Градот за првпат бил откриен во 1926 година и воздушно фотографиран во 1930. Делот од градот кој се наоѓа длабоко во џунглата не бил многу истражен сè додека Јан Грахам во 1962 не ја направел првата карта на наоѓалиштето. Во 1978 година започнало детално истражување на наоѓалиштето под раководство на д-р Брус Дахлин и д-р Реј Метни.