Акапулко
Акапулко | ||
---|---|---|
Град и општина | ||
Акапулко де Хуарез | ||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Mexico" does not existLocation in Mexico | ||
Координати: 16°51′49″N 99°52′57″W / 16.86361° СГШ; 99.88250° ЗГД | ||
Country | Мексико | |
State | Предлошка:Country data Guerrero | |
Founded | 1520s | |
Управа | ||
• President | Luis Walton (2012–2015) | |
Површина | ||
• Општина | 1.880,60 км2 (72,610 ми2) | |
• Градска | 85 км2 (33 ми2) | |
• Метро | 3.538,5 км2 (13,662 ми2) | |
Надм. вис.of seat | 30 м | |
Население (2012) | ||
• Општина | 687.608 | |
• Густина | 3,7/км2 (9,5/ми2) | |
• Метро | 1.021.000 | |
Демоним | Acapulqueño (a) | |
Час. појас | CST (UTC−6) | |
• Лето (ЛСВ) | CDT (UTC−5) | |
Postal code | 39300-39937 | |
Повик. бр. | 744 | |
Мреж. место | Матична страница (шпански) |
Акапулко или целосно Акапулко де Хуарез — град, општина и главно морско пристаниште во државата Гереро на тихоокеанско крајбрежје на Мексико, 300 километри (190 милји) југозападно од Град Мексико. Акапулко се наоѓа на висок, полукружен залив и бил пристаниште уште од почетокот на колонијалниот период од историјата на Мексико.[1] Тоа е попатно пристаниште за транспорт и крстарење помеѓу Панама и Сан Франциско, Калифорнија и САД.[2] Градот Акапулко е најголемиот град во државата, поголем е дури од главниот град Чилпанцинго. Акапулко е исто така најголемата плажа на Мексико и летувалиште со спа центри.[3]
Градот е познат како еден од најстарите и најпознатите места за одмор на плажа, кој станал значаен во 1950-тите како место за одмор на холивудските ѕвезди и милионери.[4] Акапулко е сѐ уште популарен по неговиот ноќен живот и привлекува многу туристи, иако повеќето од нив се од Мексико.[5][6] Пределот за летувалиште е поделен на два дела: северниот дел на заливот е „традиционален“ предел, каде што во средината на XX век познатите биле на одмор; и јужен дел каде доминирале поновите луксузни и многукатнички хотели.[7]
Името „Акапулко“ доаѓа од Ацтечки јазик „Aca-pōl-co“, и значи „каде што трските беа уништени и однесени“.[8] Во 1885 година на славниот Бенито Хуарез, поранешниот претседател на Мексико му се додало „Де Хуарес“ (de Juárez) на официјалното име. Печатот на градот е скршена трска или стап.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Од 8 век, во областа на Акапулко постоела мала култура во која првпат Олмеците доминирале, а потоа други за време на пред-шпанскиот период. Во заливот на Акапулко, имало две локации на Олмеците, еден близу до Плаја Ларга (Playa Larga) и друга на врвот познат како Ел Гитарон (El Guitarrón). Влијанието на Олмеците овде предизвикало мало раширување на селата за да се спојат со поголемите објекти и да се изгради церемонијални центри. Подоцна, влијанието на Теотивакан го направил своето овде преку Куернавака и Чилпанцинго. Потоа, влијанието на Мајанска цивилизација пристигнала од провлакот Тевантепек и преку она што сега е Оахака. Оваа историја е позната по археолошките ракотворби кои се откриле овде, посебно на Плажа Хорнос (Playa Hornos), Пи де ла Куеста (Pie de la Cuesta) и Тамбуко (Tambuco).[1] Во 11 век, овде се појавиле нови бранови на миграција на Нахуа и Коиксас. Овие луѓе биле претходници на Ацтеките. По четири години од воената борба, Акапулко станал дел од империјата на Ацтеките за време на владеењето на Ахуитзотл ( Ahuizotl) и се присоединиле кон приточната провинција наречена Тепекоакуилко (Tepecuacuilco); сепак ова било само краткотрајно, бидејќи Ацтеките можеле само да воспостават неорганизирана воена позиција во периферијата на градот, која што била на територија под управување на Јопите (Yopes), кои продолжиле да ги бранат и да живеат таму сè до пристигнувањето на Шпанците.[9]
Постојат две приказни за тоа како заливот Акапулко бил откриен од Европејците. Првото наведува дека две години по Шпанското освојување на Мексико, Ернан Кортес ги испратил истражувачите на запад да најдат злато. По 1523 година, истражувачите ја резервирале оваа област, и Кортес го овластил капетанот Саведра Церон (Captain Saavedra Cerón) за да најде населено место тука. Другото наведува дека заливот бил откриен на 13 декември 1526 година со помош на мал брод кој се викал Ел Тепаче Сантјаго (El Tepache Santiago) кој бил управуван од Сантјаго Гевара. Првиот легален систем бил основан во 1525 година во Какахуатепек (Cacahuatepec), кој е дел од современата градска управа на Акапулко. Во 1531 година, извесен број на Шпанци, особено Хуан Родригес Де Вилафуерте (Juan Rodriguez de Villafuerte), го напуштиле брегот на Оахака и го основал селото Вилафуерте, каде што сега е градот Акапулко. Вилафуерте не бил во состојба да ги покори локалните домородци, и ова на крајот завршило со востание (Yopa Rebellion) во регионот на Куатепек. Ернан Кортес бил обврзан да го испрати Васко Поркаио „Vasco Porcayo“ да преговара со тукашните луѓе за да им даде отстапка. Провинцијата на Акапулко станала легален систем на Родригес Де Вилафуерте кој примал даноци во форма на какао, памук и пченка.
