Стела Д, северна страна, од Киригва, го претставува кралот К`ак Тилив Чан Јопаат[1]
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Средна Америка" does not exist
Киригва бил стар мајански град, денес археолошко наоѓалиште во Гватемала. Наоѓалиштето е на површина од околу 3 квадратни килоемтри (1,2 квадратни милји) блиску до реката Мотагва,[2] со централен церемонијален дел што се наоѓа на околу еден километар од северниот брег.[3] Во текот на класичниот мајански период (AD 200–900), Киригва бил сместен на крстосницата меѓу неколку важни трговски патишта. Просторот бил заземен во 200 година, изградбата на акрополата започнала околу 550 година, а најголемиот дел од изградбата се одвивал во текот на 8 век. Киригва има слична архитектура и стил на скулптурите какви се наоѓаат градот од класичниот период, кој се наоѓа блиску Копан, и со чија историја е тесно поврзан.[4]