карстно подрачје: има преку 200 пештери, јами, и пропасти. Има дури 1000 вртачи,[1] повеќе од сите Кримски Планини. По составот на карпата се дели на два структурни слоја. Горниот е дебел околу 1000 метри и се состои од варовници, настанати со таложењето од топлите мориња во горната јура, сместени врз црвно-кафеави конгломерати. Конгломератите пак, лежат на водоотпорен слој подолу, наталожени во горниот тријас и долната јура. Ова е познато како „тавридска низа“, која се состои од наизменично наредени зеленикави и црни аргилити, алевролити и песочници. Овие минерали се прилично распространети по целото јужно и југозападно крајбрежје на Крим.
Чатир Даг е населен уште од новото камено време. Од тој период е најдено бачило во месноста Јазовечка Полјана. Во пештерите живееле сточари и ловци (V век п.н.е.).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Чатир Даг“ на Ризницата ? |
- Пештерите на Чатир Даг (руски)
- Фотографии, опис на Чатир Даг Архивирано на 10 август 2016 г. (руски)
- Водич низ Чатир Даг (1975) Архивирано на 22 март 2009 г. (руски)
- Опис на планинарскиот правец Научниј — Алма — Чатир Даг (руски)