Од почетокот на 1530-тите година, Кортес го основал Акапулко како главно пристаниште, со првиот главен пат помеѓу Град Мексико и пристаништето кое било констуирано од 1531 година. Пристаништето, кој се викал Маркес (Marqués), бил конструиран во 1533 година помеѓу местото Бруја ( Bruja Point) и местото Дијамант (Diamond Point). Набргу потоа, областа била прогласена за „алкадиа“ (главна провинција или град).
Шпанската трговија во Далечниот Исток би му дала на Акапулко видно место во економијата на Вицекралство Нова Шпанија. Од 1550 година, галионите од Азија почнале да пристигнуваат тука, и во таа година триесет шпански семејства биле испратени да живеат овде од Град Мексико за да имаат постојано место како европски жители.
Акапулко би станал второто најважно пристаниште, после Веракрус, поради неговата директна трговија со Филипините. Оваа трговија би се насочила кон годишната галеонска трговија на Манила и Акапулко ( Manila-Acapulco Galleon trade), која била врска на сите видови на комуникација помеѓу Нова Шпанија, Европа и Азија. Во 1573 година, пристаништето било доделено на монополот на трговијата на Манила.[2]
Галиската трговија го направила нејзиното годишно одвивање од средината на 16 век до почетокот на 19 век. Луксузните предмети, кои ги донеле на Нова Шпанија, го привлекле вниманието на англиски и холандски пирати, како што се Френсис Дрејк, Хенри Морган и Томас Кевендиш, кој ги нарекле „Црниот Брод“.[4][7] Сан Диего Форт (San Diego Fort) бил изграден, за да го заштити пристаништето и товарните бродови. И покрај постоењето на тврдината, една холандска флота го освоила Акапулко во 1615 година, уништувајќи голем дел од градот и тврдината пред да си заминат. Земјотрес ја уништил тврдината во 1776 година и повторно била изградена во 1783 година. Во почетокот на 19 век, кралот Чарлс IV го прогласил Акапулко за државен град и станал неопходен дел од Шпанската Круна. Сепак, не долго откако започнала Мексиканската војна за независност. Во 1810 година, Хосе Марија Морелос Павон (José María Morelos y Pavón) го нападнал и го запалил градот, откако го поразил ројалистичкиот командант Франциско Перес во битката „Tres Palos“. Независноста на Мексико во 1821 година завршила со бегство на галијата на Манила. Значењето на Акапулко како пристаниште било пронајдено за време на Калифорниска трка за злато (California Gold Rush) во средината на 19 век, со бродови кои оделе и доаѓале од Панама застанувајќи овде.
Во 1911 година, Мексиканската револуција ја презела главната плажа на Акапулко. Во 1920 година, принцот од Велс (идниот крал Едвард VIII) ја посетил областа. Воодушевен од она што го видел, тој го препорачал местото на неговите сонародници во Европа, правејќи го местото популарно за елитата таму. Стопанственик, по име Алберт Б. Пулен од Кориган, Источен Тексас, изградил многу необични хотели и трговска инфраструктура во областа сега позната како Старо Акапулко. Но, некои други ги изградиле најпознатите хотели. Во 1933 година, Карлос Бернард го започнал првиот дел на хотелот Ел Мирадор ( Hotel El Mirador)[10] со 12 соби на гребенот на Ла Кебрада. Волф Шоенборн купил голема сума на необработена земја, а Алберт Пулен го изградил хотелот „Лас Америкас“( Las Americas Hotel).
Во средината на 1940-тите години, биле изградени првото трговско пристаниште и складиште. Во почетокот на 1950-тите години, претседателот Мигел Алеман Валдес ја подобрил инфраструктурата на пристаништето, инсталирајќи електрични линии, системи за одводнување, патишта и првиот автопат за поврзување на пристаништето со Град Мексико.
Економијата пораснала и со тоа странските инвестиции. За време на 1950-тите години, Акапулко станало популарно место за богатите холивудски ѕвезди како што се: Елизабет Тејлор, Френк Синатра, Еди Фишер и Бриџит Бардо. Поранешниот свинг музичар Теди Стофер, наречен „Господин Акапулко“ ("Mister Acapulco") бил раководител во хотели („Вила Вера“, „Казабланка“), кој привлечел многу од познатите личности во Акапулко.[11]
Од популација од само 4.000 или 5.000 во 1940-тите години, Акапулко имал популација од околу 50.000 од почетокот на 1960-тите години. Во 1958 година, Папа Пиј XII ја создал Епархијата на Акапулко. Во 1983 година станал архиепископија.[12]
За време на 1960-тите и 1970-тите години се граделе нови хотелски центри, а сместувањето и превозот биле направени поевтини. Не било потребно да бидеш милионер за да отидеш на одмор во Акапулко; странците и средно мексиканската класа можеле да си допуштат да патуват овде. Сепак, како што повеќе хотели се граделе во јужниот дел од заливот, старите хотели од 1950-тите години го изгубиле нивниот раскош.[13]
Во 1970-тите години, постоела значајно развивање на пристаништето. Свечената приредба Мис Универс во 1978 година ( Miss Universe 1978) зазела место во тој град, подоцна во таа декада. Во 1983 година, кантавторот Хуан Габриел ја напишал песната „Amor eterno“, која оддава почит на Акапулко. Песната прва ја снимила познатата Роцио Дурцал. Покрај тоа, Акапулко е роден град на глумицата, пејачка и комичарка Аида Пиерсе, која станала позната во текот на 1980-тите, 1990-тите години и првата декада од 21 век.
