Корида

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корида во Севиља
Плаца де торос де Ачо во Лима, Перу - најстарата арена за борба со бикови во Јужна Америка од 1766 година.

Корида или борба со бикови — традиционално и контроверзно шоу по кое Шпанија е особено позната, а се одржува и во Португалија, делови од јужна Франција и во некои јужноамерикански земји. Шпанскиот парламент, по петицијата потпишана од 180.000 луѓе, донел закон за забрана на популарните борби со бикови. Петицијата била покрената главно на иницијатива на застапниците за правата на животните. Законот стапил на сила во јануари 2012 година.

Борби со бикови во Шпанија[уреди | уреди извор]

Борбите со бикови биле популарни уште од Стара Грција - Хераклион

Во секој град и нешто поголемо место во Шпанија има арена и секоја недела попладне се одржуваат борба со бикови, во текот на целата година. Постојат големи и бројни фарми, каде што се одгледуваат специјални (црни) бикови за корида. Големите се за вистински и искусни тореадори, а помалите, помладите т.н новиљади служат како вежба за помладите, кои еден ден може да прераснат во тореадори. Пред да го пуштат бикот во арената, го држат заклучен во темница најмалку 24 часа, па кога наеднаш ќе излезе на виделина, го нервира црвената боја, иако не ги разликува боите, па затоа и наметките со кои им мавтаат се црвени. Пикадорите (picar = боцка) на коњи или без нив, најпрво му забиваат бодежи на бикот во грбот и вратот, за да го изнервираат на овој начин, но и да изгуби крв, што ја радува и возбудува публиката. Овие бодежи се украсени со разнобојни ленти, а главниот тореадор сè повеќе се доближува до животното со црвена наметка во раката и елегантни движења на телото, по можност без исчекор, обидувајќи се да ги избегне роговите на бикот. Играта трае извесно време, а публиката извикува: „Оле“ - го бодри тореадорот да биде што поблиску до роговите, а потоа со еден удар да му зададе смртоносен убод на животното во срцето, по што бикот паѓа. Така, тореадорот станува матадор (matar = да се убие). Ако е прав стручњак, почесто му успева од прва да зададе таков удар, а полошите многупати му бодат бодежи на кутриот бик, кој крвави и слабее, а публиката свири. Ако бил успешен, матадорот за спомен добива уво од бикот или и двете, кои веднаш му ги отсекуваат, што е посебен трофеј, кој знае да и го подари на својата девојка, а бикот го носат во кланица.

Коридата како мотив во уметноста[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 221.