За време на 1990-тите години, бил изграден патот познат како Рута Дел Сол (Ruta del Sol), кој ги поминувал планините помеѓу Град Мексико и Акапулко. Патувањето трае само околу три и половина часа, правејќи го Акапулко омилена викенд- одредиште за жителите на Град Мексико. Пристаништето продолжило да се развива, и во 1996 година била создадена нова приватна фирма „АПИ Акапулко“ (API Acapulco) за да извршува функција. Ова консолидирана функција и сегашниот Акапулко е главно пристаниште за извоз на автомобили на Тихиот Океан.
Во 1997 година, ураганот Паулин го опустошил градот. Бурата заглавила туристи и оставила повеќе од 100 мртви во градот. Повеќето од жртвите биле од сиромашни квартови изградени на стрмни падини што го опкружуваат градот. Други жртви биле однесени од бранови од триесет метри и ветрови од 150 милји на час (150 mph) (241 км/ч).
Во 2000 година, војната против нарко-картелите во Мексико имала негативен ефект на туризмот во Акапулко, бидејќи соперничките трговци со дрога се борат едни со други за брегот Гереро, преку кој се доведува дрога од Јужна Америка, исто како и војниците кои се борат на картелите од 2006 година.
Голема вооружена битка, која траела со часови, се случила во текот на летото на 2009 година во крајбрежната област на Стариот Акапулко, помеѓу 18 вооружени лица и војници при што загинале 16 од вооружените лица и двајца војници. Ова дошло, порано во годината, по свинскиот грип кој речиси ја парализирал Мексиканската економија, принудувајќи ги хотелите да им даде попусти на туристите да се вратат назад. Меѓутоа, времетраењето на хотелите за 2009 година паднало за 5 проценти од претходната година. Смртта на Артуро Белтран Лејва, во декември во 2009 година, довела до борба за власт помеѓу различни етнички групи во рамките на картелот Белтран Лејва.
Насилството на бандата продолжило да го вознемирува Акапулко во текот на 2010 година и во 2011 година, особено со најмалку 15 смртни случаи во насилство поврзано со дрога на 13 март 2010 година и други 15 смртни случаи на 8 јануари 2011 година. Меѓу првите жртви на првиот инцидент биле 6 членови на градската полиција и братот на поранешниот градоначалник.[14] Во вториот инцидент, обезглавените тела на 15 млади мажи биле пронајдени фрлени во близина на трговскиот центар Плажа Сендерос (Plaza Senderos).[15] На 20 август 2011 година, Мексиканските власти изјавиле дека пет обезглавени тела биле најдени во Акапулко, од кои три се наоѓале во главната туристичка област на градот и две биле пресечени на повеќе парчиња.[16] На 4 февруари 2013 година, шест Шпанци биле врзани и ограбени и шест шпански девојки со нив биле групно силувани од пет маскирани вооружени лица кои упаднале во куќа на плажа на периферијата на Акапулко.[17]
Географија и клима
[уреди | уреди извор]Градот, кој се наоѓа на Тихоокеанското крајбрежје на Мексико во државата Гереро, се класифицира како една од седумте региони во државата, поделувајќи го остатокот од крајбрежјето Гереро на Коста Гранд и Коста Чика.[18] Четириесет проценти од околината е планинско земјиште. Другите четириесет проценти е полурамно, и другите 20 проценти е рамно земјиште. Надморската височина се менува од нивото на морето до 1.699 метри (5.574 стапки). Највисоките врвови се: Потреро, Сан Николас и Алто Камарон. Постои една голема река „Папагајо“ (Papagayo), која тече низ околијата, заедно со голем број на потоци. Исто така, постојат две мали лагуни, Трес Палош и Којука (Tres Palos and Coyuca) заедно со голем број на термални извори.
Акапулко има саванска клима: топло со одредени влажни и суви сезони, со дури повеќе разлики во температурата помеѓу сезоните отколку летувалиштата далеку на северниот дел во Мексико, но ова се менува во зависност од надморската височина. Најтоплите области се веднаш до морето, каде што е градот. Тропски бури и урагани се закана од мај до ноември. Областа со шума има тенденција да ги изгуби листовите за време на сувата сезона на зимата, со зимзелени борови на највисоката надморска височина. Фауната се состои претежно од елен, мали цицачи, широка разновидност на земјени и морски птици, како и морски животни како што се желките.
Температурата на морето е доста стабилна, со ниска температура од 77 фаренхајтови степени 77 °F (25 степени целзиусови 25 °C) помеѓу јануари и март , и висока од 84 фаренхајтови степени 84 °F (29 степени целзиусови 29 °C) во август.[19]
Влада
[уреди | уреди извор]Како седиште на локалната управа, градот Акапулко е владина сопственост на повеќе од 700 други општини[3], кои заедно имаат територија од 1.880,60 км2 ( 1,880.60 km2 ). Оваа локална управа се граничи со општините на Чилпанцинго, Хуан Р. Ескудеро (Тиера Колорада), Сан Маркос, Којука де Бенитез со Тихоокеанскиот океан на југ.
Градското подрачје го сочинуваат општините на Акапулко де Хуарес и Којука де Бенитез (Acapulco de Juárez and Coyuca de Benitez). Оваа област има популација од 786.830 жители (од 2005 година).[20]
Економија
[уреди | уреди извор]Туризмот е главна економска активност на општината и повеќето од ова се наоѓа на брегот на Акапулко. Околу седумдест и три проценти од населението на општината се занимава со трговија, а повеќето од нив се поврзуваат со туризмот и пристаништето. Рударството и производството вработува помалку од дваесет проценти, а само околу пет проценти се посветени на земјоделството. Индустриското производство е ограничено главно на флаширање, млечни производи, производство на цемент, како и производство на мраз и енергија. Земјоделските производи се: домати, пченка, лубеница, грав, зелени лути пиперки и дињи.
Туризам
[уреди | уреди извор]Акапулко е еден од најстарите крајбрежни туристички одредишта на Мексико, кое постигнало важност во 1950-тите години како место каде холивудските ѕвезди и милионери одмарале на егзотични места на плажата.[21] Но, во сегашни времиња, туристите во Акапулко се соочуваат со проблеми со локалните поткупени полицајци кои им ги земаат парите на посетителите преку уценување и заплашување со закани за затвор.[22][23][24] „Оригиналното“ Акапулко е на севрниот крај на заливот, каде се наоѓаат хотелите во сопственост на личности како Џони Ваисмилер и Џон Вејн. Ова е местото каде се наоѓа дрвената патека и градскиот плоштад, а денеска областа е исполнета со модерни хотели со мексикански-стил и со дискотеки и ресторани во непосредна близина. Овој крај на заливот е исто така познат како „Традиционал“ или „Наутика“ ("Tradicional" or "Nautica").
Јужниот дел на заливот го опфаќаат поновите градби, вклучувајќи многукатни хотели. Оваа област ги вклучува Пунта Диаманте, Пуерто Маркес и се протега од аеродромот до реката Папагајо, која ја одделува областа од постарите делови на градот. Во оваа област, никој не оди пеш, бидејќи целиот транспорт речиси го сочинуваат: автомобил, лимузина, или голф количка. Постариот дел од градот сега ја задоволува претежно средната класа, речиси исклучиво мексикански муштерии, додека пораскошните нови делови ги задоволуваат меѓународните посетители и мексикански повисоки класи, од кои никогаш не вложиле во постариот, традиционален дел од градот.
Добриот глас на Акапулко е оној на град со висока енергија за забава, каде еден може да има вечера на полноќ, да танцува сè додека не падне а потоа да се одмара на плажата во текот на денот. Ноќниот живот долго била главна туристичка атракција во градот.[6] Од ноември до април, луксузните линиски бродови дневно застануваат овде и опфаќаат бродови како што се: МС Кралица Викторија (MS Queen Victoria), МС Ротердам (MS Rotterdam), Кристал Хармони (Crystal Harmony) како и Принцес (Princess) линиските бродови. Покрај интернационалната популарност на Акапулко, повеќето од неговите посетители се од центарот на Мексико, посебно богатите од Град Мексико.
За сезоната Божиќ во 2009 година, Акапулко примил 470.000 посетители, од кои повеќето се мексикански државјани, кои додале 785 милиони пезоси на економијата. Осумдесет проценти паристигаат по копно и 18 проценти воздушно.[25] Областа има над 25.000 станови, од кои повеќето функционираат како втор дом за нивните мексикански сопственици. Акапулко е сѐ уште популарен по мексиканските познати и богати личности, како што се Луис Мигел, Пласидо Доминго, и Долорес Олмедо, кои си имаат домови овде.
Иако голем дел од раскошот и убавината, кои го направија Акапулко познат, сѐ уште останува, подоцна од XX век па натаму, градот применува други помалку позитивни угледи. Некои сметаат дека е „старомодно“ летувалиште, и дека бил надминат од поновите Канкун и Кабо Сан Лукас. Со текот на годините, овде се развивале голем број на проблеми, особено на заливот и на постарите делови на градот. Познати проблеми се голем број на скитнички продавачи на плажа како што се Тамаридос, кој нудат се, од весници па сè до масажи. Тоа е вознемирувачко за туристите кои само сакаат да се одморат на плажата, но владата вели дека тешко е да се искорени, бидејќи има многу невработеност и сиромаштија овде.[26] Околу градот се малите сиромашни квартови кои се наоѓаат до планинските падини, населени со мигранти кои дошле тука во потрага по работа. Проституцијата е исто така нормално тука. Во последната декада, насилства кои биле поврзани со дрога, предизвикале проблеми за локалната туристичка трговија.[6]
Друг проблем е ѓубрето кое се насобирало на брегот. Иако 60,65 тони биле извадени од заливот на Акапулко и во близина на Зихуатенејо, потребно е повеќе да се направи околу тоа. Поголемиот дел од отстранувањето на ѓубрето се прави за време кога не е сезоната, на плажата и во водите најблиску до нив. Сепак, центарот на заливот не е допрен. Причината поради која ѓубрето свршува во заливот е тоа дека овде е вообичаено да се фрла на улици, реки, и на заливот. Највообичаените предмети кои се чистат од заливот се шишиња од пиво и автомобилски гуми.[27]
Атракција
[уреди | уреди извор]Главната атракција на Акапулко е неговиот ноќен живот, како што било многу декади порано.[6][28] Ноќните клубови често ги променуваат нивните имиња и сопственици. Неформалните коктел барови во претсобјето и покрај базенот често нудат бесплатни забави во живо. Покрај тоа, постои зона на барови на плажа, каде што младите одат со друштвото. Овие се наоѓаат по должината на патот Костера, со поглед накај океанот и се истакнуваат со техно или алтернативен рок. Повеќето од нив се концентрирани помеѓу хотелите Фиеста Американа и Континентал Плажа. Овие места имаат тенденција да се отворат порано и да имаат повеќе неформални збогатувања. Постои, исто така, банџи скокање во оваа област.
Друга таинствена атракција на Акапулко се нуркачите на Кебрада. Традицијата почнала во 1930-тите години кога млади луѓе повремено се натпреварувале еден против друг за да се види кој може да се нурне од највисоката точка во морето надолу. На крајот, месните жители почнале да бараат бакшиш од оние кои доаѓале да гледат како нуркат.[29] Денес, нуркачите се професионалци[29], кои нуркаат од височини на четириесет метри на водена површина која е само седум метри широк и четири метри длабока, откако ќе се помолат прво во цркавата на Богородица од Гвадалупе. На 12 декември, на црковниот празник Богородица, нуркачите кои слободно нуркаат по клифот скокнале во морето за нејзина чест. Нуркачите се движат од наједноставните до најкомплицираните места и завршиле со „Огнен океан“, кога морето е осветлено со бензин, правејќи круг од пламен, кој еден нуркач го има за цел. Претставата може да се види од јавното место каде се наплатува или од барот или од терасата на ресторантот од хотелот Плажа ле Глориас/Ел Мирадор.[30]
Постојат голем број на плажи во заливот на Акапулко и непосредното крајбрежје. Во соодветниот залив таму се Ла Ангоста, Калета, Калетила, Домингуило, Тлакопаноча, Хорнос, Хорнитос, Хонда, Тамариндо, Кондеса, Гитарон, Икакос, Плауела, Плауелита, и Плаја дел Секрето. Во околината, во помалиот залив на Пуерто Маркес постојат Пичилингуе, Лас Брисас, и Плаја Рогета.bСамо северозападно од заливите кои се соочуваат со океанот на отворено е Пи де ла Куеста и на југоисточно се Плаја Револкадеро, Плаја Аеромар, Плаја Енкантада и Бара Виеџа. Две лагуни се во областа, Којука(Coyuca) на северозапад на заливот на Акапулко и Трес Палос (Tres Palos) на југоисток. Двете лагуни имаат ризофора и нудаат тури со брод. Во Трес Палос исто така има место каде се гнезди морската желка која е заштитена.[31]
Во прилог на сончањето, плажите низ целиот залив нудат голем број на услуги, како што се изнајмување на брод, патувања со брод, јавање коњи, нуркање и други водни спортови. Еден од полуларните крстарење е од плажата Калетила до островот Рогета, каде постојат места за да нуркат, да ручаат, да посетат мала зоолошка градина и светилник. Исто така тука постои и подводна статуа на Богородица од Гвадалупе, која била создадена во 1958 година од Армандо Кесадо (Armando Quesado) во сеќавање на група на нуркачи кои умреле овде. Многу од нуркачките тури доаѓаат во оваа област, каде што има потонати бродови, морски планини, и пештерски карпести формации.[32] Друга популарна активност е риболовот длабоко во морето. Главната атракција е ловење на риби на брод. Уловените риби овде имаат тежина меѓу 89 и 200 фунти. Рибите сабјарки се толку изобилни што капитените на брод знаат да се обложат со потенцијален клиент дека ако тој не фати ништо, патувањето е бесплатно.[7][32]
Во стариот дел од градот, постои традиционален главен плоштад кое се вика Зокало (Zócalo), кој е уреден со дрвја кои држаат ладна сенка, кафулиња и продавници. На северниот крај од плоштадот е катедралата Нуеста Сењора де ла Соледад (Nuestra Señora de la Soledad), со сини сводови во форма на круг и Византиски тврдини. Градбата е конструирана како дел од филм, но подоцна било применето во црква. Најголемата историска градба на Акапулко е Сан Диего Форт, која се наоѓала на исток од главниот плоштад и оригинално била изградена во 1616 година за да го заштити градот од нападот на пиратите. Холанѓаните делумно ја отстраниле тврдината во средината на 17 век, а била и повторно изградена, а подоцна пак уништена во 1776 година од земјотрес. Од 1783 година, таа била пак повторно изградена и ова е градбата која може да се види денеска, непроменета, со исклучок на реновирањето кое било направено во 2000 година. Делови од ендеците остануваат како и одбранбени ѕидови и пушкарници.[33][34] Денес тврдината служи како Историски Музеј на Акапулко ( Museo Histórico de Acapulcо), кој ја покажува историјата на пристаништето од пред-шпанскиот период сè до независноста. Исто така, постојат привремени изложби.[30]
„The Centro Internacional de Convivencia Infantial“ или (CICI) е воден парк кој се наоѓа на Костера Алеман. Тоа нуди базени, лизгалки во вода и тобогани. Исто така постои дневна претстава на делфини и програма за пливање со делфини. Центарот најповеќе ги задоволува децата.[30][31] Друго место кое е популарно со деца е паркот Папагаио (Parque Papagayo): голем семеен парк кој има копија на шпански галион во природна големина и обемот на вселенскиот брод Колумбиа, три вештачки езера, кафез, лизгалиште, вртелешки, рачна количка и друго.
Куќата Долорес Олмедо се наоѓала кон традиционалниот центар на градот Акапулко и се сметала за фреска од Диего Ривера, кој ја накитил. Кога Олмедо бил дете, Олмедо и Ривера биле пријатели, а Ривера ги поминал последните две години од неговиот живот овде. Во тоа време, тој сликал речиси без престан и создавал надворешни ѕидови со мозаик обложен со плочки, кој ги карактеризирал божествата на Ацтеките, како што е Кецалкоатл (Quetzalcoatl). Внатрешниот дел од куќата е покриена со фрески. Куќата не е музеј, па само надворешните ѕидни слики/фрески можат да ги видат луѓето.
Постои мал музеј кој се викал Каса де ла Маскара (куќата на маските) која е посветена на маски, повеќето од нив се од Мексико, но постојат примери од многу делови на светот. Колекцијата содржи околу илјада примероци и биле поделени на седум соби кои се наречени: Маски на светот (Masks of the World), Мексико низ историјата (Mexico across History), Хуичоли и јагуар (The Huichols and the Jaguar), ]]Алебрије и танцувачи на Гереро]](Alebrijes and Dances of Guerrero), Ѓаволи и Смрт (Devils and Death), Идентитет и Фантазија (Identity and Fantasy), и Афро-индиски маски (Afro-Indian masks). Ботаничката градина на Акапулко е тропска градина која се наоѓа на земјата во сопственост на Универзитетот Лојола дел Пацифико (Universidad Loyola del Pacífico). Повеќето од растенијата овде потекнувааат од овој регион, а многу како тропското дрво „Peltogyne mexicana“ или виолетово бодликаво дрво, е во опасност на изумирање.
Годишниот француски фестивал се одржува низ градот Акапулко и нуди многубројни настани кои ја спојуваат врската меѓу Мексико и Франција. Главните одлики се модни претстави и саемот за гурманската храна. Синеполис Галериас Диана (Cinépolis Galerías Diana) и театарот Хуан Руис де Аларкон (Teatro Juan Ruíz de Alarcón) ги претставува француските литературни фигури кои одржуваат говори на нивните специјализирани предмети. Дури некои од локалните дискотеки ги истакнуваат француските Д-џеј.[35] Други прослави кои се слават овде се карневалите, славење на Сан Исидро Лабрадор на 15 мај и саем за занает и сточарство во ноември кој се нарекува Нао де Кина.
Постојат голем број на терени за голф во Акапулко, вклучувајќи ги теренот „Акапулко Принцез“ и „Пјер Маркес“, кој подоцна Роберт Трент Џонс во 1972 година го создал за турнирот на светско првенство на голф. Педро Гуерика го создал теренот за голф „Мајанската палата“ и економичниот терен кој се нарекувала Клуб за голф во Акапулко (Club de Golf Acapulco) и е близу до центарот за состаноци. Најисклучителниот терен за голф е оној на Трес Видас Клубот кој го создал Роберт фон Хаге(Robert von Hagge). Се наоѓал близу до океанот и е место на живеење на јато на патки и други птици.
Акапулко исто така има арена за корида која се нарекува Плажа де Торос, близу до плажата Калетила. Сезоната трае за време на зимата и се нарекува Фиеста Брава.
Пролетен одмор
[уреди | уреди извор]Преку 100.000 американски тинејџери и млади луѓе патуваат на местата за одмор и на спа центрите низ Мексико за време на пролетниот одмор секоја година.[36] Главната причина зошто студентите се насочуваат кон Мексико е бидејќи таму дозволуваат да се пие алкохол на 18 години (наспроти Америка каде е на 21 година), понекогаш тур-операторите го продавале на сонцето и океанот. Ова станало привлечно од 1990-тите години, посебно од потрадиционалните места за пролетен одмор како што е плажата Дајтона, Флорида, со прописни ограничувања за пиењето и други однесувања. Овој закон ја наметнува посетата за време на пролетниот одмор во различните делови на Мексико, вклучувајќи го Акапулко како еден од врвните одредишта.[37]
Во доцните 1990-тите и раните 2000-ти години, Канкун бил избран како место каде може да се поминува пролетниот одмор. Сепак, Канкун презема некои чекори за да се справи со несовесните однесувања кои се поврзуваат со настанот, а студентите бараат некое ново место. Ова води кон многу повеќе за да се избере Акапулко, без оглед на фактот дека за многу патувачи, патувањето е подолго и поскапо од Канкун. Раскошните хотели на јужната страна и познатиот ноќен живот на Акапулко привлекуваат многу туристи.[38] Во 2008 година, 22.500 студенти дошле во Акапулко на време на пролетниот одмор. Хотелите не се тоа што биле во 2009 година, а тоа се должи најповеќе на економската ситуација во Соединетите Американски Држави,[39] и делумно поради стравот од насилство поврзано со дрога.[40]
Во февруари 2009 година, Министерството на САД издал известување кое е поврзано со студентите на колеџ кои планираат патување за време на пролетниот одмор во Акапулко.[41] Предупредувањето резултат на насилната активност која извира од поразот на картелот за дрога на Мексико-содржи студентски кампуси поради метежот, така што некои училишта ги предупредуваат нивните студенти за ризикот околу патувањето во Мексико за време на пролетниот одмор. Весникот Њујорк Тајмс (New York Times) го следел патувањето на еден студент на универзитетот на Пенсилванија за време на пролетниот одмор во Акапулко само една недела по пропагирањето на електронската пошта, додека Бил О'Рејли посветил дел од неговата емисија, Факторот, О'Рејли (The O'Reilly Factor), за да се држат студентите подалеку од Акапулко.[42] Во јуни 2009 година, голем број на инциденти се случиле помеѓу делот за дрога и владата. Овие влкучуваат координирани напади врз полициската станица и отворени борби на улиците, вклучувајќи оружје со голем калибар и гранати.[43] Сепак, немало пријавени инциденти на насилство против оние кои дошле на одмор.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Од САД, голем број на авиокомпании сега летаат со Меѓународниот аеродром Хуан Н. Алварес (Juan N. Álvarez International Airport) годишно. Во градот, постојат многу услуги со автобуси и такси кои можат да те однесат од едно место на друго, но повеќето од месните жители избираат да одат пешки до нивните одредишта. Сепак, важен начин на транспорт е системот „Колективо“ со кочија кој е помогнат од владата. Овие кочии чинат 13 пезоси од едно лице за да се извозат, но тие не се приватни. Возачот ќе собере повеќе патници колку што има слободни места, и ќе ги пренесе нив до нивното одредиште врз основа на тоа кој прв ќе дојде тој ќе биде прв услужен. „Колективо“ одредува област на градот на секое патување, трите главни се Костера, Колосио, Колосо или насекаде од овие три. Кочијата на Колосо патува главно до стариот Акапулко. Кочијата на Колосио патува повеќе низ туристичката област на Акапулко. Кочијата на Костера патува надолу и нагоре по крајбрежјето на Акапулко, каде повеќето хотели за посетители се сместени таму, но кој вклучува некои од стариот Акапулко. Она каде возачот ќе ве однесе делумно е негов избор. Некои посакуваат да патуваат до други одредени области, особено за време на доцниот период од денот.
Системот за автобуси е многу сложен и може да биде прилично збунувачки како странец. Што се однесува до транспортот, тоа е најевтина форма, освен пешачењето во Акапулко. Најскапите автобуси имаат климатизација, додека поевтините автобуси го немаат тоа. За туристите, владата на градот Акапулко вовела систем на жолти автобуси со натписот Акапулко! насликан на едната страна. Овие автобуси не се само за туристи, па тие се секако најубави и исти од системот автобуси. Овие автобуси поминуваат низ туристичките делови на Акапулко, возејќи нагоре и надолу по брегот. Генерално, постојат автобуси со посебни правци и одредишта, кои се напишани на нивните шофершајбни или седи лице на предното седиште и извикува. Можеби најнеобичното нешто во врска со приватните автобуси е фактот што тие сите се украсени и персонализирани, со транспарентна налепница и цртежи направени како домашен ентериер, кои вклучува сцени од комични книги до еротски теми, па дури и теми од „Хело Кити“ (Hello Kitty).
Акапулко како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Патување во Акапулко“ (Going To Acapulco) - песна на Боб Дилан и групата „Бенд“ (The Band) од 1975 година.[44]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Enciclopedia de los Municipios de México Estado de Guerrero Acapulco de Juárez“ (шпански). Mexico: INAFED. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ 2,0 2,1 „History of API Acapulco“. Acapulco, Guerrero: Administracion Portuaria Integral. Архивирано од изворникот на 2009-04-18.
- ↑ 3,0 3,1 „INEGI Census 2005“ (шпански). Архивирано од изворникот 2010-01-18. Посетено на 2010-01-10.
- ↑ 4,0 4,1 „History for Acapulco“. Niles' Guides. Архивирано од изворникот 2010-01-13. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ Juarez, Alfonso (December 30, 2009). „Trusting in saving the tourist season“. Reforma (шпански). Mexico City. стр. 12.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 „Introduction to Acapulco“. Frommer's Guides. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Oliver, Mike; Rita Oliver. „The sunniest Acapulco“. MexConnect. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ Robelo, Cecelio A. (1912). Diccionario de Aztequismos. Mexico: Imp. del Museo N. de Arquelogía, Historia y Etnología. стр. 43–44.
- ↑ „Cultura yope - Wikipedia, la enciclopedia libre“ (шпански). Es.wikipedia.org. 2013-05-29. Посетено на 2013-06-04.
- ↑ „Portal de Acapulco – Acapulco y su Arquitectura“. Архивирано од изворникот на 2008-09-05. Посетено на 2013-12-29.
- ↑ Teddy Stauffer: Der Swingkönig im Paradies – STOCKPRESS.de | STOCKPRESS.de
- ↑ „Historia de la Arquidiócesis“ (шпански). Acapulco, Guerrero: Archdiocese of Acapulco. Архивирано од изворникот 2010-01-06. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ Lacey, Marc (June 8, 2009). „Acapulco, Long Dotted With Tourists, Is Now Home to Drug War“. New York Timnes. New York, NY. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ „Mexico: Guerrero narco-violence breaks grisly record | World War 4 Report“. Архивирано од изворникот на 2010-06-18. Посетено на 2013-12-29.
- ↑ „Mexico violence: Headless bodies found in Acapulco“. BBC News. January 8, 2011.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеwashingtonpost.com
. - ↑ „Mexico Seeks Culprits in Rape of 6 Spaniards“. Архивирано од изворникот 2013-02-09. Посетено на 2013-02-09.
- ↑ „Regions“. Enciclopedia de Los Municipios y Delegaciones de México Estado de Guerrero (шпански). Mexico: INAFED Instituto para el Federalismo y el Desarrollo Municipal SEGOB Secretaría de Gobernación. 2010. Архивирано од изворникот на 2012-03-06. Посетено на April 18, 2012.
- ↑ „HolidayCheck hotel reviews Acapulco, hotel review Acapulco, travel pictures Acapulco, travel tips Acapulco from traveler to traveler - HolidayCheck“. Архивирано од изворникот на 2013-05-04. Посетено на 2013-12-29.
- ↑ „Defining metropolitan areas of Mexico 2005“ (PDF) (шпански). Mexico City: INEGI. 2005. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ Devlin, Wendy (February 16, 2007). „Walking the walk, talking the talk – cita with the shady 'lady' in Acapulco“. MexConnect. Архивирано од изворникот 2010-02-04. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ „Dealing with the Police“. Real Acapulco. January 25, 2009. Посетено на February 23, 2011.
- ↑ „corrupt Mexican police story“. Lonely Planet. January 5, 2010. Посетено на February 23, 2011.
- ↑ „( Beware of Police Corruption)“. Trip Advisor. January 30, 2006. Посетено на February 23, 2011.
- ↑ „Guerrero-Tourism“. El Universal (шпански). Mexico City. Agencia el Universal. January 4, 2010. стр. 12.
- ↑ Juarez, Alfonso (December 30, 2009). „Combating wandering vendors in Acapulco“. Reforma (шпански). Mexico City. стр. 12.
- ↑ Juarez, Alfonso (December 28, 2009). „Seeking to clean the bottom of the sea in Guerrero“. Reforma (шпански). Mexico City. стр. 8.
- ↑ „Nightlife“. Frommer's Guides. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ 29,0 29,1 „Day of the Virgin of Guadalupe Cliff Diving“. Frommer's Guides. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ 30,0 30,1 30,2 „Attractions“. Frommer's Guides. Архивирано од изворникот 2010-01-04. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ 31,0 31,1 Quintanar Hinojosa, Beatriz, уред. (2007). „Acapulco, more brilliant than ever“. Mexico Desconocido Rutas Turisticas Guerrero El destino del Mundo (шпански). Mexico City: Grupo Editorial Impresiones Aéreas. 135: 8–26. ISSN 0188-5146.
- ↑ 32,0 32,1 „Active Pursuits & Acapulco Historical Museum“. Frommer's Guides. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ „San Diego Fort & Acapulco Historical Museum“. Frommer's Guides. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ Oliver, Mike; Rita Oliver (January 1, 2001). „Dynamic women of Acapulco“. MexConnect. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ „Acapulco French Festival“. Frommer's Guides. Посетено на January 10, 2010.
- ↑ „SPRING BREAK IN MEXICO – "Know Before You Go!"“. United States State Department. Архивирано од изворникот на 2008-06-25. Посетено на January 11, 2010.
- ↑ Leinwand, Donna (January 5, 2003). „Alcohol-soaked spring break lures students abroad“. USA TODAY. Посетено на January 11, 2010.
- ↑ Weissert, Will (March 7, 2005). „Acapulco heat for spring-break“. MSNBC. Посетено на January 11, 2010.
- ↑ „Spring Break lower because of crisis, not violence“. El Universal (шпански). Mexico City. March 12, 2009. Архивирано од изворникот на 2013-08-13. Посетено на January 11, 2010.
- ↑ Lacey, Marc (March 10, 2009). „At Spring Break in Mexico, Revelry Mixes With New Caution“. New York Times. New York, NY. Посетено на January 11, 2010.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-09-22. Посетено на 2006-09-22.
- ↑ Lacey, Marc (March 11, 2009). „At Spring Break in Mexico, Revelry Mixes With New Caution“. The New York Times. Посетено на March 30, 2010.
- ↑ „3 Mexican officers killed in Acapulco - CNN.com“. CNN. June 8, 2009. Посетено на April 23, 2010.
- ↑ YouTube, Going To Acapulco (пристапено на 25.12.2017)